Малце сум не искусен али се надевам некој ќе ми помогне
Сакам да извадам пејпал картичка ама врска немам ни што да направам ни ништо сака некој да ми објасни во неколку црти што да направам знам дека треба да имам прво некаква картичка од стопанска тутунска и др. места ...
Не постои PayPal картичка, барем не во Македонија. Постои во САД и во некои други држави, каде што одредени ланци на супермаркети или трговски брендови како Волмарт, во соработка со PayPal, издаваат PayPal картички.
По сличен принцип, Amazon издава Amazon картички.
Тоа што ти е потребно на тебе за да можеш да купуваш преку Интернет и за да можеш да го користиш македонскиот PayPal, е кредитна или дебитна картичка од било која македонска банка, се додека картичката е Visa, MasterCard или American Express.
Картичката НЕ СМЕЕ да биде Maestro, бидејќи македонскиот PayPal не ги поддржува овие картички, а и малку од нив доаѓаат со CVV2 или CVC код, кој е задолжително потребен за купување преку Интернет, како и за плаќање преку PayPal, а и тие Maestro картички кои доаѓаат со CVV2 или CVC код, сепак не можат да се користат за плаќање преку македонскиот PayPal, а и ретко може да се користат за купување преку Интернет, бидејќи многу малку веб сајтови дозволуваат плаќање преку Интернет со Maestro картичка.
Доколку си невработен, тогаш немаш право на кредитен лимит и поради тоа нема да можеш да аплицираш за кредитна картичка.
Решение за сите кои сакаат да купуваат преку Интернет и преку македонскиот PayPal, без разлика дали се вработени или невработени, е да извадат Visa Electron дебитна картичка од било која македонска банка, или уште подобро, MasterCard дебитна картичка или Visa Classic дебитна картичка. Иако спомнав било која македонска банка, слушам дека Стопанска Банка не е добар избор, па затоа не би ја препорачал.
Охридска Банка до неодамна издаваше MasterCard дебитни картички за невработените, но поради преминување кон нова безбедносна технологија која бара картичките да имаат безбедносен чип, Охридска Банка престана да издава MasterCard дебитни картички за невработените и ги замени со Visa Classic дебитни картички кои доаѓаат со безбедносен чип. Охридска Банка најверојатно ќе почне повторно да издава MasterCard дебитни картички за невработените откако и тие картички ќе ги заштити со безбедносни чипови, а до тогаш, Visa Classic дебитните картички од Охридска Банка се задоволително решение за купување преку Интернет и за плаќање преку македонскиот PayPal.
Visa Electron дебитните картички од НЛБ Тутунска Банка исто така се задоволително решение за купување преку Интернет и за плаќање преку македонскиот PayPal.