Пити, буреци, гибаници, лезници..

Лошто е што не знам да сукам, ама пак зелникот е убав:)
Инаку, знам дека зелник со праз на огниште, во фурна е царски...Ама и вака се снаоѓам:)
БАНИЦА БАНИЦА Е СО ПРАЗ А НЕ ЗЕЛНИК АМАН
 
Абе каквко месо какво сирење, зелник се праи со афионско семе и на средина праз пржен со свежа лута пиперка внатре...е тоа да видиш убаини...
 
Абеее Буцио бе ке го сањам вечер , кај ти текна.
Иначе го сакам со праз-јајца-урда(мислам дека така беше :) ) и јогурт у комбинација
 
Еве ви испробан рецепт . :)

Потребни состојки:

- 1 кгр. Брашно
- 300 гр. Сирење
- 300 гр. Урда
- шеќер
- 4 јајца
- 1 свеж квасец
- сол
- вода
- зејтин



Во поголем длабок сад се става 500 мл. вода, се додава и 100 мл. зејтин. Додавате и малку шеќер и сол. Потоа во садот се додава една четвртинка свеж квасец и 2 јајца.
Со рака ја мешате смесата, а потоа во садот го додавате брашно додека добиете средно тврдо тесто.
Со рака го замесувате тестото и го месите додека почне да се одлепува од садот. Потоа тестото го префрлате на набрашнета маса. Со двете раце убаво го месите тестото додека стане мазно. Потоа тестото го развлекувате во долга форма и од него сечете 4 дела. Од секое парче тесто правите по една топка и на набрашнетата работна маса со сукалка ги расукувате кори. Расуканите кори ги оставате да стојат на еден чаршав ( проверете да не ви мириса на омекнувач, знае да се зезне:) ).

Во еден поголем длабок сад ја ставате урдата, 2 јајца и сирењето . Со вилушка изедначете го филот за да нема грутки од сирењето и јајцата да ги соидините состојките. Земате една од расуканите кори и ја ставате на чаршаф на работната маса. Со раце ја развлекувате кората од сите страни во големина на работната маса. Ја попрскувате кората со зејтин и ја филувате со подготвениот фил. Со помош на чаршафот кората од двете стрни ја виткате во ролати кои се соединуваат на средината (краевите може да ги скинете за да не добиете точки на крај кои се без фил)

На крај во тава за печење и ја намрснувате со зејтин. Претходно свитканиот ролат го виткате во круг и го ставате во средината на тавата. Истата постапка ја повторувате и со останатите кори. Питата одозгора ја попрскувате со зејтин и тавата ја ставате да се пече во веќе стоплена релна .

Не печете на температура која е повисока од 200 степени и кога ќе добие румена боја, може да го извадите. На крај попрскајте со сосема малку вода и покријте го зелникот ( питата или како милувате) со чиста крпа да одстои 15 минути.

Пријатно јадење. :)
 
сестро дур не засукаш ракавите не замесиш тесто,исукаш и истегнеш 5 кори па направиш витки ти не праиш зелник туку со готови кори баклава со праз праиш,и ги лажеш домашните дека јадат зелник :)
Иначе до останативе шо броеа овде сега чичо да ви каже зелник Е : ако има најмалце пет кори, средиштето е наполнето со кисела зелка, спањак или првенствено зеље,е тоа е ЗЕЛНИК другово се се негови вариации и копилиња,баници мазници итн итн
154657879_371df21068.jpg

Е вака нешо изгледа зелникот

:vozbud::vozbud: лелелеееее најубава слика на форумот храна, многу сакам зелник! инаку гледам во Специјал го продаваат многу е вкусен!
 
Леле обожавам...баба нема од поодамна направено, арно ме потсетивте сеа ќе и речам :)
 
Брзи погачици :)

Потребни состојки:
- 4 чаши(200 мл) брашно
- 1,5 пакетче прашок за пециво
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 160 гр. рендан маргарин
- 200 мл. млеко
- 200 гр. рендано сирење

за премачкување:
- 1 јајце
- сусам

Подготовка:
Истурете го брашното во поголем сад и ставете го пецивото и останатите состојки. Бидете брзи да не се стопи маргаринот. Прво смесата мешајте ја со лажица, а потоа со рака.
Набрашнете ја работната површина и со сукало развлечете кора од смесата со дебелина од 1 цм. Со округло калапче вадете погачици од кората и редете ги во тава обложена со хартија за печење. Секоја погачица намачкајте ја со изматено јајце и ставете сусам.
Печете 15 - 20 мин. во загреана рерна на 220°C.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom