Pat & Mat

Член од
27 април 2006
Мислења
176
Поени од реакции
2
Ги имате ли гледано Пат и Мат? Стар цртан филм кој што е произведен во 1986 во Хрватска мислам дека беше.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Од Чешкословачка е цртанот и е закон негде 1979-80 на Телма го даваат,ѕверови се :poss:
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Bas nekni go gledav, super e, mene mi e poubav i od Tom i Dzeri!:je:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
одамна не сум го гледал, изгледа не го даваат веќе
 
Член од
27 април 2006
Мислења
176
Поени од реакции
2
Го даваат на Телма некад по сабајле, што се не им текнува:poss:
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Лелеееееееееееееее...
Нервоза да те фати од шо се глупи.
Се мачат, се мачат и на крај пак се им пропаѓа :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Абе интересни идеи имаат дечките, од машина за перење косилка за трева на пр. :)

Закон се.
 
Член од
11 ноември 2005
Мислења
316
Поени од реакции
6
Цртаниот е закон, наликува на мене и другар ми во нашите обиди од 5 да направиме едно
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Ae, Пат и Мат!:poss:
Телма, недела посабајлечки специјално за овие станував! И у кревет си ги глеав, сосве кафето и доручекот. По 5 мислам ги даваа, и после нив три долгометражни од Дизни, најчесо Мулан, Анастасија и уште нешто.
Најфаца ми беше оној со тапетите, и оној со куќичката за птици... :pos::pos::pos: Појќе од мака се смеев, али ај. Тупамароси. И уште не знам кој - кој е. :icon_lol:

Лудница се бе Пат и Мат, не знам како успеала темава со 7 мислења и на последна страна. :tv:
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Да да и јас го гледам со дечињата, ама мојте ги викаат Киро и Спиро по интересни им се така него Мат и Пат.... и се кршат од смеење и само си викаат ти си Киро а ти Спиро... бог да чува детска работа:pos:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.946
мислам дека вистинските имиња им се: Патафил и Филопат
 

tiffany

Тифаниум
Член од
20 мај 2007
Мислења
742
Поени од реакции
13
Bas nekni go gledav, super e, mene mi e poubav i od Tom i Dzeri!:je:
Не ме зезај :nesvest::nesvest::nesvest:
Немам ништо против цртанов, ама поубав од Том и Џери пааааа :nenene:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.309





Пат и Мат е чешка stop-motion анимација за дваја ликови кои што често запаѓаат во незгоди како дел од нивната работа. Тие два лика се пријателите Пат и Мат. Пат и Мат за разлика од Дуле и Коки, Маријана и Росана, Силви и Бенд се разликуваат полесно меѓу себе.Имено Пат е ликот што носи жолта маица а Мат е ликот во црвената маичка.

Првото појавување на овие ликови се случува во 1976 во краткиот филм Kuťáci (The Tinkers), подоцна овие ликови се имаат појавено и во уште неколку краткометражни филмчиња при што нивната голема популарност им носи и нивна серија насловена во оригинал A je to!, Pat a Mat или на Англиски (..And it's done, Pat and Mat). При создавањето на оваа серија, продуцентите ја планирале оваа серија да биде напревена како серија што примарно ќе им донесе забава на возрасните, но сепак првата сезона во Чекословачка се прикажувала само како детска ТВ програма.

Ова шоу за брзо време стана мега полуларно низ голем дел од Европа, а нели бидејќи и Македонија е дел од Европа, оваа серија често може(ше) да се забележи на некоја од нашите ТВ канали. За квалитетот на оваа серија зборуваат и многуте награди кои што истата ја има освоено низ целиот свет.

Серијата слично како и Шварценегер во Терминатор се врати во 2011 со серијата од 8 епизоди наречена Pat a Mat na venkově (Pat & Mat in the Country), а во моментов нови епизоди се во продукција (ако најде некој дел од новите епизоди слободно нека ги постира во темава, првата епизода се вика Postele (The Beds) )

За интернационалната популарност на серијата говори и фактот што за оваа серија во 2009 е излезена и компјутерска игра нарачена многу едноставно "Pat & Mat", линк за играта на зборчето линк.

Во оваа тема слободно може да се потсетите на детството и секојдневните проблеми на Пат и Мат, како и да се запознаете со овие забавни ликови ако веќе го немате направено истото.


Special thanks to @RickyLFC9 за потсетувањето за серијава.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Најмногу ми текнува на епизодите кога ќе се обидат да го земат последното јаболко на дрвото и друга каде што Пат или Мат, се обидуваше да слуша музика на новиот грамафон. Каква генијалност ја имаат креаторите со тоа што измислуваат секакви глупи начини да стигнат до тоа што го сакаат. :D

Ја најдов таа со јаболкото:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom