Оригиналниот Luxe волан е оној кај Волкси, и на сликите постирани од него.
За разлика од Luxe, стандардните 1300/1500 го имаат оној како вдлабнат, со Знакот на Застава ( стилизирано Z со F на него, демек Застава - Фиат).
Luxe ја носи целата внатрешност на ФИАТ 1500 C, па така и воланот. Стандард ја има внатрешноста на 1500 С, освен воланот кој е од серијата 1300/1500, пред редизајнот, и нема теписон на подот и багажникот, туку има гумени простирки, исто така 1300/1500 пред 1965 година.

Кога сме кај воланите на Ладите... Жигулите (2101 модел) го имаат воланот од ФИАТ 124, од којшто и потекнуваат.
Оние стилизираните како на сликите од Специал, Нива... тоа е воланот на ФИАТ 125.
Последните серии на Застава 1300/1500, кои се веќе целосно југословенизирани, и кои по многу ситници се разликуваат од оригиналот од кој се настанати, го носат истиот тој волан, ама баш ФИАТ 125, т.е. без оние руските додавки по него...
Всушност, сите Лади до Самара, Застави...ФСО (125 П, 125 ПЗ, Полонез), се е тоа ФИАТ...дали 1300/1500, 124, 125, 128, 127, 600...тоа е тоа
