Вештица
love&reason
- Член од
- 2 јануари 2009
- Мислења
- 1.524
- Поени од реакции
- 856
Како и да е, околината може, но и не мора да влијае врз твоите комплекси ако си сигурна личност.
Значи, врз креирањето на комплексите влијаеш ти како индивидуа зашто пр. високото чело/брадата не знам какава/спојлери/тежина/боја на 14та трепка итн. за тебе не е убаво, за тебе има помала вредност итн.
Ако некој ти рече дека имаш пивски стомак и за таа личност тоа е слатко и убаво, ондак од каде настанал тој комплекс ако не од тебе?
Ти го анализираш тоа, после велиш дека да имаш *таква и таква карактеристика* и дека таа не чини, подоцна почнуваш да се срамиш, да ја криеш или да ја отстраниш и така тоа станува твој комплекс.
Секако дека е под влијание на околината, особено ако влече корени од минатото.
Примерот на Јуник не ми се допаѓа зашто он сепак може да направи двете девојки да ја имаат најдобрата ноќ евер, и после нему да не му се појави комплекс зашто он знае шо фраер е
Заборавив да кажам дека комплексите зависат и од времето во кое живееме, порано биле обожавани девојки со високо чело, дури и се бричеле за да го постигнат тоа.
Девојки со црвени образи исто-сега се бараат бели ко сирење.
Тежината исто секогаш е различно ценета итн.
Значи, сума сумарум, многу работи влијаат ама подсвеста најмногу.
Ај ја да прашам. По пирамидата на Маслов сликата ја себе ја правиш на база на тоа каков е односот на другите луѓе кон тебе, се дур не стигнеш до самоактуелизација, е тогаш ја правиш на база на себе си. Епа како тогаш ќе имаш комплекси кога нели кога си самоактуелизиран си врвот, ондак си просветлен итн? некако не ми иде едно со друго