PayPal (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
Значи без разлика што на мојот пејпал акаунт кажува дека имам 0,00 еуро/долари, сепак коклу што имам на трансакционата во реалноста толку имам и на акаунтот нели?
Не, тие пари ти се на трансакционата, пејпал само повлекува од тие. Доколку некој ти прати пари на пејпал е тогаш имаш на пејпал акаунтот пари и нема да ти биде 0.00
 
Значи без разлика што на мојот пејпал акаунт кажува дека имам 0,00 еуро/долари, сепак коклу што имам на трансакционата во реалноста толку имам и на акаунтот нели?
Убаво ти објасни staycalm, е сега кога ќе ти прати некој, пробај дали можиш да ги извадиш и кажи ми, да знам дали да напрам и јас така. Ако треба ке му кажам на брат ти нека ти прати 1 долар па да испробаме
 
Пејпал зема 2 евра кога префрлаш пари од пејпал на кредитна :D
 
На 10 август побарав исплата преку paypal на мојата visa картичка во тутунска, paypal акаунтот ми е словенечки. Денес сите пари ми се вратени на paypal сметката, а во опис на трансакција пишува OC Scheme Reject Corrections. Дали некој има информација зошто е ова вака?
 
Прочитај некоклу поста наназад, не функционира повеќе повлекување пари од пп во македонија.
 
Неможе повеќе да се повлекуваат пари од пејпал преку словенечки или слични на нив акаунти(бугарија, кипар, грција, итн.) во ниту една македонска банка.
 
Последно уредено:
Значи без разлика што на мојот пејпал акаунт кажува дека имам 0,00 еуро/долари, сепак коклу што имам на трансакционата во реалноста толку имам и на акаунтот нели?
да[DOUBLEPOST=1408508826][/DOUBLEPOST]
Неможе повеќе да се повлекуваат пари од пејпал преку словенечки или слични на нив акаунти(бугарија, кипар, грција, итн.) во ниту една македонска банка.
Еднаш ми ги вратија повлечените пари назад на пејпал, ги повлекоб по втор пат ако пак ми ги вратат има некој проблем, ќе пишам тука што ќе биде.
 
Пуу ама се идиоти ова банките
Многу повеќе е до нашиве фашистички власти, отколку до банкиве доколку има забрана и во тој дел. Не можат да разберат дека од веќе измолзена крава (т.н нашиов народ) може да добијат само клоца по глава, а не повеќе млеко :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Прочитав на официјалниот пејпал форум дека потполно истиот проблем се случувал со фински, норвешки и други акаунти низ годините назад (2011,2012,2013), ова не се случува првпат, тогаш се работело за тхенички проблем, да се надеваме и сега дека се работи за истото.
 
да[DOUBLEPOST=1408508826][/DOUBLEPOST]
Еднаш ми ги вратија повлечените пари назад на пејпал, ги повлекоб по втор пат ако пак ми ги вратат има некој проблем, ќе пишам тука што ќе биде.
Има луѓе што три пати им ги враќале. Има такви кои на третиот пат и верификација им побарале, па сега парите им стојат блокирани на пејпал.
 
Многу повеќе е до нашиве фашистички власти, отколку до банкиве доколку има забрана и во тој дел. Не можат да разберат дека од веќе измолзена крава (т.н нашиов народ) може да добијат само клоца по глава, а не повеќе млеко :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:

Прочитав на официјалниот пејпал форум дека потполно истиот проблем се случувал со фински, норвешки и други акаунти низ годините назад (2011,2012,2013), ова не се случува првпат, тогаш се работело за тхенички проблем, да се надеваме и сега дека се работи за истото.

Можеби во Норвешка, Финска и други држави проблемот бил од техничка природа, но во Македонија дефинитивно не е, бидејќи официјално преку македонскиот PayPal може само да се испраќаат пари, односно може само да се купуваат услуги и производи, но не и да се примаат пари, односно да се продаваат услуги и производи.

Сега кога PayPal повторно ги нуди своите услуги во Македонија, без разлика дали ќе се логирате со словенечки или било кој друг PayPal account, се додека картичката е од Македонија, PayPal ќе ја одбие истата, бидејќи знае дека картичката е од Македонија.

Технички ова не е во ред, бидејќи ако да речеме, живеете/студирате/работите во странство или сте заминале на одмор во странство, сосема во ред е да можете да примате пари преку тамошниот PayPal на истата картичка од Македонија, а не да морате да вадите картичка од банка во странската држава во која се наоѓате само за да можете да примате пари.

Но за жал така функционираат работите, а нашинците не се заинтересирани за олеснување на околностите, бидејќи знаат дека ако дозволат македонските граѓани да примаат пари преку PayPal, тогаш многумина ќе примаат пари за извршени услуги или за продадени производи, а државата нема да го собере кајмакот како што го прави тоа со банкарските трансакции.
 
Ни со старите акаунти неможе да се повлекува?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom