А ние бидејќи не сме про Руски настроени се наоѓаме мнооогу високо, што ќе речиш летаме по облаци... ДА, ама со паметот...
И кога се збори за ЕВРА секаде е исто... Не збориме за ДИНАР или ДЕНАР, туку за ЕВРО... А платата ПРОСЕЧНА во Србија е 400-450 Е В Р А... А кај нас 250 Е В Р А...!!! Јасно ти е сега или пак да ти објасувам...???
Не е точно дека во Србија минмална плата е 450 евра, туку минималната плата во Србија е помеѓу 250-300 евра знам комшиата ми кажуваше како е во Србија долги години беше таму и на крај пред неколку месеци се врати во Македонија.
ЕВО НЕШТО ЗА СРБИЈА
Банкрот и се заканува на Србија
Србија треба да стори се за да ја одржи девизната ликвидност, бидејќи во спротивно и се заканува сценариото од 1980 година, кога државата банкротираше.
Ова го тврди економскиот експерт Стојан Стаменковиќ, кој е член на советничкиот тим на српскиот премиер Мирко Цветковиќ.
Реномираниот весник „Политика“ денеска како ударна вест го објавува предупредувањето на Стаменковиќ, според кого Србија мора да склучи аранжман со ММФ, да го задржи ланскиот износ на „крос бордер“ кредити, да ги револвира краткорочните заеми и да ги убеди банките да не ја намалуваат кредитната активност.
„Дури и да успееме во сето тоа, неминовно ќе биде намалувањето на вкупната јавна потрошувачка“, смета Стаменковиќ, додавајќи дека наместо тоа ќе се пристапи кон зголемување на буџетскиот дефицит од 1,75 на три отсто.
Тој ја повика владата во најбрз можен рок да излезе со разумна економска политика за совладување на кризата и рецесијата, во која намалувањето на јавната потрошувачка и штедењето би биле на прво место.
Во спротивно инфлацијата и девизниот курс ќе си го сторат своето, смета Стаменковиќ, кој прогнозира дека инфлацијата во 2009 година ќе изнесува околу 15 отсто, а курсот на еврото би можел да расте и со побрзо темпо.
Тој ја поздрави одлуката за одобрување на субвенционирани кредити за граѓаните и фирмите, но смета дека таа мерка е недоволна, со оглед на лошите статистички показатели за првите два месеци, според кои Србија бележи пад на индустриското производство и големо намалување во надворешната размена.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=105537
ДЕЛИЈА НЕ ГИ ЛАЖИ ЛУГЕТО,ТРЕСКАШ ТОЛКУ ГОЛЕМИ ГЛУПОСТИ И ЛАГИ ДУРИ НИ СЕДУМ ГОДИШНО ДЕТЕ НЕМА ДА ТИ ВЕРУВА
