Песната над мојата

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување
До 00:20 е убава музиката, после не ми се свиѓа. Има некои убави моменти и после 00:20, но воглавно музиката/песната не е ништо посебно. Гласот е чиста депресија:D


Симона Попоска - Сеедно е


:)
 
Не знам во кој дел од играта оди ова, ама веројатно може сегде да се вклопи. Звучи ем напнато, ем мелодично. Приметив дека најубавото кај пијаното ми е она постепено менување темпо помеѓу различните фрази. Ова како спротивност на механичкото свирење во бенд или оркестар.

Tenacious D - Double Team
 
Интересен состав ми се овие, дуово од филмов. Толку мелодична музика прават што на моменти посакува човек да земат и озбилна музика да прават, а не само дупачлаците за филмот. Одлично песниче.

The Sound - Longest Days (HQ)
 
Моја омилена од RHCP. Добра мелодија и добар текст. Една од песните што ги слушам кога се чувствувам down или осамено.

Beck - Loser
 
Story of my life. :D

Бек е цар, тука нема дискусија, ама овие раните песни му се скини-врзи, сечи-лепи, па тресни се од ѕидот на амбарот. Во едно интервју велеше како пред да се прослави бил само уште едно момче со гитара, па за се одвои од толпата почнал да измислува стихови ад хок, за да привлече внимание. "In time of chimpanzees I was a monkey..." what the crap?! :confused: Но, очигледно му успеало. И фала Богу што му успеало. :D

Fighting Windmills - Музеј на легенди и лаги
 
Суперска е, макар шо поинтересни ми се оние во кои пее цурата и машкото. Не знам дали уште им тропа една тапанарка така одлепена, ама интересни беа за гледање во живо, во Апореа, два пати сум ги сретнал :D

Alan Stivell - Son Ar Chistr
 
Не сакам бре јас пак да коментирам, оти го знам овој многу убаво, нека го чуе некој друг, ама ај...
Инаку Бретонецов ми е цар, на келтска харфа свири човекот, истата онаа што стои на грбот на Ирска. Песнава е стара бретонска народна, ама му е генијално уредена во некој рок-кантри стил со бенџо и усна хармоника. Се` што сакам на едно место.
Мелодијата е лесно певлива и крајно заразна и е пренесена во повеќе земји низ Европа. Среќа не се сите како Бугарите да коментираат сегде „това е една много хубава б’лгарска песен“. :D Има најмалку стотина верзии и преработки, но најмила ми е онаа најблиската до оригиналот. Како убедливо најлоша би ја одбрал оваа. :D

Project Orpheus - When The Moon
 
Музика за моите уши. Мислим дека ги имаше ( или некој од бендот ) на тв пред некое време, уопште не обратив внимание, ама сега убоо ја слушнав музикава што ја создале.
Песнава ми е таква за размрдување, некоја летна жичка има и тоа виолинчето што се провлекува убаво им е вметнато.
Ќе слушнам и нешто друго ај гес... Им стиснав лајк на фејсбук :X3:

Smashing Pumpkins - Bleed
https://youtu.be/-RXRHmIFB_c
 
Леле каква е Скарлет на спотов :love: Инаку една од подобрите песни. Возлива, кулирачка, не сложена, но доволно моќна со едноставноста.

Tragedy - The Day After
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom