08.11.2008 15:05
Лидерот на главната грчка опозициона партија, ПАСОК, Јоргос Папандреу го отпушти советникот за медиуми, поради неговиот став дека Македонија треба да го сочува името и оти во Грција постои македонско малцинство.
Советникот Григорис Валианатос добил отказ, откако гостувајќи во емисија на приватна грчка телевизија искажал ставови, кои се во целосна спротивност на официјалната грчка политика, која негира постоење на македонско малцинство, го негира правото на Македонија да го употреба своето името и инсистира на негова промена.
Валианатос за телевизијата Екстра 3 рекол дека тој е за идејата северниот грчки сосед да се нарекува само Македонија, како и оти тврдел дека има Македонско малцинство во Грција, пишува весникот Катимерини.
Јоргос Папандреу
Извор: А1 Телевизија