RickyLFC9
Модератор
- Член од
- 28 март 2012
- Мислења
- 19.565
- Поени од реакции
- 41.148
Вака дечки, имаме триста теми за споделување песни, али ко што гледам ваква немаме. Целта е следна:
Секој од нас си има песна, песна која го потсеќа на нешто. Значи не зборам за тоа „леле колку е јака песнава“, туку песна која буквално има суштинско значење во животот. Еве да дадам примери:
- Сте биле на одмор на плажа некаде, сте се запознале со нови луѓе со кои сте се дружеле, и со нив сте имале заедничка песна која редовно сте ја пуштале.
- Со вашата прва (втора, трета или четврта) љубов сте ја имале „нашата песна“ која само ви го стимулирало љубовното чувство. Денес веќе не сте заедно, можеби немате ни чувства повеќе за таа личност, но кога ќе ја слушнете таа песна, едно мало делче од тоа чувство ви се враќа.
- Дошло до крај на врската со вашата љубов, па оваа песна ви помогнала да ја преболите.
- Првпат сте имале секс на песнава.
- На оваа песна првпат сте се предозирале од алкохол.
- Имате пријател со кој ја „делите“ песнава, двајцата се пронаоѓате во неа, и кога ќе ви ја пуштат вие сте тие кои први рипаат и ја пеат, додека сите други пеат со вас, но вие сте во тој центар и сте среќни што ја имате таа личност за пријател, па преку песната сфаќате дека со таа личност сте поминале низ се.
- Не ми текнуваат повеќе причини, но гарант ги има уште милион.
И секогаш кога ќе ги слушнете овие песни, се враќа вашето чувство од тој момент, таа случка или тој настан, едноставно се враќате во времето, како повторно да ги доживувате тие моменти. Би сакал да ги споделите овие песни, но ќе ве замолам, НЕ оставајте само линк од песната, задолжително да дадете образложение зошто ви е значајна таа песна! Запомнете, важен е значајниот момент или чувството.
Јас ќе почнам прв, секако, пошто секад го кршам мразот.
Не зачудува ова за човек како мене дека баш ваква песна ме гаѓа, али еве ја причината. Да, оваа беше „нашата песна“, на мене и една девојка, девојката од која го добив првиот бакнеж во животот уште во средно. Пошто тоа беше период кај што се пиеше, неколку пати се погоди кога бевме во кафана да ни ја пуштат, и веќе знаевме дека чим дојде оваа песна на ред, треба да се гушнеме, бакнеме и да бидеме заедно. Се сеќавам на нејзината насмевка кога ќе дојдеше рефренот и двајцате ќе викневме „отвори ми своја вратааааа!“. Искуството со неа е веќе длабоко заглавено во минатото (или да речам, историјата, хехехе) и веројатно никогаш нема да се врати (и покрај тоа што историјата се повторува, хехехе), веќе сме на многу разделечени патишта кои никогаш нема да се спојат, но кога ја слушам оваа песна, секогаш се сеќавам на моментот кога за првпат зачекорив во тие води, и секогаш се враќа тоа мало делче кое ми ги активира спомените, но најважно од се, чувството, љубов, носталгија, безгрижност и среќа во едно.
Повелете