И јас го имам истиот проблем уште од раѓање.. На почетокот беше помалку изразено, но со текот на годините се повеќе.. Имам 23 години и сега е до таа мера што премногу се приметува дури понекогаш и преку облека. На почетокот беше само вдлабнатина, а во текот на пубертетот ми се појави и асиметрија на градите, односно едната е поголема од другата видливо. Само тие што го имаат овој проблем знаат колкав е пред се психичкиот проблем. Кога бев помлад се носев со тоа, но сега повеќе не одам на плажи и базени особено кога ќе приметиш како сите се загледуваат во тебе со чудење и зборуваат со шепотење, бидејќи невозможно е да не бидеш приметен. Сум се обидел со све апсолутно и нема корист. Уште операција ми преостанува. Најпрво мислев сум премногу слаб и ако се здебелам малку ќе го прикријам деформитетот. Почнав да одам во теретана и ја сменив скроз исхраната на природна основа со високо протеинска и пред се здрава храна за да не добијам масно ткиво. И да за 3 месеци од 54 кг се поправив на 68 кг. Продолжив со вежбање еве веќе 9 месеци непрекинато. Килажата ја задржав тука некаде (сега имам 70 кг ) Добив поголемо тело, поразвиени раце, грб, рамења, но градите сеуште се проблем. Навидум има некое подобрување но минимално. Колку што се развива едната града толку и другата со исто темпо, а асиметријата останува (едната поголема од другата). Исто и кај вдлабнатината речиси нема промена. Можеби сеуште сум на почеток и ќе ми треба повеќе труд. Незнам можеби за 2 до 3 години ќе биде подобро


.. Ако имам живци. И така ништо не губам, ако ништо друго сега барем преку облека изгледам доста подобро и посекси

Така да ако имате храброст правите операција, ако не барајте алтернативи како мене..