Здраво на сите, пред една недела поднесов барање за пајонир сметка, значи напишав сметка од македонска банка со ајбан и свифт кодови, прикачив копија од пасош за да го верификувам мојот идентитет, после 3 работни дена ми стигна известување дека сметката ми е одобрена и дека можам да примам во евра преку пајонир. Кога сакав да нарачам картичка за да ми стигне на домашна адреса ми се појави известување дека треба да имам 30 $ или еквивалентно, за да можам да бидам “елигибле” за да нарачам картичка. Дали е ова некоја новина од Пајонир зашто како што читам може да се нарача со 0$ на конто. Или ова е правило за Македонски државјани што нарачуваат картичка, да мора да се има 30 $ на Пајонир сметката?