Паркети

  • Креатор на темата Креатор на темата Нинович
  • Време на започнување Време на започнување
Гласајте за Паркети на WorldSings

Освен Next Time, Македонија има уште еден претставник на WorldSings. Тоа се битолските Паркети. Тие за сега имаат 122 гласа, и без оглед што не се во првите 20, постојат сериозни изгледи да се најдат меѓу најдобрите. Гласајте за Паркети на WorldSings. Затоа Гласајте за Паркети!

9499E9A133A3DD4D9A9771A9DE8E7CF1.jpg


WorldSings е музички натпревар во кој учествуваат музичари од целиот свет. Првите 20 песни кои ќе бидат одбрани според он-лајн гласање (кое завршува на 31. декември), ќе се квалификуваат за настап на World's best song натпреварот кој ќе се одржи на 19. март 2010 во Лас Вегас.

Наградите кои ќе бидат доделени од страна на шестчлено жири се:

Прва награда: $500.000.
Втора награда: $200.000.
Трета награда: $100.000.
Четврта награда: $40.000.
Останатите 16 финалисти ке добијат по $10.000.
За да гласате треба прво да се регистрирате.

(Веста ни ја испратија фановите на Паркети)

http://mmm.com.mk/?ItemID=6E1F31BB12B261449FEA9BF247A32D2D
 
Познати сите учесници на МАРС 2009!

Parketi26.jpg


Петнаесет композиции влегуваат во трката за победник на второто издание на Македонскиот радиски фестивал (МАРС), на кој ќе се избираат најпопуларните радиски хитови во изминатата година, што ќе се одржи на 24 ноември, со почеток во 21 часот во Универзалната сала.

Меѓу финалистите се најдоа:

Наде Талевска - Осамени

Роберт Билбилов -
Јас те губам

Влатко Илиевски - Најбогат на свет

Адријан Гаџа – Скандали

Браво бенд – Девојко

Паркети и Ања Ветерова - Јас те сакам тебе

Ѓоко Танески - Никогаш доста

Некст тајм - Нешто што ќе остане

Нокаут - Африка

Врчак и ДНК - Пази се од мене

Александар Митевски - За век и векови

Влатко Лозаноски - Блиску до мене

Сања Лефкова - Пауза па плеј

Дарко Илиевски - Ти можеш

Димитар Андоновски - Заробени во сон

Тие ќе настапат токму по овој редослед.

Од околу 40 радиостаници пристигнаа речиси 600 песни и листи на највртени песни во радиоетерот со 100 имиња како изведувачи, од кои преку селекција се добија 15 финалисти, информираше Антонио Димитриевски, извршен продуцент и проект- менаџер на МАРС, на вчерашната прес- конференција во хотелот Холидеј ин. Тој ја истакна добрата и коректна соработка со радиостаниците од целата земја кои гласаа и за највртен радиски хит во изминатата година, награда која се воведува од оваа година. Уште една нова награда е и признанието за најдобар текст што ќе го изберат претставниците на седмата сила од понудените 15 финалисти.

Највртената песна, според радиостаниците, ќе добие 30.000 денари парична награда, бронзена статуета и гратис-концерт од Универзална сала, која се јавува како организатор на фестивалот. Најдобриот текст ќе биде награден со статуа и 10.000 денари, додека публиката ќе може да гласа преку телевоутинг (СМС-пораки и јавувања) и да ги избере трите најпопуларни радиски хита за 2009 година, кои ќе добијат 30.000, 40.000 и 60.000 денари за првопласираниот, кој ќе има можност бесплатно да организира и солистички концерт во Универзалната сала. Сакавме фестивалот да личи на манифестација, а не на класичен фестивал, додаде Димитриевски, кој најави богато сценарио и специјални гости од Србија - Саша Ковачевиќ и актерките што ја пеат насловната тема од серијата Долина на сонцето - Ана Виленица и Бојана Грегориќ.

Фестивалот директно ќе се пренесува на А1 телевизија, а како водители ќе го видиме тимот на Ексклузив - Ненад Георгиевски и Ивана Хаџиевска. Собраните средства од телевоутингот, кој ќе трае 15 минути, ќе бидат донирани во хуманитарни цели, додека влезниците од вчера се пуштени во продажба на касата на Универзална и чинат 200 денари.

Значи луѓе... Гласајте вечер за број 6 Паркети и Ања!:pipi::pipi::pipi::smir::smir:
 
Секогаш ли на свирки ги соблекуваат панталоните?
 
Па во последно време не. :uvo::uvo:
Порано да.:kesa::kesa:
 
Кафеави Џуџиња ми е омилена од нив :)
 
Шознам.. така најлуди се Паркети.. мислам стварно треба да си ... за да се слекуваш гол пред толку народ. :smir::smir:
 
Хехе основен Паркетски синдром: Лудост.:baeh::smir::pipi:
 
Најлудиот бенд со многу добри песни
 
Bravo za toj sto mu teknalo da gi uploudira starite pesni ko Rasplaceno bebe i Skrzav.:back::back:
Toa se vistinskite Parketi. Jas naskoro ko ke mi se vrati netot i ko ke iam vreme ke napraam za site pesni videa i ke gi ima na ofc fan club.:smir::smir::smir:
 
Да не знаете дали ќе идат у Велес и кога каде..?
 
Тапа бенд , неоригинален и сега комерцијален .
 
Баш стилот на паркети е оригинален. Барем по нивните настапи, не верувам дека у Македонија има некој што го прави исто/слично
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom