Паричник на улица

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
До сеа немам најдено новчаник. Еднаш 100 денари, еднаш 500 и повеќепати по 10-20 денари. (ви ниту еден случај не знаев чии се)

Еднаш само кога одев за Струга до мене беше седнат еден чичко постар. Кога стана да се симне му испадна новчаникот и одма го известив и не добив ни фала :) Сигурно се збркал....Anyway не жалам што му кажав.

Сега пак да најдам искрено не знам како би реагирал. :vozbud: А читам по форумов многу сме поштен народ. Приближно 90% напишаа дека ке го вратат на сопственикот.
 
Добар предлог бе шо му фали..го подржувам чоеков..да внимавале на своите паричници :P
Хахахахаха ... Па искрено добро ќе направам ... Сигурно нема да ми биде него за 1 000 ден , кога ке види тука му е л.к и други легитимации ке му олесни ... Сеа и јас да изгубам не се надевам дека некој ке ми врати паричникот ако имам пари во него ...
 
Да најдам би го вратил, би ми тежело тоа што може таму е нечива плата, а не е добро ситуиран.Или, ги наменил парите за нешто убаво да купи и поклони и не би можел да ги искористам парите.
 
не сакам да звучам како светица ама ако има лични документи или ако слушнам дека некој го бара или иам било каква идеа каде да го најдам сопственикот би му/и го вратила, ако не би си го собрала
 
Цццц ај не си правете филмови ако ввидете пари во новченикот 95% шо пишат тука очите ќе и светнат и нема да има ни трага од него!
Ја па сите изигравате поштени...
 
Нема шанси да го вратам ако има кеш , ако нема .. ондак ќе размислам .., ако е цура - ДА , ако е на некој ... у контејнер
 
Немам најдено паричник, ама имам изгубено.
Со здравје да си ги потроши 1500 ден. што ги имав во него тој што го нашол.
Повеќе ми е жал за картите и влезниците што беа внатре, оти чувам такви работи, ама јбг :confused:
Па не ги чувај у новчаник :) И јас собирам влезници, ама ги чувам под стакло на масичка :)
--- надополнето: Aug 15, 2011 2:38 AM ---
Ако има документ унатре као што се лична пасош, тоа не чепкам, вадам само шушкавото и правац да ме нема, и нека не ме напаѓа никој, истото ќе го направите, без разлика што пишувате овде :) само да додадам, ил ида се поправам, зависи колку пари има у новчаникот ако се МНОГУ, би го вратил ама ако се работи за сума до 2 000 денари би ги собрал :)
 
Цццц ај не си правете филмови ако ввидете пари во новченикот 95% шо пишат тука очите ќе и светнат и нема да има ни трага од него!
Ја па сите изигравате поштени...

Така збориш пошо ти си таков и мислиш дека сите се ко тебе...
 
Немам никогаш најдено новчаник, но кога бев мала пред зграда најдов 30 денари ги собрав и трчанката на флипери отидов. :D
 
Така збориш пошо ти си таков и мислиш дека сите се ко тебе...
Ти не си нормална или немаш доволно искуство во тие работи... какви пари враќање бе девочје клучот си го изгубив од моторот ми го дигнаа за 10 мин и тоа од дома се враќам за 10 мин го нема :)
Еве кога веќе темата е за пари колку пати имам позајмувано... незнаат едно фала да речат и треба со месеци да го чекаш и прашање е дали ќе ти ги вратат а не пак да изгубиш новченик на улица и да чекаш да ти го вратат и не јади трици дека јас сум таков кога не ме ни знаеш... едноставно реалноста е таа новченик да изгубиш на улица и да ти го вратат шансите се минимални а гледам на темата сите глумат поштени, јас не те знам и неможам да кажам за тебе лично дали ќе го вратиш или не ама 90% од тие што пишуваат овде верувај нема да го вратат биди сигурна.

Затоа гледај да не го изгубиш оти тешка работа за враќање после посебно ако носиш мн пари со тебе или картички документи...
 
Позајмување на пари и такви ствари се различна работа, се е прашање на принцип на човекот. Така ти одговорив затоа што ти генерализираше, со тоа што ти си имал такво искуство и ти си станал таков
 
Новчаник на улица и пари е божје дело и сосема е христијански да го земеш за себе. Бог во сета своја мудрост решил од нему познати причини за кои ние обичните смртници не сме достојни да дискутираме и анализираме, да на некого му падне новчаникот од џеп или торба. Бог исто така одбрал оној кој ќе го најде тој новчаник, значи го пратил по тој пат и му ги отворил очите со цел да го најде така да враќање на тој новчаник е исто што и газење на божјите закони и воља и се казнува со маки и страданија на оној свет. Затоа кога ќе најдеш новланик или пари, воскликни само ГОСПОД Е ГОЛЕМ, или ако си муслиман АЛАХ ЕКЛЕР, и земи ги парите и троши ги како што мислиш дека ти е најдобро.
 
Еднаш најдов паричник внатре имаше 6000 денари, кондом, лична карта и си ги земав парите и кондомот а паричникот си го оставив на истото место каде што го најдов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom