некој да ми каже решение со проблемов со пејпал.
Не прифаќа дебитна картичка Maestro од НЛБ.
Ми рекоја да си извадам нова картичка Visa или Master, ама не сум во Скопје за да го направам тоа (централна банка ми е во Скопје)
Друго некое чаре? Барем привремено?
Maestro дебитните картички не можат да се користат за купување преку Интернет, барем не преку македонскиот PayPal, а не можат да се користат ниту преку словенечкиот PayPal.
Според тоа што го знам, доколку одредена Maestro дебитна картичка доаѓа со CVV2 код или со CVC код на задната страна на картичката - веднаш до полето за рачен потпис - тогаш може да се користи за купување преку Интернет, но само на оние веб сајтови кои тоа го дозволуваат, а мнозинството веб сајтови во светот не дозволуваат плаќање со Maestro картички.
Знам дека британскиот PayPal прифаќа Maestro дебитни картички, но немој многу да се надеваш, можно е да не ти ја прифати картичката бидејќи не си од Велика Британија.
Најдобро е да поднесеш барање за Visa Electron дебитна картичка во НЛБ Тутунска Банка, или за Visa Classic дебитна картичка во Охридска Банка, откако претходно ќе отвориш трансакциска сметка во таа банка, се разбира.
Не е важно во која банка го поднесуваш барањето, важно е да го поднесеш, по можност во филијала на НЛБ Тутунска Банка во Скопје, бидејќи ако го поднесеш барањето во филијала надвор од Скопје, тогаш ќе мораш од таму да подигнеш нова картичка откако за 3 години ќе ти истече старата. Многу од корисниците во Скопје има(в)ме проблеми со НЛБ Тутунска Банка, бидејќи во повеќето филијали на банката одбиваа(т) да издадат Visa Electron дебитни картички, поради што мора(в)ме да поднесуваме барање за Visa Electron дебитна картичка во филијалата на НЛБ Тутунска Банка во ГТЦ Скопје, од каде што за 1 или 2 недели подоцна се подигнува картичката. Можеби во меѓувреме е решен проблемот, па може да се поднесе барање за Visa Electron дебитна картичка во било која филијала на НЛБ Тутунска Банка - не знам - можеби.
Има сигурен начин да извадиш Visa Electron дебитна картичка во било која филијала на НЛБ Тутунска Банка, а тоа е преку аплицирање за Макси Клик - тоа е поскапата опција на НЛБ Клик за електронско банкарство преку НЛБ Тутунска Банка.
Со Макси Клик можеш и да проверуваш состојба на сметка и да вршиш безготовински трансакции преку Интернет, односно да праќаш пари од твоја трансакциска сметка кон други трансакциски сметки преку Интернет, со употреба на токен, така што за токенот ќе мораш еднократно да платиш 750 денари. Поентата е во тоа што - за да токенот ти даде еднократна шифра за логирање на НЛБ Клик преку Макси Клик пакетот - задолжително е потребна Visa Electron дебитна картичка која мора да се стави во читачот на картички во токенот и мора да се внесе PIN кодот од картичката за да токенот даде еднократна шифра за логирање. Со други зборови кажано, ако аплицираш за Макси Клик, во било која филијала на НЛБ Тутунска Банка, ќе мораат да ти дадат формулар да пополниш за издавање на Visa Electron дебитна картичка, нема да можат да те одбијат, бидејќи таа картичка е задолжителен услов за користење на Макси Клик.