Penny Dreadful

  • Креатор на темата Креатор на темата Drain
  • Време на започнување Време на започнување
Пак ли ликна недела порано...нели требаше почетокот на мај да биде премиерата.
Да да, не знам што ме надупи на кат да проверам шуркав нешто низ торенти ко гледам прва епизода.
 
Ништо посебно, онака ок епизода ко за почеток. Има нови ликови и нови суштества кои на крај се појавуваат. Интересни се, онака језиви, останува да видиме шо ќе прават низ сезонава.
 
Првава епизода од 3 сезона е доволно добра. Задоволен сум. Веќе сум пишал дека 19 век е совршен период за сместување приказни од ваков тип. Да видиме како оваа приказна ќе се развива натаму.
И сега ќе треба да чекам ...
 
Леле четвртава едвај ја догледав у пм. Прекрасна глума на Ева Грин, ама не можев да додржам дејствие во една соба. Дали до моментов не ми се погоди сакав нешто подинамично, ама како и да е, една од епизодите кои со душа сум чекал да заврши побрзо.
 
Една од најдобри епизоди воопшто на ТВ.
Сезонава е :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Забележлива е репетитивност и извесен замор во 3 сезона. Имаме, како и во 1 во 2 сезона, една епизода која е посветена на одреден дел од минатото на онаа што ја глуми Грин. Имаме нови негативци кои колку и да се различни (а не се премногу) се во суштина исти со оние немртвите од првиот сезона. Приказната е разбиена со тоа што ликовите се растурени, а не се сите ликови и нивните авантури подеднакво интересни. А не се ни премногу ликовите. Не дека нешто премногу се бунам, ама квалитетот за нијанса ми е опаднат.
 
Разочарувачки крај, многу. Самата си е крива, ја креваа три сезони, градеа ликови за на крај на пола од нив да не им дадат крај и финиш. Многу лошо.
 
Разочарувачки крај, многу. Самата си е крива, ја креваа три сезони, градеа ликови за на крај на пола од нив да не им дадат крај и финиш. Многу лошо.

Го зезнаа финалето. Со две-три епизоди плус се ќе си дојдеше на место и крајот ќе беше поприфатлив. Пребрзо согоре серијалот, изнапикаа и вампири и врколаци, демони и вештерки и модерни чудовишта во помалку од 30 епизоди. Хајд испадна безначаен епизодист, Дракула ич не беше впечатлив (а демек позафркнат и пожилав од ѓаволот) и се изгуби без трага на крајот, а и другите ликови ги осакатија на некој начин. Има и други приказни и ликови (можеби не толку познати, па затоа и поинтересни) кои хронолошки, просторно и жанровски соодветствуваа со приказната која ќе беше и побогата и подолго ќе траеше.
Како и да е, севкупно серијата не ми беше лоша и штета што заврши толку брзо и на таков начин.
 
Ами Дориан Греј бе....Хајд беше епизодист, овој цел серијал го тераше без поента никаква на крај? Па и Лили до некаде...колку само недефинирано завршија работиве, боље да испоумреа сите, овака ептен дебилно излезе ова.
А добра ми беше сезонава, посебно претпоследнава епизода многу ми се свиѓаше, ама зезнаа на крај многу работи, за 3 сезони премногу чудовишта и поезија имаше низ серијалов, премалку епизоди беа за се тоа така да го обработат.

Макар што не би ме чудело за некое време да има вест дека ќе има некој спиноф со Хајд..или новава женска што ја претставија, whatever her name was.
 
Дури и да има спиноф, Ванеса беше централната фигура околу која се вртеше безмалку се'. Другите ликови главно претставуваа зачин. Некои беа повитални и поинтересни, некои досадни но ниту еден нема потенцијал да истера серија која би била слична на квалитетот на оваа. Далтон е потрошен како лик. Волкот е веќе видена работа, Франкештајн со се компанија испорачаа што требаше, а и Греј исто. Им фалеше само добар финиш. Во епизода или две.
Од друга страна... Малку да поработеа на сценариото веројатно ќе имаше уште сезона или две со добар квалитет (Хајд остана со прстот в уста, Џек Мевосек го одминаа, можеше од некаде да се појави и Шерлок (јасно, во еден поинаков контекст), можеа да искористат нешто од Лавкрафт (од тоа и цела сезона ќе излезеше), Махен, па дури и нешто од Стивенсон. Понатаму, нели тоа малото педерче тргна за Египет, па можеше таму да се замери со некоја мумија или со некое гадно египетско божество (а ги има многу). 19 век душа дал вакви приказни, совршен крстопат меѓу науката и суеверието, на која тие и се разминуваат, и се испреплетуваат, се мешаат.
 
Serijata se opisuva so:

Dobar zaplet
Dobra gluma
Tapa ili nepostoecki kraj

a tolku mnogu potencijal, steta.
 
Од Хајд ништо невидовме,очекував повеке од него уште од првата епизода кога го представија..Ванеса, неочекував ваков завршеток за неа.Изгледа толку од серијата.Штета можеше многу подобро да заврши.
 
Da, samo tri sezoni.[DOUBLEPOST=1479755635][/DOUBLEPOST]Da, samo tri sezoni.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom