Воопшто не е аргумент за верување во бог. Аргументот е дека пологично е да живееш како да има бог отколку како да нема. Шансите ти се доста добри ако земеш во предвид дека повеќето луѓе се припадници на една од абрахамските религии. Условот да влезеш во рајот според нив, е да живееш добар живот, меѓу другото.
Што знам дека е точно? Ако знам дека нема црни лебеди, зашто сите што дотогаш сум ги видел биле бели, што ќе биде кога еден ден ќе видам црн лебед?
Пологично ти е да живееш со уверувања за кои нема никакви докази?
Ако условот да влезеш во рајот е само да живееш добар живот, тогаш што ќе ти е вербата во господ? Можеш и без неа да живееш добар живот.
Ако верување во господ е еден од условите за влез во рајот, каков е тоа господ кој наградува верувања, а не дела?
Ако не знаеш дали има црн лебед, а никогаш не си видел, тогаш нема смисла да го живееш целиот живот убеден дека постои црн лебед. А, ако некогаш видиш црн лебед, тогаш ќе си го смениш мислењето по тоа прашање. Дотогаш, е бесмислено и безначајно да се уверуваш за нешто за кое нема никакви докази, се контрадицира самото себе, нема смисла, нема историска поткрепа, се коси со скоро се што ние знаеме за светот и универзумот околу нас и пред се се манипулира за политички, воени и финансиски средства.
--- надополнето: 2 мај 2012 во 16:53 ---
Точно, атеизмот не произлегува од работењето на полето на науката. Атеизмот е програма, како и сите други...од типот на христијанството на пр.
Иницијацијата се изведува во училиштата....може затоа привидна е поврзаноста со науката.
Не зборувај глупости, никаде атеизмот не се спомнува или пропагира во училиштата, можеби во крајно комунистички држави, но тоа е друг муабет.
Еволуцијата, како научна гранка на Биологијата се изучува во училиштата, и тоа е тоа.
Атеизмот е нормална реакција спрема теизмот, атеизмот е природна, логична, рационална положба спрема тврдењето за кое нема никакви докази.