Албум е. Не е песна. Гајле ми е.
Го доживуваме како една целина у која можеме да мечтаеме за работи за кои невино мислиме дека туку така не чекаат у животот. Дека сигурно ќе ни се случат, зацртано ни е, готово. Ја имаме таа навика додека лежиме, под ќебе, испотени, иако надвор нормална температура, али ја ја троа зимурлив, па го пуштаме и се забораваме. Ретко примеќам коа завршува.
Не можам да слушам ни две секунди од овој албум, а да не помислам на неа.

, добивам некое неверојатно чувство на моќ и занес од совршената инструменталка.

Има многу вакви мали случки кои ми останале во сеќавање и будат носталгија, моменти со татко ми и нашата скромна музичка колекција со купој екс ју, нешто класичен рок, поп чуда од осумдесеттите па се до почетоците на новиот милениум кога им пукаше играта и актуелни станаа баш гуските.