Корекција: Русија ги доби овие три работи од Македонија, а Македонија за возврат од Русија доби два непријатела. Србија и Бугарија.
Русија значи: природен гас, челик, ураниум, оружје. Толку.
Трн, Македонија - голема словенска држава на Балканот можеше да биде руски проект, но нашата поделеност не остави таму каде сме.
Русите бараа силна словенска држава на Балканот и преку неа да излезат на топлите мориња. Пробаа со санстефанска Бугарија.
Ние бевме растурени од колежи на Турците, од пропаганди на соседите, од меѓусебни војувања итн ...
Наместо денеска да сме најбојниот народ на Балканот ние останавме уште некој милион кој е во изумирање.
Русија во критичниот дел од историјата по Македонија е водена од англиската кралска фамилија и бидејќи и Грците имаа иста кралска фамилија преку роднински врски тие успееа да ја добиат Беломорска Македонија на тацна.
Русија во голема мера е криза и самата на себе.
Таа со милиони животи ја плати војната на западните држави но и импутираната идеологија на комунизмот кој не е руска творба, туку добро организирана хајка против рускиот народ, инсталирана во критични моменти по Русија.
Над 10 милиони жртви за време на комунизмот.
Но ако збориме за иднината.
Политички слепа нација која е опструирана дека има само еден излез е осудена на умирање.
Ние имаме огромен потенцијал со нешто да ја врзиме Русија за Македонија.
- Василиј Македонецот се ородил со руските кралски фамилии.
- Охридската архепископија била главниот организатор на подигање на московската црква во патријаршија.
- Македонци крстареле низ Русија во ширењето на православната вера.
- Руски кралски фамилии биле крунисувани во Охрид.
- Кирилицата
- Обичаите
- Соларните симболи
- Мислам дека и во антиката ќе се најдеме, зошто и Русија се буди од германската теза за Словените.
итн итн...
Значи толку многу допирни точки да направиш од една земја пријател и на тоа да плукнеш е политичко самоубиство.
Зарем ти мислиш дека Македонија може да ја победи Грција во служењето на ЕУ и НАТО.
Никогаш.
Се додека НАТО и ЕУ се силни ние нема бел ден да видиме и кога се работи на уцените на нашето малцинство и кога се работи за Грција.