Pascal's wager

Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Пак ти кажувам, не се работи за уверувања. Прочитај ја темата од почеток, барем првиот пост прочитај го. Никој не ти вика да веруваш во бог. Прашањето е како ќе се однесуваш знаејќи дека можеби постои.

Епа видиш не е баш така. Што ако има бог и дојде судниот ден... и што ќе речеш ти? Упс? Мy bad? Е не те вади тоа веќе е прекасно.

Што нема историска поткрепа? Дека Исус, Мохамед, Буда итн биле историски личности, дека милјони луѓе верувале во нив, многумина биле спремни да умрат за тоа верување, многумина и умреле? Нема историски документи за сите чуда што се случиле?

Идејата дека за intelligent design не би рекол дека „се коси со скоро се што ние знаеме за светот и универзумот околу нас“. И не само тоа, туку еве, ти кажи ми мене, има ли науката било каков доказ што ја побива таа теорија.

На крај, сакам да ти кажам, ова не е уште една тема верници наспроти атеисти. Ја кажав што верувам и не ја отворив темава да конвертирам атеисти во верници, верници во атеисти. Само да поттикнам размислување.

Мразам атеисти што не можат да ја одбранат својата позиција.
Што ако има бог, но тој бог е Тор, богот на античките нордијци, и на судниот ден тој те праша зошто веруваше во Исус Христос, а не во него? Што ќе му кажеш?

И што ако Исус и Мухамед постоеле? Тоа не значи дека сите приказни кои им се придаваат се точни. Исус бил господар и обединител на еврејскиот народ, а Мухамед бил војсководец, па што?
Нема ниушто околу нас што асоцира на интелигентен дизајн, не постои ништо ‘премногу комплицирано‘, за тоа да морало да биде креаирано од некого или нешто. Интелигентниот дизајн има 0 поткрепа во научниот свет.

А ако навистина има бог, јас ќе знам што да му кажам на судниот ден, не грижи се.
 
L

Ligeia

Гостин
Пак ти кажувам, не се работи за уверувања. Прочитај ја темата од почеток, барем првиот пост прочитај го. Никој не ти вика да веруваш во бог. Прашањето е како ќе се однесуваш знаејќи дека можеби постои.

Епа видиш не е баш така. Што ако има бог и дојде судниот ден... и што ќе речеш ти? Упс? Мy bad? Е не те вади тоа веќе е прекасно.

Што нема историска поткрепа? Дека Исус, Мохамед, Буда итн биле историски личности, дека милјони луѓе верувале во нив, многумина биле спремни да умрат за тоа верување, многумина и умреле? Нема историски документи за сите чуда што се случиле?

Идејата дека за intelligent design не би рекол дека „се коси со скоро се што ние знаеме за светот и универзумот околу нас“. И не само тоа, туку еве, ти кажи ми мене, има ли науката било каков доказ што ја побива таа теорија.

На крај, сакам да ти кажам, ова не е уште една тема верници наспроти атеисти. Ја кажав што верувам и не ја отворив темава да конвертирам атеисти во верници, верници во атеисти. Само да поттикнам размислување.

Мразам атеисти што не можат да ја одбранат својата позиција.
А малку да го читнеш Паскал па потоа да дискутираме?
Тој ја величи бесмртноста на душата и ги исмева неверниците (изгубените) со обвинение дека се плашат од опцијата таа да биде вистинита.Црквата е ставена на примарно место која според него е најдостојна за почит а сите останати се малоумни и несреќни затоа што живеат во заблуда и го негираат Бог.Како можат луѓето да живеат во негација и заслепеност кога секојдневно се соочуваат со проклетството на човекот?Болка,глад,жед,болест...

Има ли доволно време да се размислува кога во прашање се преживувањето и смртноста или да се откаже и негира човековата природа која наводно ја создал Бог само за да му се удоволи и признае дека постои?Колку е тоа себично и кукавички?Водечката мисла во животот на верниците е да веруваат без да прашуваат.Во првиот пост ти напоменав и дека Паскал лично вели дека разумот треба да се ублажи и остави настрана за да се почувствува Бог во срцето и да му се дозволи да владее со цело битие.
Прашањето е:Како ќе го почувстуваш Бог како обичен човек со сите мани и доблести?Ако ние сме негова совршена креација тогаш зошто во нас ги вдахнал покрај добродетелта и сите негативни особини кои ќе не натераат да скршнеме од правиот пат на верници?Ако навистина постои зарем би си го одземал сам на себе правото да биде обожуван без приговор и да му се доведе силата и моќта во прашање од едни обични смртници?
Паскал за атеистите вели:Зошто им е толку тешко да веруваат и со кое право тврдат дека не може да се воскресне?Што е потешко:Да се родиш или да воскреснеш,да биде она што никогаш не било или оно што било повторно да биде?Постои огромна разлика помеѓу неразбирањето на тезата и неразбирањето на антитезата.Антитезите се реално и суштински неразбирливи,затоа што природата ни приредува појави кои не можат да се објаснат ако не се допушти постоењето на Бог,душата,гревовите.Ние како луѓе имаме разум а со тоа способност и за рационални одлуки па затоа настојуваме на очигледноста и се повикуваме на сведоштвото.
Затоа ти не можеш да знаеш како ќе се однесуваш.Како да се плашиш од нешто на кое не си сведочел?Како да веруваш во нечие постоење кое не е очигледно низ целиот твој живот како човек?Затоа овие прашања не ги барај во разумот и во мисловната гимнастика ако сакаш да ја поддржиш тезата на Паскал.Тој вели чувствувај-не размислувај.:)
 
Член од
3 април 2012
Мислења
161
Поени од реакции
156
А малку да го читнеш Паскал па потоа да дискутираме?
Тој ја величи бесмртноста на душата и ги исмева неверниците (изгубените) со обвинение дека се плашат од опцијата таа да биде вистинита.Црквата е ставена на примарно место која според него е најдостојна за почит а сите останати се малоумни и несреќни затоа што живеат во заблуда и го негираат Бог.Како можат луѓето да живеат во негација и заслепеност кога секојдневно се соочуваат со проклетството на човекот?Болка,глад,жед,болест...
Има ли доволно време да се размислува кога во прашање се преживувањето и смртноста или да се откаже и негира човековата природа која наводно ја создал Бог само за да му се удоволи и признае дека постои?Колку е тоа себично и кукавички?Водечката мисла во животот на верниците е да веруваат без да прашуваат.Во првиот пост ти напоменав и дека Паскал лично вели дека разумот треба да се ублажи и остави настрана за да се почувствува Бог во срцето и да му се дозволи да владее со цело битие.Прашањето е:Како ќе го почувстуваш Бог како обичен човек со сите мани и доблести?Ако ние сме негова совршена креација тогаш зошто во нас ги вдахнал покрај добродетелта и сите негативни особини кои ќе не натераат да скршнеме од правиот пат на верници?Ако навистина постои зарем би си го одземал сам на себе правото да биде обожуван без приговор и да му се доведе силата и моќта во прашање од едни обични смртници?
Паскал за атеистите вели:Зошто им е толку тешко да веруваат и со кое право тврдат дека не може да се воскресне?Што е потешко:Да се родиш или да воскреснеш,да биде она што никогаш не било или оно што било повторно да биде?Постои огромна разлика помеѓу неразбирањето на тезата и неразбирањето на антитезата.Антитезите се реално и суштински неразбирливи,затоа што природата ни приредува појави кои не можат да се објаснат ако не се допушти постоењето на Бог,душата,гревовите.Ние како луѓе имаме разум а со тоа способност и за рационални одлуки па затоа настојуваме на очигледноста и се повикуваме на сведоштвото.Затоа ти не можеш да знаеш како ќе се однесуваш.Како да се плашиш и да бидеш верник од нешто на кое не си сведочел?Како да веруваш во нечие постоење кое не е очигледно низ целиот твој живот како човек?Затоа овие прашања не ги барај во разумот и во мисловната гимастика ако сакаш да ја поддржиш тезата на Паскал.Тој вели чувствувај-не размислувај.:)
Ти си очигледно филозофка по професија. Јас не сум. Не сум ги читал неговите дела.
Сега ти очигледно знаеш што точно тој мислел, какви ставови имал и сл.
Ама, кога се работи за облогов, не се инволвирани верувањата. Неговиот став е дека повеќе добиваш ако се однесуваш како да има бог. Значи однесувањето е во прашање, не верувањето.

Те молам не пишувај во ѕидови текст. Губам војла да читам кога ќе видам нешто вакво.
 
Договорено.:)
Не,не сум филозоф по професија,го имам читано и страшно е досаден со неговиот кукавичлук а освен тоа во неговото време Црквата имала силно влијание за разлика од денес.Не добиваш ништо повеќе со тоа што ќе се однесуваш како верник и стоик,затоа што христијанството (конкретно бидејќи дискутираме за Паскал) не гарантира за понатамошното блаженство на душата.:)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Таквата теза им е видлива само на неедуцирани и дополу-едуцирани индивидуи и во ниедно училиште не се пропагира атеизам. Атеизмот е неверување за кое може да има разни причини.
Само да те прашам кое одделение си?
--- надополнето: 3 мај 2012 во 00:21 ---
Не зборувај глупости, никаде атеизмот не се спомнува или пропагира во училиштата, можеби во крајно комунистички држави, но тоа е друг муабет.
Еволуцијата, како научна гранка на Биологијата се изучува во училиштата, и тоа е тоа.
Атеизмот е нормална реакција спрема теизмот, атеизмот е природна, логична, рационална положба спрема тврдењето за кое нема никакви докази.
Да се разбереме, тоа што ти нешто не гледаш не значи дека не постои.;)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
А тоа што ти мислиш дека го гледаш/осеќаш не значи дека постои.
Помеша осет, мисла и вид...како и да е, во право си.
Само што јас ова ти го кажувам од гледна точка на некој што бил кондициониран на атеистички начин, и кој излегол од магичниот круг. А ти си уште во него. Меѓу нас разликата е во точката на набљудување(перцепцијата), ти си моментално на жабја перспектива. А за твое чудо постои и птичја.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Помеша осет, мисла и вид...како и да е, во право си.
Само што јас ова ти го кажувам од гледна точка на некој што бил кондициониран на атеистички начин, и кој излегол од магичниот круг. А ти си уште во него. Меѓу нас разликата е во точката на набљудување(перцепцијата), ти си моментално на жабја перспектива. А за твое чудо постои и птичја.
Мојата гледна точка на реалноста е базирана на скептицизмот, секое тврдење кое нема доволно докази не може да биде земено како точно.
Ако има некој поинакво гледање, во ред, само не знам зошто некој кој тврди дека е роднина на Јулие Цезар го затвораат во лудница, а друг кој тврди дека гледа енергии и орбови се смета за визионер.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Мојата гледна точка на реалноста е базирана на скептицизмот, секое тврдење кое нема доволно докази не може да биде земено како точно.
Ако има некој поинакво гледање, во ред, само не знам зошто некој кој тврди дека е роднина на Јулие Цезар го затвораат во лудница, а друг кој тврди дека гледа енергии и орбови се смета за визионер.
И јас не сум гледал орбови и енергии, што не значи дека некој не гледа. Само би ти препорачал една работа, биди скептичен и кон твојот скептицизам.;)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Само да те прашам кое одделение си?
Седмо. Сакаш број во дневник?

p.s. Ќе дебатираме или поради причини познати само на тебе се префрли на атакување на мојот лик наместо мојот став?

p.p.s. Забележав дека ad hominem е популарна фора на форумов.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom