Паркови за миленици и данок за опасни миленици

  • Креатор на темата Креатор на темата Deleted member 55587
  • Време на започнување Време на започнување
Верувај нема маска за моето куче, ќе треба од тие таблите за јајца да сечам да можам да му ставам маска. Зашто да му ја ускратувам можноста на моето куче да трча слободно ( се плаши од луѓе и не се доближува до непознати ) кога паркот до сега се покажал најидеален за да ја потроши енергијата. На крај краева мене повеќе ми пречат мајките кои дозволуваат на своите деца да вршат нужда на секаде, буквално пред мене си го какаше детето, да потенцирам во ПАРК. Значи не сме само луѓе на планетава, така да се додека децата ми џафкаат врз глава и мочаат, какаат насекаде, може и моето куче да се истрча.
Ако на твоето куче му се малку 1200 метри квадратни за да се изнатрча слободно, тогаш можеби треба да размислиш за промена на локација за прошетка. Има еден куп локации низ градот кај што може да се трча Јети и Бигфут по нив, не па куче... Никаде не прочитав дека е забрането да се трчаат кучиња, или да се шетаат по трева - туку дека е забрането на места во паркот кои не се наменети за тоа и без соодветната опрема (маска).

Која раса е? Чисто да ти помогнам околу изборот на маска. Луѓе отидоа на месечината во 69. година, не верувам дека не може да се најде маска за било кое куче...

За децата и нивното воспитување не коментирам, не е тоа темата. Уште помалку е соодветно да ги споредувам со кутриња...
 
Чекај чекај, несмеам кучето по трева да го шетам? :pos::pos::pos::pos::pos:

О господе прости им незнат што праат
Да да,така ќе да е.Ќе треба да се движиш по поплочената патека.А замисли покрај тоа што несмееш да одиш по тревата исто така и несмееш ниту да си нацепиш дрва од паркот. Беља...
 
Чекај чекај, несмеам кучето по трева да го шетам? :pos::pos::pos::pos::pos:

О господе прости им незнат што праат
Што ако во тој момент излезе мало дете преднего и недај боже го касне ?
Купи си синџир маска и шетај го потревата..
 
Кучињата од главниот град добија парк. Несовесните сопственици на миленичиња предупредување за казни. Градоначалникот Трајановски и невладината „Анима Мунди“ ги промовираа првите 1200 метри квадрати близу Луна Паркот наменети исклучиво за кучињата. Надвор од оградата, вели градоначалникот, инспекторите сега ќе ги зголемат контролите- дали сопствениците ги шетаат миленичињата согласно законите.

- „Комуналните редари ќе почнат да ги казнуваат луѓето кои ќе ги шетаат домашните миленичиња низ зелените површини на останатитот дел од паркот... при шетањето на домашните миленичиња тие треба да имаат поводник, кучето треба да има маска и воедно треба да имаат ќеса за изметот од кучињата“- изјави меѓу другото градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Од „Анима мунди“ го поздравија проектот. Граѓаните ги повикаа на одговорност, надлежните на продолжување на трендот.

- „Уште веднаш ја кажуваме забелешката дека потреба од вакви паркови има повеќе, ги покануваме општините да отвораат во рамките на секоја општина да се отвори по еден ваков парк па дури и во градскиот парк сигурна сум дека ќе има уште еден ваков парк“- изјави меѓу другото Радмила Пешева од „Анима мунди“.

Казната за шетање куче без опрема или на зелени површини изнесува 50 евра. Давачки за домашните миленичиња можно е наскоро да има и за совесните граѓани. Од Анима мунди изјавија дека лобираат да се смени законот, со што секој миленик би морало да биде регистриран, а одредени даноци да плаќаат сопствениците на некастрирани или нестерилизирани кучиња. Ваквото решение, според невладините, би бил во насока на намалувањето на бројот на кучињата скитници.

Извор
http://www.time.mk/read/b3a9527107/4601767c8a/index.html

Што мислите за оваа одлука? Значи паркот за кучиња ( кој бил во парк, знае ) е премногу мал, башка на исто место ќе се среќаваат и мали и големи раси. Покрај сите одлуки, мислам дека дефинитивно оваа е тешка глупост. Што е следно.... Да наплатат за мравките што ги имам дома, од причина што не ми се на поводник?!?!
За мравките не ама да си плаќате данок за кучињата и мачките што ги чувате во колективни станбени објекти е тоа да, а така е скоро во цела европа.
Не парк не стадион, пак ке ви биде малку знам дека не ви е филмот да се шетате на точно определени места со кучињата нели подобро е кога идеш низ парк и се чаталиш,вака ке треба само низ одреден простор да се шеташ каде што твоето кутренце нема да биде најслаткото.
А за тоа што и големи и мали ке бидат на ист простор е тоа си е веќе ваш проблем.
 
Ми се сфиѓа идејава. Dog park е добро и за социјализација за кучето. Само да е големо и да е квалитетно и да ги има повеќе. Нема човек од маџари да иде до парк само за да го шета кучето. Као ќе стигне до таму? У кола ќе го вози?
 
Две опции , или во двор ке го трчаш или по пруга, а и стигањето до парк мислам дека и тоа е твој проблем.
 
Конечно нешто навистина паметно. Моето куче ви гарантирам дека нема никого да касне, но големо е и деца се плашат од него - па и повозрасни. Многу јасно дека не смее да шета слободно (што дека мене ме слуша, не смеам да плашам луѓе по улица). Но и тоа е живо суштество, сака да се растрча. Порано (па и сега.. зависи) ние ги шетавме пуштени низ Гази Баба, откако почнаа многу деца да шетаат, ги врзуваме. Многу е лесно да преплашиш дете, за без потреба.

Башка, да не зборувам, колку од ,,алишта ме вади,, кога ќе видам измет на тротоар/сред парк/сред улица. Посебно измет во школски двор. Тоа е врвот!
Веројатно сум ,,задња будала,, што собира измет од кучето.

Да, сум за да се одвојат кучињата кога се пуштени од поводник - а не како до сега низ цел парк слободни, да се контролира каде ќе вршат нужда и да се чисти зад нив.
Паркот не е место каде што треба да биде ,,серална,, иако ,,серачи,, има многу и од човечкиот вид.

За поздрав е ова, како прв од таков вид парк во Македонија, во иднина се надевам ќе има многу повеќе.

Колку и да си го сакам кучето (а си го сакам повеќе од било што) не можам да дозволам да врши нужда по школски дворови, паркови, и посебно последно што видов... на лулашки.

На такви ,,паметњаковичи,, би им репнала 1000 евра казна, или би наложила да си ,,покакаат,, во кујна кај нив дома. Деца 2 годишни шетаат тука, а изметот, колку што знам, не е баш од корист за здравјето.
--- надополнето: 5 април 2012 во 01:46 ---
Ми се сфиѓа идејава. Dog park е добро и за социјализација за кучето. Само да е големо и да е квалитетно и да ги има повеќе. Нема човек од маџари да иде до парк само за да го шета кучето. Као ќе стигне до таму? У кола ќе го вози?

Како до сега - така и од сега :)
Често одиме накај парк, порано плаќавме такси, сега со кола си одиме :)
--- надополнето: 5 април 2012 во 01:48 ---
Верувај нема маска за моето куче, ќе треба од тие таблите за јајца да сечам да можам да му ставам маска. Зашто да му ја ускратувам можноста на моето куче да трча слободно ( се плаши од луѓе и не се доближува до непознати ) кога паркот до сега се покажал најидеален за да ја потроши енергијата. На крај краева мене повеќе ми пречат мајките кои дозволуваат на своите деца да вршат нужда на секаде, буквално пред мене си го какаше детето, да потенцирам во ПАРК. Значи не сме само луѓе на планетава, така да се додека децата ми џафкаат врз глава и мочаат, какаат насекаде, може и моето куче да се истрча.

Исто ми е дали куче или дете кења во сред парк. Казна за одговорниот - родител/сопственик.
Треба да има посебни паркови за кучињата (повеќе од еден, и поголеми од овој) каде што ќе можат слободно да шеткаат.
Башка, вака трчам по него да не душне кај не треба, грицне што не треба ... маки.
А луѓето околу, не знаат оти ти е мирно кучето ;) Моево мачки не `ржи, а не па луѓе, ама од каде да знае некој дека е мирно?!
--- надополнето: 5 април 2012 во 01:51 ---
За мравките не ама да си плаќате данок за кучињата и мачките што ги чувате во колективни станбени објекти е тоа да, а така е скоро во цела европа.
Не парк не стадион, пак ке ви биде малку знам дека не ви е филмот да се шетате на точно определени места со кучињата нели подобро е кога идеш низ парк и се чаталиш,вака ке треба само низ одреден простор да се шеташ каде што твоето кутренце нема да биде најслаткото.
А за тоа што и големи и мали ке бидат на ист простор е тоа си е веќе ваш проблем.

Сељачизмот вришти, опасна болест е.
Можам КАЈ САКАМ да го шетам кучето, а во тревата во парк НИТУ ТИ не треба да седиш. Обично, во понормални држави, и тоа е казниво. Само кај нас имаш тони смет од ,,несфатените,, низ парк.

Иначе, во понормалните држави, на пример Америка (има и Европски, но не ги знам на памет кои се) државата ти го намалува данокот за чување на животни (најчесто данок на имот). Само за да има што помалку бездомни животни.
Само во оваа мрдната земја ќе се плаќа данок за чување куче.
 
Смееш, ама ако сакаш да го шеташ по трева додека си во Градскиот парк, тоа мора да биде во паркот наменет за домашни миленичиња.
Не знам зошто, ама seems fair to me...

Ако е само за во парк ок ама ако е муабетот дека несмееш на зелена површина било каде ондак е тапа.

Што ако во тој момент излезе мало дете преднего и недај боже го касне ?
Купи си синџир маска и шетај го потревата..

Кој спомна нешто лошо за поводник или маска? Муабетот е за зелената површина - тревата.
 
Ако е само за во парк ок ама ако е муабетот дека несмееш на зелена површина било каде ондак е тапа.

Можеш да го шеташ по зелени површини каде било - освен во парк :)
Затоа е „специјалниот парк“ тука. Сигурно нема да те казнат ако го шеташ пред зграда во паркче, но не би им рекла дека грешат, ако се покака во паркчето, а ти не исчистиш!

Инаку, кучиња и понатаму може да се шетаат во парк, секако. Врзани, со маска, слободно може да седиме со нив, на клупа, цивилизирано.
 
Си помислив напрајле парк за кучињава скитници да ги згрижат во него , а они ми кажвет кај да го шетам кучето ...и баш ме интересират како се стигвит до парков без кучето да го прошеташ на други зелени и урбани површини , со телепортирање можеби ? Да не бидам погрешно сфатен , сосема се согласвам кучињата да се шетет со поводник во места каде шо имат голема раздвиженост .
Ама како им оди со приоритетиве на сегашниве и минатите владеачки структури, алал да им е...прво ги решавет проблемите со кучињата а после со народот...сигурно следен проект е парк за бездомници(не кучиња, туку луѓе) пошо се опасни а ги има на клупите во повеќето паркови,улици ...пошо се виде колку нив ги згрижија во установите предвидени за тоа...
 
И јас мислам дека кучињата треба да се шетаат со корпа и тоа пред се ради безбедност на самото куче. Кучињата, душкаат и лапаат сешто и не е реткост да се отрујат.
А за децата е посебна приказна. Кучињата сакаат да се играат со децата, а децата се плашат од нив, затоа е подобро кога се во близина на деца да бидат на поводник.
 
ако може некоја слика од парк(чето) да видиме какво е тоа идеално собиралиште за “опасните предатори“......
 
Помало од фудбалско игралиште заградено како ринг, одма тоа куроглавите некоја вечер има да ги социјализираат тука питбулите :icon_lol:.
 
убаво местенце,убав проект,убава замисла,арно ама некако мало ми се гледа,кога ќе се соберат повеќе сопственици со повеќе кучиња ќе се чека ред пред врата ?! и кога ќе не чини времето дали ќе биде забранет пристапот внатре поради оштетувањето на тревната површина и останување само на песок и земја на тлото и после секое излегување на вас и вашиот миленик ќе биде потребно двата да влезите во машина за перење ?

ќе покажи праксата........
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom