PayPal (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
да ве прашам имам направено пајпал акаунт преку македонија,.. е сега вака направив ваква картичка како на сликата и неможам да ја верификувам, може не треба ваква или ? нешто друго има финта, и дали потоа ке можам да примам пари на картичка или само да пазарувам со нив не ми е малку јасно ова ...
 
Attachments

  • 2014-11-18 18.56.00.jpg
    2014-11-18 18.56.00.jpg
    1 MB · Прегледи: 54
да ве прашам имам направено пајпал акаунт преку македонија,.. е сега вака направив ваква картичка како на сликата и неможам да ја верификувам, може не треба ваква или ? нешто друго има финта, и дали потоа ке можам да примам пари на картичка или само да пазарувам со нив не ми е малку јасно ова ...

Маестро картичките не се баш најдобар избор за пејпал. Некогаш работат некогаш не. Требало Виза или МастерКард да извадиш. А дали ги заврши сите чекори за верифицирање како што треба?
 
да ве прашам имам направено пајпал акаунт преку македонија,.. е сега вака направив ваква картичка како на сликата и неможам да ја верификувам, може не треба ваква или ? нешто друго има финта, и дали потоа ке можам да примам пари на картичка или само да пазарувам со нив не ми е малку јасно ова ...
Ти се гледаат сите бројки море папак.....избриши тоа сликата :facepalm:
 
да ве прашам имам направено пајпал акаунт преку македонија,.. е сега вака направив ваква картичка како на сликата и неможам да ја верификувам, може не треба ваква или ? нешто друго има финта, и дали потоа ке можам да примам пари на картичка или само да пазарувам со нив не ми е малку јасно ова ...

Македонскиот PayPal засега не поддржува Maestro дебитни картички.

А и општо низ цел свет Maestro не се користи за купување преку Интернет.

Треба да одиш во НЛБ Тутунска Банка и да им побараш да ти издадат Visa Electron дебитна картичка.

Доколку ти излезат со приказна дека повеќе не издаваат Visa Electron дебитни картички, поднеси барање за Макси Клик пакет, за кој ќе треба да платиш 750 денари за електронскиот токен што ќе ти го дадат на користење, а кој мора да работи со Visa Electron дебитна картичка, што значи дека ќе мораат да ти дадат да пополниш и барање за издавање на Visa Electron дебитна картичка.

Другата - полесната и бесплатната варијанта, е да отидеш до експозитурата на НЛБ Тутунска Банка во ГТЦ спроти кеј на Вардар и таму да поднесеш барање за Visa Electron дебитна картичка.

И врати им ја Maestro картичката и поднеси барање за откажување на истата за да не ти ја обноват за 2 или 3 години од сега.
 
да ги завршив и еве што ми пишува

Card Number: You have entered an invalid or partial credit or debit card number. Please check your entry and try again.

во полето за картичка одбирам мастер , е сега оваа маестро каква е ?[DOUBLEPOST=1416338538][/DOUBLEPOST]ахам јас кога отидов и им викам ми треба за да користам пајпал картичка и демек ваква можело ме заебаа
 
Немој да мислиш дека во банката се запознаени нешто многу со пејпал :)
 
и сега уште да ми кажете без да внесам картичка на пајпалот ке можам ли да го користам еве за да ми стигнат пари некако (малце ми нелогично овоа- прочитав некаде) се работи за ситни пари од страни за заработка
 
И да ја внесеш пак нема да може да ти стигнат а не па да не ја внесеш.
 
Знам дека ако внесиш картичка, не можеш пејпелот да го користиш да ти стигаат пари, а ова интересно, пробај без да внесиш картичка, можда ке можеш така да примаш пари, кој знае - никој на форумот не го пробал ова, пробај па ке ни кажеш и ние така да примаме :facepalm:
Еее генијална идеја
 
да ги завршив и еве што ми пишува

Card Number: You have entered an invalid or partial credit or debit card number. Please check your entry and try again.

во полето за картичка одбирам мастер , е сега оваа маестро каква е ?

ахам јас кога отидов и им викам ми треба за да користам пајпал картичка и демек ваква можело ме заебаа

Ти го кажале тоа за да те баталат, бидејќи и самите не се свесни како функционира купувањето преку Интернет.

Maestro е дебитна картичка која не се користи за купување преку Интернет.

Последниве неколку години, НЛБ Тутунска Банка и некои други банки почнаа да издаваат Maestro дебитни картички со CVC код со кој може да се купува преку Интернет, но тоа не менува ништо, бидејќи над 80% од сите веб сајтови во светот не дозволуваат плаќање со Maestro, а конкретно македонскиот PayPal не работи со Maestro картички, така да, таа Maestro дебитна картичка е тотално бескорисна за купување преку Интернет.

и сега уште да ми кажете без да внесам картичка на пајпалот ке можам ли да го користам еве за да ми стигнат пари некако (малце ми нелогично овоа- прочитав некаде) се работи за ситни пари од страни за заработка

Мораш да внесеш и да верификуваш картичка за да можеш да купуваш, односно да праќаш пари, и за да можеш да продаваш, односно да примаш пари.

Но дури и да внесеш валидна Visa Electron дебитна картичка или валидна MasterCard кредитна картичка, сепак на македонскиот PayPal ќе можеш само да праќаш пари со картичката, односно да купуваш.

Нема да можеш да продаваш, односно да примаш пари, бидејќи македонскиот PayPal засега не го поддржува тоа.
 
Реков ја стики да го стават ова што декстер26 го објаснува :facepalm:
 
Dexter26 ти благодарам за информацииве, ми помогна , гледам тука некои членови се само за денгубење и сезнајковци се родени ;)
 
Dexter26 ти благодарам за информацииве, ми помогна , гледам тука некои членови се само за денгубење и сезнајковци се родени ;)
А ти бе неписмен незнаеш да прочиташ две реченици или те мрзи па се сакаш на готово да добиеш? Се ти пишува назад на темава и е повторено преку 1000 пати. Незнам зашто уопште и се одговара на такви како тебе...море остај ги нека повлекуваат пари на македонски пајпал...
 
извини другар прочитав и како што самиот кажа преку илјада пати има пишано и дека може и дека неможе да се примат пари, исто и дека словенските не биле активни т.е некои проблеми , следам веке подолго време и незнам зошто одма рипате да навредувате, не дојдов да тролам, ми треба точна информација тоа е тоа, ајд поздрав
 
Со царините како е во државава? До колку Долари/Евра (цена на производот) не се плаќа царина?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom