Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

  • Креатор на темата Креатор на темата ada
  • Време на започнување Време на започнување
Патриотизмот е убедување дека твојата земја е подобра од другите само поради тоа што си роден во неа (Џорџ Бернард Шо)

Нема потреба повеќе да додавам на ова...
 
Кај нас некако се наметнува патриотизмот (напувана ствар е) кај сите окулу нас баш силно патриотско чувство има освен кај нас Македонците само освести се народе може еден ден доцна ќе биде ;)
 
Уште од основно школо се прашував зошто толку ни ја трубат „Македонија“ и како тоа ние треба да ја сакаме. И ја мразев нашата наци учителка по историја, се викаше Македонка,македонски Хитлер, во женско тело. Да, дефинитивно патриотизмот е вродено чувство!
 
Патриотизмот е убедување дека твојата земја е подобра од другите само поради тоа што си роден во неа (Џорџ Бернард Шо)

Нема потреба повеќе да додавам на ова...
тоа можеби би бил национализмот , патриотизам нема врска со тоа што џорџ го кажал :)

инаку вродени се само стравот гневот тагата и среќата др ништо
 
Патриотизмот не е вродено чувство.За развивање на тоа чувство во голема мера влијае нашата свест, која пак, се развива од нормите според кои се води едно општество.Свеста не е вродено нешто и се создава запознавајќи се со нормите на општеството а патриотското чувство се стекнува во општеството во кое живееш запознавајќи се со нормите според кои се води самото општество во кое живее човекот.Развивањето на патриотско чувство не е исто што е и развивање на свеста но може да се каже дека и те како се поврзани тие две нешта или пак поедноставно: ако нема развивање на свест кај една индивидуа тогаш на ниту еден начин не е возможен и развитокот на патриотското чувство кај еден човек.
Се разбира, може и подоцна со текот на времето и самото патриотско чувство кај една индивидуа да исчезне но и да се појави.
 
Патриотизмот најверојатно се појавил со настанувањето на државите, кога луѓето морале некако да се мотивираат да прават тоа што водачите сакаат, со нешто различно од пари.

Државите се вештачки творевини. Емоционалното поврзување со нив се врши со помош на организирана пропаганда и вродената потреба да се биде дел од група (тоа што некогаш било племето).

Да постоел некој вид на патриотизам порано, немало цели народи и племиња да се преселуваат. А и човек треба да е стварно ограничен да сака само едно парче земја, а да не го сака остатокот од планетата.
 
Зошто ограничен? Тоа што човек ја сака државата каде е роден, го сака јазикот бидејќи го говори од како е роден, ги сака обичаите бидејќи ги користи и ги знае од како е роден, не значи дека човек не сака други места во светот, па и да сака да живее во некои од нив.
Нема потреба државата да наметнува патриотизам бидејќи со него ништо не добива, тоа е една обична љубов на граѓанинот кон државата. Ти не можеш да наметнеш чувство на човек.
Ако веќе наметнуваш национализам тоа е друго, тоа е идеологија и можеш со пропаганда да ја рашириш и да ги натераш луѓето да ја прифатат.
Патриотизмот не е идеологија, не е верување за преку него да може да се врши контрола и лојалност кон државата. Тоа е едно обично позитивно чувство кое го имаат луѓето према државата, нема ништо иделошко обоено во него.
 
Е како не, многу го сакам јазикот затоа што го говорам откако сум роден :)
Не заебавај, јазик ко јазик, служи да се разбереме. Има јазици што звучат и поубаво и полошо, нема ништо посебно во нашиот :)
 
Уште од основно школо се прашував зошто толку ни ја трубат „Македонија“ и како тоа ние треба да ја сакаме. И ја мразев нашата наци учителка по историја, се викаше Македонка,македонски Хитлер, во женско тело. Да, дефинитивно патриотизмот е вродено чувство!

Ви кажа професорката по историја како бил фрлан напалм врз бегалците од Граѓанската војна во Грција,ви кажа за балканските војни...за вечната желба на соседите да не докрајчат,ако ви кажала тогаш е објективна а објективноста не е наци.
 
Зошто ограничен? Тоа што човек ја сака државата каде е роден, го сака јазикот бидејќи го говори од како е роден, ги сака обичаите бидејќи ги користи и ги знае од како е роден, не значи дека човек не сака други места во светот, па и да сака да живее во некои од нив.
Нема потреба државата да наметнува патриотизам бидејќи со него ништо не добива, тоа е една обична љубов на граѓанинот кон државата. Ти не можеш да наметнеш чувство на човек.
Ако веќе наметнуваш национализам тоа е друго, тоа е идеологија и можеш со пропаганда да ја рашириш и да ги натераш луѓето да ја прифатат.
Патриотизмот не е идеологија, не е верување за преку него да може да се врши контрола и лојалност кон државата. Тоа е едно обично позитивно чувство кое го имаат луѓето према државата, нема ништо иделошко обоено во него.
Шо знам, ја патриотизмот не го сфаќам како „љубов кон државата“ туку кон земјата (планини, реки, езера, области, со сѐ луѓето). Верувам, и еден анархист е способен да си го сака родниот крај, не?

Државите се производ на идеологија, иначе.
 
Па да, родниот крај повеќето си го сакаме, ама тоа не верувам да има врска со национализам или патриотизам. Повеќе има врска со спомени и случки кои не поврзуваат за местото, можеби и затоа што кога сме растеле сме го осознавале светот преку тоа место, нашите улици, реки, езера... биле првите работи кои сме ги виделе и на нашите убавини сме им се восхитувале кога сме биле мали.

Од такви причини јас не сум емотивно поврзан со Гевгелија или Неготино, пошто во тие два града никогаш и не сум бил. Сигурно нивните жители си ги сакаат.

Исто, малку е глупаво кога ги учат децата песнички од типот: Татковино, најубава си на свет. Мислам јбт, имаме ние убави места, ама хелоууу... огромни водопади, егзотични острови, пустини, океани, стари замоци, нови облакодери... мал милион чуда има по светов а ние баш сме биле најубави.
 
Ви кажа професорката по историја како бил фрлан напалм врз бегалците од Граѓанската војна во Грција,ви кажа за балканските војни...за вечната желба на соседите да не докрајчат,ако ви кажала тогаш е објективна а објективноста не е наци.
А дали фрлањето на напалм врз бегалците не е наци? Дали оние кој го правеле тоа не се сметале за патриоти?
Ако гледаме објективно, да гледаме и на причинителите не само на последиците.
 
А дали фрлањето на напалм врз бегалците не е наци? .

Тоа не е наци туку е умноболна работа и на моменти жалам што нашиве распалени патриоти полека....стануваат како нив(грците) но шта је ту је.
 
Шо знам, ја патриотизмот не го сфаќам како „љубов кон државата“ туку кон земјата (планини, реки, езера, области, со сѐ луѓето). Верувам, и еден анархист е способен да си го сака родниот крај, не?

Државите се производ на идеологија, иначе.

Па и не би рекол баш. Земи го во предвид настанувањето на државата, природата на настанокот. Државата е настаната поради потребите од организирање на луѓето за да можат да егзистираат. Како луѓето станувале поразвиени така и државата еволуирала. Кога еволуирале политички односи меѓу луѓето, поради поголемата развиеност на свеста така и државата еволуирала. Со развивањето на политичките односи се створаат идеите за идеологија се со цел да се држи државата во едно, да се заштити. Многубоштвото кое ги држело државите во едно е идеологија која ги штитело луѓето од незнаење и страв, а благодарение на таа идеологија лидерите успевале да го држат народот во покорност и еден сигурен правен поредок. Тоа сега е нормално старомоден и нелогичен вид на идеологија. Како еволуирале луѓето, свеста, така и политичките односи и моделите на државите.
Денес иако се тврди дека демократијата не е идеологија, сепак е вид на идеологија ако го земеме во предвид колективното верување на луѓето дека е потребно демократија во државите за проперитет на општеството.
 
Уште од основно школо се прашував зошто толку ни ја трубат „Македонија“ и како тоа ние треба да ја сакаме. И ја мразев нашата наци учителка по историја, се викаше Македонка,македонски Хитлер, во женско тело. Да, дефинитивно патриотизмот е вродено чувство!

Toлку поим имаш што е терминот наци.. бог да чува и да брани од твои коментари (n)
--- надополнето: 19 февруари 2012 во 19:56 ---
Ви кажа професорката по историја како бил фрлан напалм врз бегалците од Граѓанската војна во Грција,ви кажа за балканските војни...за вечната желба на соседите да не докрајчат,ако ви кажала тогаш е објективна а објективноста не е наци.

Не верувам дека ја интересирало тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom