Пилешки специјалитети

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
ПОЛНЕТО ПИЛЕ

-1 пиле
-1 главица кромид
-црн пипер
-сол
-магданос
-1 филџан ориз

Испечете го пилето и посолете го. Утробата ситно исецкајте ја и ставете ја во тенџере каде што претходно е запржен кромидот. Пропржете ја добро, а потоа додајте го оризот, црниот пипер, магданосот и посолете го по вкус. Пропржете уште малку и наполнете го пилето. Ставете го во рерна да се пече на 150 степени околу час и половина.
 
Cista desetka od mene za receptive. Alal da Vi e.
 
Деновиве се ме тера на правење на вакви мали закуски што совршено се вклопуваат со пиво, еве ви еден лесен рецепт, како да ја направите вечерта со пријателите многу попријатна и повкусна без многу напор..
ПИЛЕШКИ ПРСТИ

Состојки


  • 0,5 кг пилешки гради исечени во стапчиња
  • 3 лажици мед
  • 1 шоља брашно
  • 3 лажици сенф
  • 1 лажиче прашак за пециво
  • 1 јајце
  • 1 пакетче сусам
  • сол и бибер
Се прави тесто ко за палачинки со брашното, јајцето, прашакот за пециво,сусамот и вода.Во тестото се ставаат стапчињата предходно осолени и обиберени и се пржат на јак оган додека не добијат златноцрвена боја.Медот со сенфот се мешаат и се додава бибер и сол.Стапчињата се мацкаат во сосот и се многу вкусни.
Bonn appetite

files
 
Ги обожавам пилешките прсти. Тенко исецкани, мераци.
Совршени се со пиво и со сос.
Овој со мед и сенф го немам пробано, јас со нив правам сос од павлака, една или две лажички мајонез и изрендани кисели краставички.
 
mary_jane, последниве денови страшно многу проблеми ми правиш!!!
Почна со кромидот, сега пилешкиве прсти...
Па добро бе, не можам да сработам ништо од што ми течат лиги!!!
Ај, следно... рецепт за добро пиво ;)

Кристи... мед и сенф е поубав :)
 
е да се пофалам вчера правев пилешки прсти, со лиснати кифлички, пецурки со кашкавал, бело винцееее и сладолед за десерт.
мммммммм вкусноо
 
Леле обожавам пилешки прсти :vozbud:посебно кога ќе одам во "Кеј" порцијата е огромна и превкусна се прејадувам.Сега како што сум гладна како би ја изела:cry:
 
Пред да се влезе во гурманско катче треба да се има краток тест за тоа колку е членот најдаен...
гладни луѓе као мене не треба да имаат тука пристап пош веќе почнаа лиги да ми течат..
инаку сум решила да ги направам овие па ако запалам кујната мери цејн ке ја тужам
 
леле писешки прсти еј најубаво нешто закон е
 
Супер се, многу ги јадам.
Туку имаше вакви и рибини прсти, или се лажам?
да имасе рибини стапчиња ама тоа е сосема друго пилешки прсти се 100 пати по вкусни мммм
 
Мед, сенф и пилешко? Абе ај:pos:

Би ги јадела, ама со сосот на Кристи :)
 
Мед, сенф и пилешко? Абе ај:pos:

Би ги јадела, ама со сосот на Кристи :)

сосот за кој што пиша Кристи се вика Тартар сос, и не се прави баш така, а сосот со сенф и мед (иако звучи крајно невкусно) совршено се совпаѓа со пилешките прсти, пробај нема да зажалиш:smir:
 
Секогаш кога имам прилика си нарачувам 2 порции.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom