Песната над мојата

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување
Песнава/музикава е од оние што се наоѓаат на границата помеѓу монотоно и немонотоно. Почетокот не ми се свиѓа, затоа што крчи како кога мењаш радио станица на коцкасто радио/систем, што ти стои до телевизорот од времето на Југославија. Потоа следи еден монотон период кога се прашуваш зошто ја слушаш песнава, но веќе од 04:33 почнува она доброто. Од минутата која ја наведов музиката како се двиижи кон крајот, се подобра и подобра станува:)


Thom Yorke - Last Flowers


:)
 
Добар старт, добри рифови и брзо влегува во уво. А и ова јазиков шо не го разбирам му дава некој шмек (y)

Beirut - Gulag Orkestar
 
Имам огромен респект за дечкиве. Порано бев побудален по нив и стално ги слушав, сега онака, кога ќе ми текне.
Песнава е дефитинивно една од тие што биле преслушувани. :D

The Submarines - Tigers
 
Почетокот од песната не ми се свиѓа, затоа што е премногу мистериозно музичето, но понатаму е целосно Ок:)


Milica Pavlovic - La Fiesta


:)
 
Никакви емоции не ми предизвикува песнава, освен рамнодушност.
Извини Боб, ама само до втора минута ја преслушав.

Венко и Џафер - Лага и измама

https://youtu.be/NNHpuel-aak
 
Последно уредено од модератор:
Интересно, фаќа уво ритамот со тоа саксофонот, но во глобала не сум многу фасциниран, не ми е баш по мерка. Убав завршеток, иначе.

Barclay James Harvest - Mocking Bird
 
Oдлична. Не ја знаев. Уште кога почнав очекував класика во тој стил. Особено рефренот, доста певлив кој останува в ум.

Détroit - Droit dans le soleil (Live)
 
Некако ми доаѓа превише монотона, можеби е и резултат на моментално расположение. :D
Онака ми е океј песна, не е нешто што би слушал.

Add it up - Violent Femmes
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom