Прочитав на официјалниот пејпал форум дека потполно истиот проблем се случувал со фински, норвешки и други акаунти низ годините назад (2011,2012,2013), ова не се случува првпат, тогаш се работело за тхенички проблем, да се надеваме и сега дека се работи за истото.
Можеби во Норвешка, Финска и други држави проблемот бил од техничка природа, но во Македонија дефинитивно не е, бидејќи официјално преку македонскиот PayPal може само да се испраќаат пари, односно може само да се купуваат услуги и производи, но не и да се примаат пари, односно да се продаваат услуги и производи.
Сега кога PayPal повторно ги нуди своите услуги во Македонија, без разлика дали ќе се логирате со словенечки или било кој друг PayPal account, се додека картичката е од Македонија, PayPal ќе ја одбие истата, бидејќи знае дека картичката е од Македонија.
Технички ова не е во ред, бидејќи ако да речеме, живеете/студирате/работите во странство или сте заминале на одмор во странство, сосема во ред е да можете да примате пари преку тамошниот PayPal на истата картичка од Македонија, а не да морате да вадите картичка од банка во странската држава во која се наоѓате само за да можете да примате пари.
Но за жал така функционираат работите, а нашинците не се заинтересирани за олеснување на околностите, бидејќи знаат дека ако дозволат македонските граѓани да примаат пари преку PayPal, тогаш многумина ќе примаат пари за извршени услуги или за продадени производи, а државата нема да го собере кајмакот како што го прави тоа со банкарските трансакции.