Паркови за миленици и данок за опасни миленици

  • Креатор на темата Deleted member 55587
  • Време на започнување
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Од не сто посто сигурни извори :D ,ми кажаа законот дека гласи: За КРВОЛОЧНИТЕ миленици ,значи ќе ти дојде комисија во двор и они ќе оценат дали кучето ти е опасно или не...ако проценат 18 000 денари годишно мора да плаќаш и плус 300 евра уште за некој си работи таму...

А доколку не сакаш да го кастрираш кучето (значи сакаш легла да имаш) можеби ќе мора да платиш и до 300-400 евра бидејќи толку е во Словенија ако сакаш кучето да ти остане некастрирано...

Што е целта ? Кучињата да можат да си ги дозволат само богатите ?!

Или ако платам данок имам дозвола да го пуштам пит-булот и да напраи паратал низ маало...па си плаќам данок де,што е проблемот?
Ај погоди од прв пат што е целта? :D
 
Член од
2 април 2012
Мислења
5
Поени од реакции
0
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Првин треба да се воведе данок и за скитници, советниците и градоначалниците на нашите градови и села сами да си го плаќаат од свој ЏеП. Интересно е како не можеш да најдеш куче во саглам земја ни со кременадла во рака да го бараш, нашиве...
пошто ги средија уличните, пошто 3 планински примероци со маркица ќе срушеа постар човек од точак пред Тедико сред бел ден...сега на ред се домашните :notworthy:
Стварно се натпреваруваат кој ќе излезе со побудалски предлог.
 
L

Lu

Гостин
Многу глуп и носмислен закон.
Што демек ако платиш данок за своето „крволочно и опасно“ куче ќе те направи да бидеш подобар и посовесен сопственик или кучето ќе престане да каса ???
Ма ајде глупости, ова е само колку да си го полнат буџетот.

Јас се согласувам да постои некаков закон во со кој што ќе се води некаква контрола за домашните миленици ... али овој закон за „опасни миленици“ ми изгледа крајно ретардирано.
 

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
од толкава нервоза и воедно и зачуденост од тоа кава што не глупост ќе им текне на ови од власта, не знам што да пишам, освен дека ваков закон (во најлуда фантазија и трип) се донесе, никој да не платил ( а и сигурно нема) , ова порака до сите што чуваат "опасни" и "крволочни" животни!!! знам дека сте садо-мазо, нео-нацисти ( и јас сум ) !

а што се однесува до македонското неинформирано население, тоа е чудо колкаво е... али не за џабе е речено: ignorance is bliss! , лево уше не ги боли што трескаат глупости по улици ( а и глеам и на форумов има еден паметнакович, да не го цитирам) , еве на пример кај мене во центар колку само "доктори" и 'магистри" има што киксаат , не знам што да им речам, освен да посетат психијатар или бајачка...

една случка само за вас : пред еден месец (кога мојов пит имаше 3 месеци) , еден добро облечен господин се вракаше од школо со ќерка му, и малата кога виде кученцето одма потрача да си игра, а и мојов нормално ненормално обожава луѓе (мислам дека дури и казна ке плакам дека сака и лиже непознати) одма си потрча да си игра со неа, и си поиграа малку и господинот прашува што раса е слатково кученце, и викам пит бул, и тука скока типов, ја зима за рака ќерката и и вика , цитирам :"се сеќаваш што ти реков ако видиш пит бул? да бегаш." . и си ја грабна за рака , се сврте и дамла да ги нема , а мене ме остави да стојам во место едно 5 мин. и да се не верувам што не ќе доживеам ..... ( после ова дојде и законов за данокот, и чекам што народно ке доживеам да видам, сепак уште сум млад... )

за жал true story.... -.-
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
како мислиш и за скитниците ќе има нешто....
Па не би ме изненадило и тоа... за сите кучиња што глупавиов наш народ ќе ги испушти, ние да плаќаме 50 %, како за парното нели, али не се наши, кај нас во маало се врткаат... :drk::гомце::гомце::гомце::facepalm:
--- надополнето: 4 април 2012 во 00:52 ---
Од не сто посто сигурни извори :D ,ми кажаа законот дека гласи: За КРВОЛОЧНИТЕ миленици ,значи ќе ти дојде комисија во двор и они ќе оценат дали кучето ти е опасно или не...ако проценат 18 000 денари годишно мора да плаќаш и плус 300 евра уште за некој си работи таму...

А доколку не сакаш да го кастрираш кучето (значи сакаш легла да имаш) можеби ќе мора да платиш и до 300-400 евра бидејќи толку е во Словенија ако сакаш кучето да ти остане некастрирано...

Што е целта ? Кучињата да можат да си ги дозволат само богатите ?!

Или ако платам данок имам дозвола да го пуштам пит-булот и да напраи паратал низ маало...па си плаќам данок де,што е проблемот?
Не верувам дека вакво нешто ќе се случи, без разлика од твоите извори, колку и да се сигурни или не сигурни. Не ми е логично, кај нас да постои некоја комисија, инспекција или што ти не знам која е доволно стручна за да одлучи дали некое куче е агресивно или не... Патем, кучето и да е агресивно, таа агресија е грешка на сопственикот. Секое куче може да се промени, од најагресивно да постане најмирно. Така да, ова не ми е некој репер за тоа како би се спровел законот и давачките...А уште помалце сметам дека кај нас постои некој кој што е компетентен за да оцени куче?!, тоа ќе биде некој партиски избраник кој што чува пудла ( no offence), и не му е позната ни една друга раса, па ај ако го погледне кучето на страна- агресивно е? Мислам која глупавост....леле, не сакам ни да замислам што све ќе искочи со ова... не ми е гајле за сопствениците, па ни за парите што треба да се платат, жал ми е за сите кучиња кои ќе завршат на улици, отруени, ,стрелани, изгазени од коли, или во најголемиот пекол за кучиња-Вардариште......
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Кучињата од главниот град добија парк. Несовесните сопственици на миленичиња добија предупредување за казни.
Градоначалникот Трајановски и невладината „Анима Мунди“ ги промовираа првите 1200 метри квадрати близу Луна Паркот наменети исклучиво за кучињата.
Надвор од оградата, вели градоначалникот, инспекторите сега ќе ги зголемат контролите - дали сопствениците ги шетаат миленичињата согласно законите.

- „Комуналните редари ќе почнат да ги казнуваат луѓето кои ќе ги шетаат домашните миленичиња низ зелените површини на останатитот дел од паркот... при шетањето на домашните миленичиња тие треба да имаат поводник, кучето треба да има маска и воедно треба да имаат ќеса за изметот од кучињата“ - изјави меѓу другото градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Од „Анима мунди“ го поздравија проектот. Граѓаните ги повикаа на одговорност, надлежните на продолжување на трендот.

- „Уште веднаш ја кажуваме забелешката дека потреба од вакви паркови има повеќе, ги покануваме општините да отвораат во рамките на секоја општина да се отвори по еден ваков парк па дури и во градскиот парк сигурна сум дека ќе има уште еден ваков парк“ - изјави меѓу другото Радмила Пешева од „Анима мунди“.

Казната за шетање куче без опрема или на зелени површини изнесува 50 евра.
Давачки за домашните миленичиња можно е наскоро да има и за совесните граѓани. Од Анима мунди изјавија дека лобираат да се смени законот, со што секој миленик би морало да биде регистриран, а одредени даноци да плаќаат сопствениците на некастрирани или нестерилизирани кучиња.
Ваквото решение, според невладините, би бил во насока на намалувањето на бројот на кучињата скитници.

Извор:
http://www.time.mk/read/b3a9527107/4601767c8a/index.html

Што мислите за оваа одлука?
Значи паркот за кучиња (кој бил во парк, знае) е премногу мал, башка на исто место ќе се среќаваат и мали и големи раси.
Покрај сите одлуки, мислам дека дефинитивно оваа е тешка глупост. Што е следно... Да наплатат за мравките што ги имам дома, од причина што не ми се на поводник ???
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.222
Поени од реакции
34.509
Според мене не е тешка глупост, туку одлука за поздрав. И се надевам дека ќе се реализира.
Иако немам страв од кучиња, сметам дека не е исправно да се шетаат без маска и поводник кај што има голема фрекфентност на луѓе.

Сто пати се случило да видам како луѓе се вадат од памет на пешачката патека (или патеката за трчање) на кеј кога ќе им се стрча некое куче. Стави му маска, фати го под раце и шетајте се кај сакате.
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Според мене не е тешка глупост, туку одлука за поздрав. И се надевам дека ќе се реализира.
Иако немам страв од кучиња, сметам дека не е исправно да се шетаат без маска и поводник кај што има голема фрекфентност на луѓе.

Сто пати се случило да видам како луѓе се вадат од памет на пешачката патека (или патеката за трчање) на кеј кога ќе им се стрча некое куче. Стави му маска, фати го под раце и шетајте се кај сакате.
Верувај нема маска за моето куче, ќе треба од тие таблите за јајца да сечам да можам да му ставам маска. Зашто да му ја ускратувам можноста на моето куче да трча слободно ( се плаши од луѓе и не се доближува до непознати ) кога паркот до сега се покажал најидеален за да ја потроши енергијата. На крај краева мене повеќе ми пречат мајките кои дозволуваат на своите деца да вршат нужда на секаде, буквално пред мене си го какаше детето, да потенцирам во ПАРК. Значи не сме само луѓе на планетава, така да се додека децата ми џафкаат врз глава и мочаат, какаат насекаде, може и моето куче да се истрча.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
ги промовираа првите 1200 метри квадрати близу Луна Паркот наменети исклучиво за кучињата. Надвор од оградата, вели градоначалникот, инспекторите сега ќе ги зголемат контролите- дали сопствениците ги шетаат миленичињата согласно законите.

-?!
одлично(y)
но некако ова не ми праи кејф - близу Луна Паркот
ама тоа е тоа- веќе станавме препознатливи по нач’чканоста:P во градов
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.222
Поени од реакции
34.509
Чекај чекај, несмеам кучето по трева да го шетам? :pos::pos::pos::pos::pos:

О господе прости им незнат што праат
Смееш, ама ако сакаш да го шеташ по трева додека си во Градскиот парк, тоа мора да биде во паркот наменет за домашни миленичиња.
Не знам зошто, ама seems fair to me...
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Кој прошетал знае. Во Виена на секој чекор има паркови со ограда исклучиво за шетање на кучињата, и неможеш да видиш како некој си го шета кучето на друго место. Добра идеа, само незнам колку нашите СОВЕСНИ ГРАЃАНИ ќе испочитуваат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom