да ги завршив и еве што ми пишува
Card Number: You have entered an invalid or partial credit or debit card number. Please check your entry and try again.
во полето за картичка одбирам мастер , е сега оваа маестро каква е ?
ахам јас кога отидов и им викам ми треба за да користам пајпал картичка и демек ваква можело ме заебаа
Ти го кажале тоа за да те баталат, бидејќи и самите не се свесни како функционира купувањето преку Интернет.
Maestro е дебитна картичка која не се користи за купување преку Интернет.
Последниве неколку години, НЛБ Тутунска Банка и некои други банки почнаа да издаваат Maestro дебитни картички со CVC код со кој може да се купува преку Интернет, но тоа не менува ништо, бидејќи над 80% од сите веб сајтови во светот не дозволуваат плаќање со Maestro, а конкретно македонскиот PayPal не работи со Maestro картички, така да, таа Maestro дебитна картичка е тотално бескорисна за купување преку Интернет.
и сега уште да ми кажете без да внесам картичка на пајпалот ке можам ли да го користам еве за да ми стигнат пари некако (малце ми нелогично овоа- прочитав некаде) се работи за ситни пари од страни за заработка
Мораш да внесеш и да верификуваш картичка за да можеш да купуваш, односно да праќаш пари, и за да можеш да продаваш, односно да примаш пари.
Но дури и да внесеш валидна Visa Electron дебитна картичка или валидна MasterCard кредитна картичка, сепак на македонскиот PayPal ќе можеш само да праќаш пари со картичката, односно да купуваш.
Нема да можеш да продаваш, односно да примаш пари, бидејќи македонскиот PayPal засега не го поддржува тоа.