@noxiousdesign
@seriouslyfunny
Чисти дезинформации на темава кои може само да ви наштетат.
Најдобро ви е воопшто да не пробувате да поврзувате, бидејќи може да го изгубите и тоа што го имате. Мој пријател проба да поврзе, после неколку дена му го банираа акаунтот.
Претпоставувам дека не сакате и вие да бидете банирани и после да не можете и македонски PayPal да отворите!?
Почекајте, кога веќе ни овозможија PayPal, би требало за брзо време да ни овозможат и Withdraw опција.
Покрај тоа што сигурно ќе ве банираат, само прашање на време е кога, вие ризикувате и да си направите "досие" во PayPal и да не можете во иднина да отворите акаунт со истите лични податоци.
И како бонус, може и со Payoneer да си направите проблем, бидејќи го користите за нелегални намени. Повлекување пари од PayPal кај нас не е дозволено, нелегално е, тоа би требало досега да ви е јасно.
Има милион опции за повлекување пари од интернет, не е само PayPal. Ако ви е само за купување, имате македонски.
Пожелно е тие што веќе пробале да додадат сметки на PayPal, да ги тргнат, додека PayPal не ве открил.