Перверзно зачувана Zastava 1300 во Битола!

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
јас продадов во шведска спачек тип топ спремен-реставриран комплетно за 5.100 евра... не мој, јас си кркнав мрсна провизија од 1.500 комада... во контејнер беше однесен спачекот. сега договарам втора трансакција за ами 8. кој сака сега нека каже дека неможе... може, ама треба да имаш некој кој ке ти заврши работа. а со огласување во пазар 3 или огласник М со такви баснословни цени, може да се сликаат дека ке продадат... поготово што некои кршови пред распаѓање им набиле цени со само 10-15% помали од перверзно зачуваните или комплетно реставрираните фабрички модели. за разлика од тие кршеви, фолци има уникатен примерок кој е зачуван во одлична состојба и може да се продаде истиот за добра сума на пари. не е крш, не е удиран, не е ремонтиран, мала километража, а тоа што не е возен на плин ништо не менува... сепак. реално 3-4 илјади е врвот, ако успее да најде некој швабо, швеѓо, италијано или нешто таков тип, колкеционерски расположен...
 
IMG_0111.jpg


Datsun (Nissan) Cedric Custom 30 од 1960 година.
 
има еден ваков се пордава у комшии до мене 200 евра ке го даде... ама... има рбаота во него... ама па и господска вожња, го возев и пружа задоволство...

едина маана.. верувале или не има дури 7 КАРДАНСКИ ГУМИ.. оние со по 6 штрафа што се... една да се подскине тресе како неарна... а пак, му пашат од лада... од штраф до лежиште исти се...
 
Мене баш ми прави филм што е различна решетката напред заедно со жмигавците :) Да не е некоја мутација ова? :)) Инаку коска направен
 
Иста ваква имаш во комшии? :nesvest:

сега го видов прашањево..

ххахаха... да иста ваква имам во комшии... ама како модел, а не како зачуваност... како зачуваност, можам да ти кажам дека ке треба едно 5 месеци работа за да дојде во иста состојба како онаа погоре датсунот од сликата...

дали знаеш дека ова чудо има точно 7 КАРДАНСКИ ГУМИ???? од оние со по 6 штрафа што се... а има и точно 5 крстачи? каков погоне тоа еј... каков погон.. на карданот има 3 крстачи и 3 кардански гуми, па на секоја полуосовина по 2 кардански гуми и по еден крстач.... КАКОВ ПОГОН Е ТОА ЕЈ!!!!:vozbud:

--- надополнето ---

Уште еден битолчанец :)

65731_120311474701392_100001676213442_144112_2059402_n.jpg

ја ебал работата со жмигавците... ај тоа со решетката проага ама жмигавците... не требало да ги мења оригиналните, кога веке ја средил целосно...
 
Oва е 1300 од Застава до 1967 година произведен.
Прво што приметив е дека на шофершајбните фалат лајсните. Раткапите се исфарбани со онаа демек хром боја ваљда...исто и розетните на фаровите (барем така ми изгледа, инаку 45 евра на ибеј). Раткапите на Пазар3 некој за 1500 ден. ги продаваше.
Лимариски солидно изработен. Лајсните на прагот се фатени со поп-нитни, значи фалат носачите (ибеј-20 евра комплет).
Не би било проблем еден бандаш да се најде, оној назад не е оригинален...се фаќаат од лада 2101, т.е. исти се...
И доаѓаме до предниот крај...
Везниот лим си е оригинален за тој модел, а жмигавците се од непознато потекло. Маската е исто негова, фали знакот...(ибеј-од 10 евра па натаму).
Тука одат проѕирни жмигавци, на некој модел на ФИАТ 1100 ги имаше, малце како заоблени горе и долу. (ибеј-50 евра).
Се на се, солиден примерок.
Со мала инвестиција ќе биде совршен.
 
Јас сакам да најдам раткапни оргинал за Fiat 1100R таа од дедоми, му ги испокрадоа сите.. исто и ретровизор :( и уште многу други ствари кои ги има на ebay. Уште да најдам начин да ги порачам и ќе му поклонам за роденден на дедоми пумпа за бензин и цилиндар за кочниците :) Ама во план ми е да му купам еден стоеден и тој да ми го даде фиатчето да си почнам со средување ко што сакам... Да не забегувам многу да останеме на темава како што кажа Струмикс со мала инвестиција овај тристаќ ќе биде коска.
 
Малце офтопик:
Димитар, на 1100 како на дедо ти, раткапите се исти како на ФИАТ 124, Лада 2101 (жигула) или Лада 2103 (Специал 1600).
Разликата меѓу Фиатовите и ладините е во тоа што на фиатовите има на средината напишано ФИАТ а кај Ладата е празно тоа место. А бандашите се исти со наведените возила и со 1300/1500.
А, да...сега приметив...на 1300 од сликиве да се потрудел лимарот малце да ги заштител федер платната...грозно изгледаат вака испрскани со боја...
 
Да да знам ги имам приметено.. ама пуст мерак сакам се да му е оргинално. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom