Penny Dreadful

  • Креатор на темата Креатор на темата Drain
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
http://www.imdb.com/title/tt2628232/
MV5BMTY3Mjk2MzExN15BMl5BanBnXkFtZTgwMDc1NjE2MTE@._V1_SX214_AL_.jpg

Како што гледам не е отворена тема за серијава, а откако ја изгледав првата епизода мора да ја спомнам овде на форумов.

На кратко:

Станува збор за драма/хорор/трилер серија која се одвива во викторијанскиот Лондон, односно Лондон во 19-иот век, кога прераснува во најголем светски центар. Самиот жанр на серијата дообјаснет со периодот во кој се одвива може да ни најави мрачна атмосфера, што и всушност се случува.

Е сега околу ликовите. Кој друг ако не најстрашните најпознати ликови од литературата, доктор Виктор Франкенштајн и неговото чудовиште, Дориан Греј и неговата слика, и секако најверојатно главната фаца во серијата, Дракула (како и неколку други, досега овие се спомнуваат). Ставете ги овие фрикови во голем град, со мрачна атмосфера, многу крв, мини срцеви напади и психопати, ја добивате Пени Дредфул.

Кастингот го сочинуваат, Тимоти Далтон како сер Малколм, Ева Грин како Ванеса Ајвс, Џош Хартнет како Итан Чендлер, досега лик што ми остави највеќе впечаток е доктор Франкенштајн глумен од Хари Тредавеј (?), и неколку други, досега овие се спомнуваат.

Она што ми фати око кај серијата е тоа што глумата е ептен добра, сите се на ниво и ги нема оние чизи елементи како што ги имаше во Дракула (оној со Џонатан Рис Мејерс) или American Horror Story, кој ги има гледано ќе знае за што зборувам откако ќе ја погледне првата епизода. Се осеќа квалитетот на серијава споредена со нив, барем од она што можев да го фатам од првата епизода.

Натаму незнам како ќе се одвива приказната ама мислам дека станува збор за квалитетно дело, така да доколку можете, особено љубителите на вакви серии, пробајте ја, нема да зажалите. Очекувам фидбек подолу од импресиите за серијата.

П.С.
Прва тема за серија на форумов од мене, така да бидете понежни :pipi:
 
Излезена е прва епизода?

Оти јас мислев некаде мај дека ќе излези.........ми ја има фатено око и ја чекам бидејќи ми недостасува вакво нешто во гледањево :)
 
11ти мај е прва епизода. Значи не си ја гледал. Лажеш курво!:cautious:
Иначе и јас ја очекувам серијава со нетрпение, ќе гази, осеќам.
 
Излезена е прва епизода?

Оти јас мислев некаде мај дека ќе излези.........ми ја има фатено око и ја чекам бидејќи ми недостасува вакво нешто во гледањево :)
Да излезена е, само што квалитет на снимката е дискутабилен. Најдобро да си почекаш за солидна снимка со превод на англиски пошто англичаните и нивниот акцент :eek:.
 
Сега прогуглав, ја има на уба снимка ито :confused:

Нз како ми пролетала досега.
 
Доколку сакате линкови за онлајн гледање пишете ми во инбокс, ќе ви пратам. Снимката е ок, се гледа што се случува меѓутоа не е квалитетна.
 
Зашто мене на episodecalendar ми покажуе 11ти Мај, хм?
God damn it.
:mad:
 
До сеа немам гледано серија со оваков сјебан жанр, дефинитвно ќе и дадам шанса.
 
Јас колку шо знам на 11ти мај е премиерата...ова ваљда епизодава е leached (како да го преведе човек чудово кај нас...), секаде пишува дека на 11ти мај е премиера.
 
Официјално на 11ти мај, неофицијално уште од вчера. Пиратеријата е интересна работа, додуша ваљда куќата ја пуштила пред време да собере гледачи и да ја рекламира.
 
11ти мај премиера, ништо пред тоа. Лаже овој.
Има торент итоа уба верзија, го симнав јас, вечер ќе ја гледам. Има и превод енглески за истата :)

Последниот коментар од Drain веројатно кажува се како што треба.
 
Јас ја гледав вчера primewire.ag е сајтот, ако не ви пречат попапс додеак да старта филмот. Кристална снимка бтв.
 
Back
На врв Bottom