Познати сите учесници на МАРС 2009!
Петнаесет композиции влегуваат во трката за победник на второто издание на Македонскиот радиски фестивал (МАРС), на кој ќе се избираат најпопуларните радиски хитови во изминатата година, што ќе се одржи на 24 ноември, со почеток во 21 часот во Универзалната сала.
Меѓу финалистите се најдоа:
Наде Талевска - Осамени
Роберт Билбилов -
Јас те губам
Влатко Илиевски - Најбогат на свет
Адријан Гаџа – Скандали
Браво бенд – Девојко
Паркети и Ања Ветерова - Јас те сакам тебе
Ѓоко Танески - Никогаш доста
Некст тајм - Нешто што ќе остане
Нокаут - Африка
Врчак и ДНК - Пази се од мене
Александар Митевски - За век и векови
Влатко Лозаноски - Блиску до мене
Сања Лефкова - Пауза па плеј
Дарко Илиевски - Ти можеш
Димитар Андоновски - Заробени во сон
Тие ќе настапат токму по овој редослед.
Од околу 40 радиостаници пристигнаа речиси 600 песни и листи на највртени песни во радиоетерот со 100 имиња како изведувачи, од кои преку селекција се добија 15 финалисти, информираше Антонио Димитриевски, извршен продуцент и проект- менаџер на МАРС, на вчерашната прес- конференција во хотелот Холидеј ин. Тој ја истакна добрата и коректна соработка со радиостаниците од целата земја кои гласаа и за највртен радиски хит во изминатата година, награда која се воведува од оваа година. Уште една нова награда е и признанието за најдобар текст што ќе го изберат претставниците на седмата сила од понудените 15 финалисти.
Највртената песна, според радиостаниците, ќе добие 30.000 денари парична награда, бронзена статуета и гратис-концерт од Универзална сала, која се јавува како организатор на фестивалот. Најдобриот текст ќе биде награден со статуа и 10.000 денари, додека публиката ќе може да гласа преку телевоутинг (СМС-пораки и јавувања) и да ги избере трите најпопуларни радиски хита за 2009 година, кои ќе добијат 30.000, 40.000 и 60.000 денари за првопласираниот, кој ќе има можност бесплатно да организира и солистички концерт во Универзалната сала. Сакавме фестивалот да личи на манифестација, а не на класичен фестивал, додаде Димитриевски, кој најави богато сценарио и специјални гости од Србија - Саша Ковачевиќ и актерките што ја пеат насловната тема од серијата Долина на сонцето - Ана Виленица и Бојана Грегориќ.
Фестивалот директно ќе се пренесува на А1 телевизија, а како водители ќе го видиме тимот на Ексклузив - Ненад Георгиевски и Ивана Хаџиевска. Собраните средства од телевоутингот, кој ќе трае 15 минути, ќе бидат донирани во хуманитарни цели, додека влезниците од вчера се пуштени во продажба на касата на Универзална и чинат 200 денари.
Значи луѓе... Гласајте вечер за број 6 Паркети и Ања!


:smir::smir: