Патам од комплекси

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување
Како и да е, околината може, но и не мора да влијае врз твоите комплекси ако си сигурна личност.
Значи, врз креирањето на комплексите влијаеш ти како индивидуа зашто пр. високото чело/брадата не знам какава/спојлери/тежина/боја на 14та трепка итн. за тебе не е убаво, за тебе има помала вредност итн.
Ако некој ти рече дека имаш пивски стомак и за таа личност тоа е слатко и убаво, ондак од каде настанал тој комплекс ако не од тебе?
Ти го анализираш тоа, после велиш дека да имаш *таква и таква карактеристика* и дека таа не чини, подоцна почнуваш да се срамиш, да ја криеш или да ја отстраниш и така тоа станува твој комплекс.
Секако дека е под влијание на околината, особено ако влече корени од минатото.

Примерот на Јуник не ми се допаѓа зашто он сепак може да направи двете девојки да ја имаат најдобрата ноќ евер, и после нему да не му се појави комплекс зашто он знае шо фраер е :)

Заборавив да кажам дека комплексите зависат и од времето во кое живееме, порано биле обожавани девојки со високо чело, дури и се бричеле за да го постигнат тоа.
Девојки со црвени образи исто-сега се бараат бели ко сирење.
Тежината исто секогаш е различно ценета итн.
Значи, сума сумарум, многу работи влијаат ама подсвеста најмногу.

Ај ја да прашам. По пирамидата на Маслов сликата ја себе ја правиш на база на тоа каков е односот на другите луѓе кон тебе, се дур не стигнеш до самоактуелизација, е тогаш ја правиш на база на себе си. Епа како тогаш ќе имаш комплекси кога нели кога си самоактуелизиран си врвот, ондак си просветлен итн? некако не ми иде едно со друго
 
[vladimir];3190704 напиша:
Комплексите се лечат, но не на другите, туку со работа на себе :salut:.

Ако сфатш кој момент бил пресуден за појавувањето на комплексот, односно која настан во минатото, тогаш да.
 
И да сфатиш кој е не е така лесно, не знаеш нешто кога ќе ти влезе во глава тешко се вади после, колку и да работиш пак ќе бидеш несигурен.

Еве јас имам приметено за мојот изглед, со луѓето кои се знам одпорано сум многу понесигурен одколку со новите луѓе кои ги запознавам, пред се затоа што ми будат некои стари желби сеќавања, кога ме гледаат пак како да го гледаат тоа несредено дебело детиште.
 
Ај ја да прашам. По пирамидата на Маслов сликата ја себе ја правиш на база на тоа каков е односот на другите луѓе кон тебе, се дур не стигнеш до самоактуелизација, е тогаш ја правиш на база на себе си. Епа како тогаш ќе имаш комплекси кога нели кога си самоактуелизиран си врвот, ондак си просветлен итн? некако не ми иде едно со друго

Па ако имаш голем нос без разлика дали си го достигнал врвот по маслоу пак ќе го имаш тој комплекс ако патиш од истиот :toe:
 
[vladimir];3190732 напиша:
Па ако имаш голем нос без разлика дали си го достигнал врвот по маслоу пак ќе го имаш тој комплекс ако патиш од истиот :toe:
Ако имаш голем нос и си самоактуелизиран, нема да ти биде ама ич битно каков нос имаш, зошто си се прифатил себе си и другите какви што се, не пробуваш да ги смениш. Тоа е еден од условите за самоактуелизација. Во превод си :фраер:
 
Ај ја да прашам. По пирамидата на Маслов сликата ја себе ја правиш на база на тоа каков е односот на другите луѓе кон тебе, се дур не стигнеш до самоактуелизација, е тогаш ја правиш на база на себе си. Епа како тогаш ќе имаш комплекси кога нели кога си самоактуелизиран си врвот, ондак си просветлен итн? некако не ми иде едно со друго

Според статистички податоци спроведени во Македонија, ние тука едвај сме на 3тата скала. Значи кај нас поретко луѓето ги задоволуваат потребите што се над, затоа и имаат комплекси.
Ретки се луѓето што се стремат кон самоактуализација од причини што немаат сигурност за здравјето, семејството итн.
Кај нас не се грижат за себе и за себепронаоѓање.
Во Америка пак, знаат дека имаат сигурна работа, дека државата ќе им обезбеди блаблаблабла, и затоа се стремат на повисоките скали од кои во еднта е прифаќање на себеси.
За да си просветлен треба да се прифатиш, да си прифатен од сите и сите да ги прифатиш.

Одговорив на тоа шо праша или слабо?
Мозок ме боли денес, :/

И да сфатиш кој е не е така лесно, не знаеш нешто кога ќе ти влезе во глава тешко се вади после, колку и да работиш пак ќе бидеш несигурен.

Еве јас имам приметено за мојот изглед, со луѓето кои се знам одпорано сум многу понесигурен одколку со новите луѓе кои ги запознавам, пред се затоа што ми будат некои стари желби сеќавања, кога ме гледаат пак како да го гледаат тоа несредено дебело детиште.

Кај тебе имало момент кога некој ти рекол- дебел си и тоа е грдо, не те сакам.
Не буквално вака, ама сфаќаш.
Не е работата да го извадиш тоа од глава, туку да сфатиш шо придонело до тоа, да сфатиш колку е безначајно сега, да го прифатиш и да продужиш.

Ај утре ќе ви реплицирам ако има потреба, сеа ми треба сон.
 
Ја иам комплекс дека неам комплекс -.-
Зар је могуче?
 
Магде во право си за тоа, ама мене друго ми беше поентата и не го оспорував ова што го пиша сега.

Пирамидата на Маслов се коси со дефиницијата за комплекси што ја даде, како што ја ја сфаќам. Зошто ти викаш дека комплекси може да си ги направи сам човекот, а за да си ги направи сам значи треба сам да прави слика за себе. А како може да прави слика за себе кога не е самоуактуелизиран, а пак ако е самоуактуелизиран нема да има комплекси итн нема логика.

Значи по логика на пирамидата на Маслов комплексите ти ги наметнува околината, а не ти.
 
Ако имаш голем нос и си самоактуелизиран, нема да ти биде ама ич битно каков нос имаш, зошто си се прифатил себе си и другите какви што се, не пробуваш да ги смениш. Тоа е еден од условите за самоактуелизација. Во превод си :фраер:

Ако вака го поставиме проблемот тогаш веке не збориме за комплекси туку за нечие мислење. Немора да значи дека ако си самоактуелизиран немаш комплекси.
 
Магде во право си за тоа, ама мене друго ми беше поентата и не го оспорував ова што го пиша сега.

Пирамидата на Маслов се коси со дефиницијата за комплекси што ја даде, како што ја ја сфаќам. Зошто ти викаш дека комплекси може да си ги направи сам човекот, а за да си ги направи сам значи треба сам да прави слика за себе. А како може да прави слика за себе кога не е самоуактуелизиран, а пак ако е самоуактуелизиран нема да има комплекси итн нема логика.

Значи по логика на пирамидата на Маслов комплексите ти ги наметнува околината, а не ти.

Слика за себе правиш ти под влијание на другите.
Не можеш да направиш споредба ако немаш со што/кој.

Крадењето е лошо.
Јас крадам.
Јас сум лош.

Да имаш голем нос е грдо.
Јас имам голем нос.
Јас сум грда.

Ако не влијае околината и ако не ти „каже“ што е голем/мал нос, што е убаво/грдо, ондак нема да можеш да ја градиш сликата за себе зашто нема да имаш база врз што.
 
Кај тебе имало момент кога некој ти рекол- дебел си и тоа е грдо, не те сакам.
Не буквално вака, ама сфаќаш.
Не е работата да го извадиш тоа од глава, туку да сфатиш шо придонело до тоа, да сфатиш колку е безначајно сега, да го прифатиш и да продужиш.

Ај утре ќе ви реплицирам ако има потреба, сеа ми треба сон.

Имало и тоа со тие зборови и тоа од личност која многу ми значела, тука си во право.
 
Слика за себе правиш ти под влијание на другите.
Не можеш да направиш споредба ако немаш со што/кој.

Крадењето е лошо.
Јас крадам.
Јас сум лош.

Да имаш голем нос е грдо.
Јас имам голем нос.
Јас сум грда.

Ако не влијае околината и ако не ти „каже“ што е голем/мал нос, што е убаво/грдо, ондак нема да можеш да ја градиш сликата за себе зашто нема да имаш база врз што.

Тоа пали само кај оние кој дозволуваат околината да им се наметне како комплексен проблем...
Околината може да те нарече ...лилјак, значи ли дека си лилјак....:toe: не оди тоа така....
Познавам луге, кој не се воопшто дебели а патат од комплекс, дека се дебели или им бил дебел некој дел од телото.
а познавам и луге кој се навистина дебели, па мува не ги лази, не дишат...
значи сега кој од овие два примера кој ги наведов потпага под влијание на околината и си набива комплекс...:helou:
 
Значи пак испадна како што реков јас уште на почетокот,
Комплексот си го ствараме сами, споредувајќи се со околината.
 
Комплексот не е ништо повеќе од неприфаќање на себеси...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom