Pascal's wager

Член од
3 април 2012
Мислења
161
Поени од реакции
156
Ех, а ти одма ќе влезеш во бункерот без да се распрашаш што како и после ќе биде мамо ме силуваа... :D

И не е само тој еден и единствен аргумент, купишта се (повеќе информации на википедија)... да беше само еден немаше да има толку атеисти...
Па затоа е интересно, целата таа конструкција што ја поставува религијата пред тебе. И нели е слично :)
 
Член од
3 април 2012
Мислења
161
Поени од реакции
156
Многу бистро. Страшна аргументација. Во прво одделение се учи дека непостоење не се докажува.
Ја не докажувам непостоење.
Разговарам дали нешто е разумно или не. Тоа може лесно да се докаже, сите знаеме што е разумно и можеме да дадеме јасен критериум. Да работиш спротивно на своите интереси без никакова корист за тебе или другите е неразумно.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844

Да, но не и со примерот што го даде на почеток, да се верува дека е неразумно да не се верува во господ бидејки ке идеш во пекол, е тоа верување е неразумно, како и секое верување.
 
Паскаловиот облог не збори за верување. Прашањето е како ќе се однесуваш при лимитирани информации. И ти вика поразумно е да ја одбереш варијантата што носи помалку ризици а поголема добивка.

Зашто мислиш деке секое верување е неразумно? Неразумно е да веруваш во вистината? (освен можеби ако те прави несреќен, а нема начин да ја поправиш ситуацијата)
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Паскаловиот облог не збори за верување. Прашањето е како ќе се однесуваш при лимитирани информации. И ти вика поразумно е да ја одбереш варијантата што носи помалку ризици а поголема добивка.

Зашто мислиш деке секое верување е неразумно? Неразумно е да веруваш во вистината? (освен можеби ако те прави несреќен, а нема начин да ја поправиш ситуацијата)
Да неразумно е да веруваш во вистината, или ја знаеш си ја искусил или не ја знаеш, вербата во бог е верба во нешто празно кое ти си го полниш со своја замисла или најчесто со нечија друга замисла(религиски догми) ако веруваш значи дека се сомневаш во неговото постоење значи самото тоа го прави верувањето неразумно. Или нешто знаеш или не знаеш, или се залажуваш самиот себе дека знаеш со верување во истото.
 
Член од
3 април 2012
Мислења
161
Поени од реакции
156
Да неразумно е да веруваш во вистината, или ја знаеш си ја искусил или не ја знаеш, вербата во бог е верба во нешто празно кое ти си го полниш со своја замисла или најчесто со нечија друга замисла(религиски догми) ако веруваш значи дека се сомневаш во неговото постоење значи самото тоа го прави верувањето неразумно. Или нешто знаеш или не знаеш, или се залажуваш самиот себе дека знаеш со верување во истото.
Е да ама стварта е што има толку малку што всушност дефинитивно знаеме. Толку често сме поставени во истата таа ситуација: имаме ограничени информации, имаме шпекулации и ако направиме погрешен избор отидовме курбан. Како да играш на берза е.
Затоа ми е толку интересен аргументов на Паскал. Зашто е релевантен секојдневно.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Е да ама стварта е што има толку малку што всушност дефинитивно знаеме. Толку често сме поставени во истата таа ситуација: имаме ограничени информации, имаме шпекулации и ако направиме погрешен избор отидовме курбан. Како да играш на берза е.
Затоа ми е толку интересен аргументов на Паскал. Зашто е релевантен секојдневно.
Да животот е таков на секој чекор смрта демне али затоа е и интересно, тоа е она што те прави жив
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Паскаловиот облог е еден од најпатетичните аргументи за вервање во Господ.
Како прво шансите не се ни одблизу 50-50. ‘Билетот‘ за рај не ти е загарантиран со верување во Господ, туку со верување во ‘вистинскиот‘, ако веќе земеме дека постои. А бидејќи има десетици илјади религии и секти, и сите посебно кажуваат дека само членовите на таа религија или секта ќе идат во рајот, а другите не, одење во рај ти е како лотарија.
Второ, и најважно, облогов алудира дека верувањето во Господ не чини ништо, што е комплетно неточно, ако господ не постои, секоја секунда, секој момент поминат во обожување, молење или на било каков начин трошење на времето за таа религија е буквално за ништо.
Така да, живеј си го животот за аботите во кои си сигурен дека се точни.
 
L

Ligeia

Гостин
Хм,Паскал е фасцинантен како математичар и физичар но како филозоф...А што да се очекува од следбеник на јансенизмот.Нема претстава за човековата природа а поставува високи морални стандарди и ги спојува стоичката филозофија и најстрогиот христијански ''морал''.Типот за ''верската вистина'' наведува само филозофски докази засновани на историјата на еврејскиот народ.Како можеш да го користиш разумот против неверниците за да ги наведеш на размислување кога всушност тој не го користи разумот туку вели дека верата се чувствувала со срцето а не со разумот ''Dieu sensible au coeur,non la raison'' демек срцето има свои причини кои разумот не ги познава а истото треба да биде и со препознавањето на Бог.Компарацијата која ја употребува е крајно нелогична,да се спореди целосната судбина и тежината на животот на човекот со судбината на некој кој е осуден на смрт и му изминува времето па ајде бргу да се одлучи дали да се биде или не.Автоматски си го поништуваш цел индетитет.:D
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Првенствено треба да се укаже на тоа дека атеизмот не следствува од науката. Постојат многу физичари и математичари кои веруваат во Бог.
Точно е дека науката не се занимава со прашања како Бог бидејќи тие не се опитливи, но исто така треба да се напомене дека науката не признава постоење без евиденција. Непостоењето на Бог не е во никој случај "верба" туку скептицизам и полезување од научниот метод.

Кон Паскаловиот облог, не го сметам за валиден бидејќи ми e премногу нормативистички поставен. "Што ако" како прашалник се поставува само во експериментална околина, не како wishful thinking.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Точно, атеизмот не произлегува од работењето на полето на науката. Атеизмот е програма, како и сите други...од типот на христијанството на пр.
Иницијацијата се изведува во училиштата....може затоа привидна е поврзаноста со науката.
 
Не ни реков дека атеизмот произлегува од науката, ако те асоцираше на тоа сликата, тогаш се работи за недоразбирање.

Кај го виде тоа „што ако“ што го спомуваш?

Паскаловиот облог е еден од најпатетичните аргументи за вервање во Господ.
Како прво шансите не се ни одблизу 50-50. ‘Билетот‘ за рај не ти е загарантиран со верување во Господ, туку со верување во ‘вистинскиот‘, ако веќе земеме дека постои. А бидејќи има десетици илјади религии и секти, и сите посебно кажуваат дека само членовите на таа религија или секта ќе идат во рајот, а другите не, одење во рај ти е како лотарија.
Второ, и најважно, облогов алудира дека верувањето во Господ не чини ништо, што е комплетно неточно, ако господ не постои, секоја секунда, секој момент поминат во обожување, молење или на било каков начин трошење на времето за таа религија е буквално за ништо.
Така да, живеј си го животот за работите во кои си сигурен дека се точни.
Воопшто не е аргумент за верување во бог. Аргументот е дека пологично е да живееш како да има бог отколку како да нема. Шансите ти се доста добри ако земеш во предвид дека повеќето луѓе се припадници на една од абрахамските религии. Условот да влезеш во рајот според нив, е да живееш добар живот, меѓу другото.

Што знам дека е точно? Ако знам дека нема црни лебеди, зашто сите што дотогаш сум ги видел биле бели, што ќе биде кога еден ден ќе видам црн лебед?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Воопшто не е аргумент за верување во бог. Аргументот е дека пологично е да живееш како да има бог отколку како да нема. Шансите ти се доста добри ако земеш во предвид дека повеќето луѓе се припадници на една од абрахамските религии. Условот да влезеш во рајот според нив, е да живееш добар живот, меѓу другото.

Што знам дека е точно? Ако знам дека нема црни лебеди, зашто сите што дотогаш сум ги видел биле бели, што ќе биде кога еден ден ќе видам црн лебед?
Пологично ти е да живееш со уверувања за кои нема никакви докази?
Ако условот да влезеш во рајот е само да живееш добар живот, тогаш што ќе ти е вербата во господ? Можеш и без неа да живееш добар живот.
Ако верување во господ е еден од условите за влез во рајот, каков е тоа господ кој наградува верувања, а не дела?
Ако не знаеш дали има црн лебед, а никогаш не си видел, тогаш нема смисла да го живееш целиот живот убеден дека постои црн лебед. А, ако некогаш видиш црн лебед, тогаш ќе си го смениш мислењето по тоа прашање. Дотогаш, е бесмислено и безначајно да се уверуваш за нешто за кое нема никакви докази, се контрадицира самото себе, нема смисла, нема историска поткрепа, се коси со скоро се што ние знаеме за светот и универзумот околу нас и пред се се манипулира за политички, воени и финансиски средства.
--- надополнето: 2 мај 2012 во 16:53 ---
Точно, атеизмот не произлегува од работењето на полето на науката. Атеизмот е програма, како и сите други...од типот на христијанството на пр.
Иницијацијата се изведува во училиштата....може затоа привидна е поврзаноста со науката.
Не зборувај глупости, никаде атеизмот не се спомнува или пропагира во училиштата, можеби во крајно комунистички држави, но тоа е друг муабет.
Еволуцијата, како научна гранка на Биологијата се изучува во училиштата, и тоа е тоа.
Атеизмот е нормална реакција спрема теизмот, атеизмот е природна, логична, рационална положба спрема тврдењето за кое нема никакви докази.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Не ни реков дека атеизмот произлегува од науката, ако те асоцираше на тоа сликата, тогаш се работи за недоразбирање.
Кај го виде тоа „што ако“ што го спомуваш?
"Што ако" е екстензија на таквото размислување а истовремено и порив. "Што ако Бог постои?" е прашање кое поставено, индуцира да човек се впушти во она што се нарекува "Позитивна грешка", тоест дури и да погреши, загубата е помала.
--- надополнето: 2 мај 2012 во 19:18 ---
Точно, атеизмот не произлегува од работењето на полето на науката. Атеизмот е програма, како и сите други...од типот на христијанството на пр.
Иницијацијата се изведува во училиштата....може затоа привидна е поврзаноста со науката.
Таквата теза им е видлива само на неедуцирани и дополу-едуцирани индивидуи и во ниедно училиште не се пропагира атеизам. Атеизмот е неверување за кое може да има разни причини.
 
Член од
3 април 2012
Мислења
161
Поени од реакции
156
Пологично ти е да живееш со уверувања за кои нема никакви докази?
Ако условот да влезеш во рајот е само да живееш добар живот, тогаш што ќе ти е вербата во господ? Можеш и без неа да живееш добар живот.
Ако верување во господ е еден од условите за влез во рајот, каков е тоа господ кој наградува верувања, а не дела?
Ако не знаеш дали има црн лебед, а никогаш не си видел, тогаш нема смисла да го живееш целиот живот убеден дека постои црн лебед. А, ако некогаш видиш црн лебед, тогаш ќе си го смениш мислењето по тоа прашање. Дотогаш, е бесмислено и безначајно да се уверуваш за нешто за кое нема никакви докази, се контрадицира самото себе, нема смисла, нема историска поткрепа, се коси со скоро се што ние знаеме за светот и универзумот околу нас и пред се се манипулира за политички, воени и финансиски средства.
Пак ти кажувам, не се работи за уверувања. Прочитај ја темата од почеток, барем првиот пост прочитај го. Никој не ти вика да веруваш во бог. Прашањето е како ќе се однесуваш знаејќи дека можеби постои.

Епа видиш не е баш така. Што ако има бог и дојде судниот ден... и што ќе речеш ти? Упс? Мy bad? Е не те вади тоа веќе е прекасно.

Што нема историска поткрепа? Дека Исус, Мохамед, Буда итн биле историски личности, дека милјони луѓе верувале во нив, многумина биле спремни да умрат за тоа верување, многумина и умреле? Нема историски документи за сите чуда што се случиле?

Идејата дека за intelligent design не би рекол дека „се коси со скоро се што ние знаеме за светот и универзумот околу нас“. И не само тоа, туку еве, ти кажи ми мене, има ли науката било каков доказ што ја побива таа теорија.

На крај, сакам да ти кажам, ова не е уште една тема верници наспроти атеисти. Ја кажав што верувам и не ја отворив темава да конвертирам атеисти во верници, верници во атеисти. Само да поттикнам размислување.

Мразам атеисти што не можат да ја одбранат својата позиција.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom