Имам отворено пејпал акаунт преку Македонија. Акаунтот ми е нов. Вчера нарачав и некои работи преку ибеј. Гледам на акаунтов пишува get verified. Акаунтот не ми е верифициран. Дали тоа преттавува пролем, иако гледам дека нарачките од ибај ми одзема пари. Морам ли да говерифицирам акаунтот, дали нарачките и без тоа ќе стигнат?
Вообичаено PayPal бара верификување на корисници кои можат и да праќаат и да примаат пари, но македонскиот PayPal дозволува само праќање пари. Јас не сум слушнал досега на некого да му бараат верификување на корисничката сметка.
Логично е PayPal да ти бара верификување на картичката, а за тоа треба да го внесеш серискиот број од трансакцијата, кој ќе го најдеш во извештајот за трансакцијата од банката чии што услуги ги користиш.
Но досега не сум слушнал на некого да му бара верификување на корисничка сметка на македонскиот PayPal.
Закачи слика за подетално да видиме со каков проблем се соочуваш.
Инаку, да, со оглед на фактот дека веќе си платил за конкретниот производ, логично е истиот да ти биде испорачан и доставен, во спротивно треба да ти ги вратат парите.