Kako moze da otvoram paypal smetka i preku istata da vadam pari preku nekoja nasa banka vo makedonija?
Доколку имаш странско државјанство ќе можеш преку странскиот PayPal во државата од каде што имаш странско државјанство, така што парите ќе ти пристигнуваат во тамошна странска банка, а во Македонија ќе ги подигнуваш парите од банкомат со картичка од странската банка во која ти пристигнуваат парите.
Доколку немаш странско државјанство, можеш да се регистрираш на словенечкиот PayPal и да внесеш Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Банка, така што парите ќе ти пристигнуваат на трансакциската сметка во НЛБ Банка со која е врзана Visa Electron дебитната картичка која ќе ја внесеш на твојата корисничка сметка на словенечкиот PayPal.
Но сепак останува отворена можноста словенечкиот PayPal да ја препознае картичката како македонска и да ја одбие, а во таков случај ништо од бизнисот.
Во спротивно - доколку словенечкиот PayPal ја прифати Visa Electron дебитната картичка од НЛБ Банка, ќе можеш да подигнеш максимум 1.500 или 2.000 евра годишно - не ја помнам точната граница, но како и да е`, откако ќе повлечеш 1.500 или 2.000 евра годишно, словенечкиот PayPal нема да ти дозволува понатаму да повлекуваш пари додека не им испратиш дигитална фотокопија од возачка дозвола или од лична карта преку Интернет за да им докажеш дека си словенечки државјанин.