Паричник на улица

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Јас имам најдено паричник, ама никаков документ за идентификација немаше внатре. И нормално, си го земав. Имаше 800че :) Си се опарив. Ама, не знам што ќе направам ако најдам полн со пари, и идентификација внатре... Ако да речеме внатре има 3000 ден, дали повеќе се исплати да земам еве на пример 500 денари како награда и чиста совест, или грижа на совест и 50 евра. Индивидуално е. Македончињата мислам дека поише би да ги земат парите, а да го вратат новчаникот преку пошта како анонимни, отколку да испаднат поштени пред себе, денес грижата на совест за вакви работи може да се каже дека е прилично ретка работа. Неќам да давам социјално пожелни одговори зашто сепак член сум на форумов за овде да пишувам што навистина мислам, под маската што колку и да е тенка, постои пред светот. Значи, конечно конкретен одговор на целното прашање: во зависност од тоа колку пари има во новчаникот, ќе видам што ќе направам.
 
Паричник немам најдено имам најдено само 1000 денари , но ако на пример најдам паричник со идентификација секако парите би ги инвестирал во добротворни цели ( Кладлиница ол ин ) :baeh: доколку се дуплираат парите неговата половина ќе му ја вратам , а со другата ќе го соберам друштвото и ќе ги частам додека не ги потрошам парите од другата половина хахах ,секако се во зависност од тоа колку пари има ... но доколку ги изгубам тие пари што ќе ги вложам во кладилница на здравје не се мои :zlo: секако документација по анонимен пат ќе оди кај сопственикот , но парите во кладлиница :smir:
 
Замислете вие да го изгубите со документи и пари како би се чувствувале?
Мене ми го украдоа паричникот и кога видов која процедура е за одјава на лична карта и возачка ми дојде да плачам.Среќа некој човек го нашол празен со документи и ми го врати. Ретки се добрите луѓе,но сеуште постојат.
На одмор најдовме фотоапарат на плажа. Незнаевме на кого е и по сликите внатре ја баравме куќата. Кога ги најдовме, сопствениците плачеа од среќа. Паричник немам најдено,а и да го најдам ќе го вратам.
И ја би го вратил празен со документи.
I know im evil, but i dun really care.
 
парите би ги инвестирал во добротворни цели ( Кладлиница ол ин ) :baeh: доколку се дуплираат парите половината ќе му ја вратам на сопственикот , а со другата ќе го соберам друштвото и ќе ги частам додека не ги потрошам парите од другата половина хахах ,секако се во зависност од тоа колку пари има ...

Ееееееее коцкарош бе,јас мислев стварно ке ги дадеш во Црвен Крст а ти во кладилница,а да ги делиме јас и ти или циција ке се праиш оти во кладилница може да ги загубиш,а вака сигурно ке имаш еден дел :icon_lol:
 
хахахах нема да губам мои пари , а ако добијам па и сопственикот ќе се благослови можеби ( ако не се предомислам се да земам за мене :kez:) , но и твојава идеа не е лоша сепак сигурно си е сигурно ;)
 
Не би го зел, не ми требаат такви пари.

Еднашка најдовме паричник, го најдовме сопственикот и не ни даде ништо, не дека го направивме тоа за да ни даде , но така е адетот нели.
 
Хаха се чудам колку сте расипани еј!! :) No hard feelings али јас ако најдам паричник без разлика колку пари има во него, без размислување ќе го вратам кај сопственикот.
 
Немам најдено паричник, но ми се има случено да го загубам мојот и да ми биде вратен. Тоа беше минатото лето знам дека до дома дојдов со такси и кога сум излегувала од колата паричникот ми испаднал. Само што влегов дома некој заѕвони, беа две дечиња од маалото. Ми го подадоа паричникот, искрено се изненадив јас сеуште не бев ни приметила дека го нема. Знам дека во него сликичка, лична карта, картичка и околу 150 денари. Тие и ги дадов на децата ме изненадија што го вратија. Инаку кога јас би нашла паричник доколку знам на кој ќе го вратам.
 
Замислете вие да го изгубите со документи и пари како би се чувствувале?
Мене ми го украдоа паричникот и кога видов која процедура е за одјава на лична карта и возачка ми дојде да плачам.Среќа некој човек го нашол празен со документи и ми го врати. Ретки се добрите луѓе,но сеуште постојат.
На одмор најдовме фотоапарат на плажа. Незнаевме на кого е и по сликите внатре ја баравме куќата. Кога ги најдовме, сопствениците плачеа од среќа. Паричник немам најдено,а и да го најдам ќе го вратам.
Мене сакале нејќеле ќе ми го вратат, шо ќе им е, и онака појше од 100 денари неам никогаш внатре.
 
Боби[Мкд];4223929 напиша:
Мене сакале нејќеле ќе ми го вратат, шо ќе им е, и онака појше од 100 денари неам никогаш внатре.

За малце пари не вреди ни да ти се врати,поголеми се шансите да ти го вратат ако имаш малце повише.
 
Како бе работите кои што сум ги изгубила не биле пронајдени од некој од вас :pipi:
 
Имам најдено 3000 денари, не во паричник ( но исто е нели ? ) уште во средно ова прва или втора година, во нашата училница имаа час еден клас од четврта година, па малку се распрашав со помош на класниот чии се, и испадна дека се од едно девојче кое застапувало Oriflame ми се чини...
ми викаа твоја среќа биле, е да, но едноставно не сакам да сум среќен на туѓа несреќа...
не е баш паричник на улица, но сметам дека е нешто слично нели :)
 
Ја ќари ли барем женската? :pos:
хмм ако се брои наоѓањето понешто ситно од улица (10ки 50ки) тогаш ќе кажам ја неам таа среќа. Инаку имам по дома наоѓано подзагубени паричници - поттикнат од наградата и мрзата на моите да побараат подетално низ куќи.
 
Не, тешко таа работа, а читаш и постара беше ( не дека се правдам :pos: ) а и не го правев ова за да ја ќарам, не ни знаев чии се кога тргнав да ги враќам...
како и да е и ден денес ме поздравува каде и да ме види... (утешна награда :pos: )
 
EDEN vic vo kontekst na temata

odi nekoe bate po pato i nasol novcanik poln so pari.....i se javuva kaj laze na radio 105 i mu vika ..laze najdov novcanik...i so mu vika laze...abe ima vnatre 1000 evra...epa so mu veli laze ....abe ima vnatre i 1500 dolari...e dobro de i so ...epa eve ima i licna karta na mile petrovski...e dobro de kazi so ...epa ako mozi edna pesna za mile :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom