Перење мозоци

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Ме интересира дали писхологијата или некоја слична наука, има дефинизија за тоа што е, што претставува „перењето мозоци“, и што мислите вие за ова нешто?
 
Тешко дека постои сериозно научно истражување или теза со наслов "Перење мозоци" :)

Има манипулација, има формирање на јавното мислење итд. Али вадење флеки од мозок, тешко:pipi:

Дај прво ти разјасни ни поконкретно на што мислиш, па ќе си напраиме муабет:)
 
Затоа го пишав во наводници...

Со разјаснувањето ќе почнам од ова:
Кога некој ќе ти рече: „тебе некој ти го испрал мозокот“...
 
Затоа го пишав во наводници...

Со разјаснувањето ќе почнам од ова:
Кога некој ќе ти рече: „тебе некој ти го испрал мозокот“...
"Супер тема" - погоди зошто е во наводници.

Ако ти било за дискусија околу перењето мозоци зошто си ги ставил во наводници како непостоечка и со тоа сам се негираш, која ти е смисла на темата сега.
 
"Супер тема" - погоди зошто е во наводници.

Ако ти било за дискусија околу перењето мозоци зошто си ги ставил во наводници како непостоечка и со тоа сам се негираш, која ти е смисла на темата сега.
Хмм..требаше само перењето да го ставам во наводници.
Со наводниците сакав да кажам дека не мислам на она перење, одстранување флеки и слично...

Смислата на темата ми беше: „што сакал да каже авторот“ кога рекол дека на накому му е испран мозокот..постојат и други смисли, кои можеби подоцна ќе ги пишам, прво да го разјасниме ова.
 
Затоа го пишав во наводници...

Со разјаснувањето ќе почнам од ова:
Кога некој ќе ти рече: „тебе некој ти го испрал мозокот“...
Ок, ок...Само не ми се нервирај:crybaby:

Значи кога некој ќе ти рече дека ти е испран мозокот, веројатно алудира на тоа дека си под нечие суптилно влијание, преку кое конкретната особа/група ги контролира твоите постапки, ставови, итд.
Ти ја видоизменува реалноста преку разни манипулации и на тој начин успева да те контролира...And so on,and so on.
Сеа, call me stupid, али пак не гледам кон што циљаш со темава.

едит: Ако пак темава се претвори во сеирење и напаѓање на Ag0rA, има одма да лета у канта. :nesum:
 
Не бе, тамам работа да се нервирам:pos2: .

И самата пиша веројатно, што значи дека постојат уште неколку опции.
Целта на темава ми беше да разгледаме што повеќе можни веројатни опции за тоа што претставува перењето мозоци, и како да се „заштитеме“ од него...и.т.н.....
 
Ок:)
Онда ќе почекаме да се изјаснат и други форумџии, па или ќе ја споиме со слични теми на оваа(кои ги има и тука и во општи муабети подфорумот) или ќе ја оставиме да егзистира самостојно, во зависност од насоката која ќе ја поприми:pipi:
 
Ај да и дадеме насока.
Перењето мозоци е техника која се употребуба за држење на поединечни и поголем број на субјекти под контрола т.е прикажување на искривена вистина без можност да ја спознаат самата вистина.
За оваа "техника" има дури и книга напишана од скиентистичката црква и истите го користат тој метод во врбувањето (читај перење мозоци) на своите нови поклоници.
 
Ок, ок...Само не ми се нервирај:crybaby:

Значи кога некој ќе ти рече дека ти е испран мозокот, веројатно алудира на тоа дека си под нечие суптилно влијание, преку кое конкретната особа/група ги контролира твоите постапки, ставови, итд.
Ти ја видоизменува реалноста преку разни манипулации и на тој начин успева да те контролира...And so on,and so on.
Сеа, call me stupid, али пак не гледам кон што циљаш со темава.

едит: Ако пак темава се претвори во сеирење и напаѓање на Ag0rA, има одма да лета у канта. :nesum:

eeeeeeeeeeee........ме разочара ...:nesum::pos2:

Он топик :

Слушнав за една бегана теорија , поврзана со перењето и контролирањето мозоци .Епа вака :

Наводно флуорот кој го користат за прочистување на водата , делува на мозокот на човекот т.е на еден негов дел и го тера човекот да биде лесно искористен , да биде мирен и најважно , да биде понизен .
Е сега оваа терорија влече корени од Втора Светска војна , коа Хитлер ги тестирал евреите и им ставал флуор во водата ( нешто така беше ) . Е сега оние кои ја пиеле таа вода со флуор , полесно биле контролирани отколку оние кои не ја пиеле . Тие што ја консумирале биле помирни , полесно манипулирани , дури кога ги носеле во гасните комори , за разлика од оние кои не ја консумирале , тие правеле повеќе проблеми на Швабите .

Е сега у денешно време , пак се појави ова . наместо да се користи озонирање на водата кое е чиста и сигурна метода , се користи хлорирање, се користат CL i F .И наводно , за оние кои веруваат во conspiracy theory , велат дека во сегашно време се користи истиот принцип .

Колку е смешна оваа теорија , се постојаните војни и нереди ...

Има и уште една друга , поврзана со Црвениот Крст ( а оваа е научна фантастика ) :

Наводно кога даруваме крв , кога ни ја ставаат иглата , во нас пуштаат раствор во кој има микрочипови ( нано-роботи ) и кои се програмирани да се вгнездат во еден предел од мозокот , кој е одговорен за потчинување , и го стимулираат , и не само тоа , туку можат да го контролираат човекот со пуштање на одредени сигнали и пулсови до кортексот и на тој наши да му наредуват на личноста што тие сакаат , тој да направи , го прават еден вид на технолошко зомби .

Имам уште еден тон вакви смешни теории , и не верувам во ниедна , едноставно ми се интересни , според нив се гледа имагинацијата и паранојата кај човекот .

Инаку донекаде и е можна контрола на мозокот , се правени експерименти со глувци , на кои со помош на радио бранови може да им се нареди во која насока на одат , по желба на оној кој ги контролира .

А за перење мозоци има повеќе начини :

Можете мирно , пр. религијата , сектите , со пропаганда итн..

или со физички и хемиски процеси , кои дирекно делуваат на меморијата на човекот и на негови дејства . Од хемиските не знам кои се користат , а од физичките знам дека се електрични шокови и радиобранови .

п.с Една забелешка до авторот , требало да пишеш на какво перење збориш , дали она секојдневното , у друштво , кога се лаже друга личност или она поинтересното т.е conspiracy theory .
Опиши поопширно на почетокот на темата .
 
Јас под поимот "перење мозок" подразбирам менување на нечие мислење, што е народски наречено "перење мозок" и многу мразам луѓе што "перат" мозок. :icon_mrgr
 
Јас под поимот "перење мозок" подразбирам менување на нечие мислење, што е народски наречено "перење мозок" и многу мразам луѓе што "перат" мозок. :icon_mrgr
Перењето мозок е многу поширок поим од менување на мислење на двајца соговорници кои седат на маса.
Како што спомнаа погоре,има повеке видови на перење мозок.
Ама мислам дека авторот го интересираше она глобалното.
Епа тоа се случува,тоа е факт кој ни се појавува пред нашите очи секојдневно,само сме премногу слепи за да го видиме.Во суштина,затоа и е наречено "перење мозок",поточно,управување со мислењата,идеите и изборите на лугето,без тие воопшто да го забележа тоа.Кажаа кои се начините,нема да ги повторувам.
Само да кажам за conspiracy теориите.
Иако е точно дека има многу од нив кои се смешни,параноинчни и луди,сепак,треба да се земат во обзир барем мал дел од нив,кој е поддржан со факти,и за кој се знае дека не е измислен од некоја будала шо нема што да прави дома.
 
Манипулации

Еден пост на 4I4 во темата БЕЛИ ЛАГИ ми даде повод да отворам ваква тема.
Дали манипулирате со луѓето? Што мислите за манипулациите,дали се позитивни или негативни?Чекам ваш коментар па подоцна ке изнесам мое мислење.Повелете
 
Како може манипулација да биде позитивна?

Освен ако не се работи за доброто на човештвото, спасување на северниот пол или прехранување на Африка, па да мора да испопрелажеш (или политички коретно кажано да изманипулираш некого) за тоа да успее.

ама политички коректен збор најдов... тешко мене
 
Дефинирај манипулации...
 
Back
На врв Bottom