Паричник на улица

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Немам најдено паричник, но имам наоѓано по 10-денарки или евентуално некоја 50-денарка на улица, повеќе не :)
Јас немам изгубено цел новчаник но во повеќе наврати ми имаат испаѓано пари од џебови.
Бидејќи немам практика да носам новчаник, парите ги носам по џебови а од документи само лична карта и тоа ептен ако мислам дека ќе ми ја побараат, најчесто останува дома :) Најголема сума што ја имам изгубено е некаде 1500 денари, нормално не ја најдов, а и низ ГТЦ незабележително циганчињата еднаш ми дрпнаа од џеб 500 денари. Како не осетив ништо, сеуште се чудам :S
 
Значи не се водам од мислата како јас би се осеќал ако изгубам паричник бидејќи просто и едноставно јас никогаш не сум носел и мислам дека нема да носам паричник. Како кога го прашав татко ми еднаш пред многу години зашто не носи новчаник, неговиот одговор беше: Па што пари имам јас за да носам новчаник? :pos: Епа исто и јас :) Туку шала на страна доколку има идентификација веднаш го носам во првата полициска станица или лично го враќам кај сопственикот јбг можеби таков карактер сум глупав али тоа е тоа, не се тоа мои пари ;) А и сигурно нема да биде тоа новчаник со пари кои ќе ми го променат животот значајно туку само нешто моментално...
 
Беше тоа некаде 5-6 оделение..и со мама на пазар кога бев..она додека пазареше нешо од една тезга ја под нозете видов новчаник..го земав одма и истрчав..отидов кај тато , му кажав сиот уплашен шо напраив..и он ми рече чекај да видиме што има па после ќе размислиме..отворивме..4 500 + апчиња во натре..ваљда на некој стар човек беше..али во натре ништо фазла немаше..и така ја си купив точак:pos::pos:
А шо сакаш ти фазла да има бе за кола да си купиш ? тоа само ја коа ќе го загубам новчаникот а ти ќе го најдеш .... :)
 
сум нашол паричник....и излезе дека е мојот...на факултет....еј си велам ќесе.......ко моето...отворам.....пари колку шо сум носел :)
така да...го вратив на сопственикот :)
а доколку би нашол туѓ, би го вратил, доколку има лична карта...нешто така со податоци, за да знам каде да го вратам
 
Доколку би нашол , ако има слика од него / нејзе ... би пробал да го вратам ... а ако нема , не би помислувал да го барам човекот за да му го вратам паричникот .. и + ми се има случено пред 2 - 3 години , најдов паричник .. внатре имаше нешто повеќе од 300 денари .... и не го вратив зашто немаше слика од човекот :D
 
ако има само пари у паричникот, ке го пријавам у полиција :)
 
Паричник на улица = продужен викенд. Ако има лична идентификација и/или документи, ја носам у прва станица.
 
ееее се секавате на вестите кога даваа за губраџиите што нашле 12000 евра еј 12000 евра па двајца губраџии им го вратиле кесето а тој дибекот им дал по 1000 денари да се почастат СРАМОТА.со толку пари внатре .....секој би се замислил
(n)
 
Па паричник немам најдено, но ако најдам нема воопшто да го отворам и ќе го однесам во полиција. Паднати пари на земја (10, 50, 100 и еднаш 500 денари) имам видено ама не им обрнувам преголемо внимание. Сум ги видела случајно (не зјапам по патот :D) и најнормално си продолжувам, ги одминувам. Што би ми требале тие ситни, туѓи пари во мојов живот? А и некогаш ако видам поголеми пари, исто нема да ги земам. Не ми требаат туѓи пари.
 
но ако најдам нема воопшто да го отворам и ќе го однесам во полиција. Паднати пари на земја (10, 50, 100 и еднаш 500 денари) имам видено ама не им обрнувам преголемо внимание.
Yeah right.
 
Сакаш да кажеш дека јас лажам?
Не туку дека нема да издржиш а да не го отвориш.И незнам зошто воопшто би одел во полиција за еден паричник.Фино лепо би го отворил и ако има податоци би се потрудил да го вратам, ако нема, моја среќа.
 
Не туку дека нема да издржиш а да не го отвориш.И незнам зошто воопшто би одел во полиција за еден паричник.Фино лепо би го отворил и ако има податоци би се потрудил да го вратам, ако нема, моја среќа.

Е зошто да не издржам да не го отворам? Никогаш не сум била склона кон туѓи работи без да прашам, па така и со ова. И како твоја среќа, кога ни паричникот ни тоа внатре не се твои?
 
паричник не сум нашол ..единствено сум нашол 150 денари по пат . и одма отидов да се ишишам :vozbud:..
инаку ако најдам пари без идентификација , ке си ги земам , а ако најдам со идентификација ..ке ја лагаме ..
а се обложувам дека пола од тука што рековте дека ако има идентификација ке ги вратите парите , нема да го направите тоа . ако има над 1000 евра :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom