Паричник на улица

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Во пеески или во стотки да се милионите?

Во педенарки. :tv:

Иначе ако има нешто плус во новчаникот би го вратил, а ако се само пари би го земал.
 
Имам неколку пати најдено пари загинати кои нормално си ги истрошив, пошто не се “потпишани“ дека се од некој па да им ги вратам , а со паричници, во скопје се дешавало тоа најпоќе.
Идам за на работа јас успан и само по пат се мислам дали да земам за јадење нешто или цигари, и пред мене се испрчи еден наполнет новчаник. Го зедов, и го отворам по пат глеам документи, кредитна картица, ливче од спортска, лична карта возачка итн, внатре банкнота од 500 евра и 2-3000 денари имаше. Ја цел пресреќен и не знам веќе шо да праам го напикав во најдлабокиот џеб паричников и кулирам сеа со париве шо ќе праам и се осеќам како би било мене да ми загинат парите и ми дојде некое лошо чуство као да сум напраел нешто неубо, и после работа, такси и правец кај типот. По адресата лесно успеав да го најдам и ѕвонам излегува еден со изнервиран сурат на него, и ми вика: Кажи? И го прашувам фино културно вие сте Лазар овој јас сум... денеска поминавте низ карпош 3-ка? И овој зачудено поминав зошто? И му кажувам, дали ти недостика нешто во џебот и овој: Па изгубив денес новчаник и ме гледа зачудено, му кажувам го најдов вак и вака еве го со се документи целосно паричникот освен шо истрошив 300 денари за такси цигари и еден сок :) и типот среќен ме гушка ме собра кај него и ме частеше кафе и добив бакшиш 1000 денари од него и ден денеска си живееме добро и коа идам скопје се дешава да си играме “гости“ поради доброто пријателство што го стекнавме.

И после ова случка сфатив дека некогаш парите ќе дојдат од небо, но исто и ќе заминат, ама вистинско пријателство и добриот гест никогаш не се заборава.

Е сеа друга случка со паричник, наоѓам втакси паричник приближно 15 000 денари а може да имаше и повеќе и сеа нормално ќутам и слегувам дома во паричников ниту лична карта ниту никаков документ туку само сим картичка. И ја ставам на моб сим картичката, гледам во именик броеви и имаше еден “дома“ пишано, и зазвонав на него, здраво здраво ова она, дали денес некој се возеше од вас во такси 15 95 и типов не ми вика не се возевме, зошто? Онака велам информативно и почна да пцуе и ми го спушти телефонот. Е реков пиздати материн и ја скинав картичката и парите ги истрошив за секакви глупости, пошто случајни пари случајно ќе си заминат :-)

И трета случка со паричник, исто така на одмор во улцин црна гора. Одиме на плажа и пред плажата паричник задебелен и тоа добро. Јас не го забележав ама девојка ми го забележа и го грабна и заминуваме директно во првиот кафич и јас во ве-цето го отворам внатре полн беше пари и по личната карта видов оти е на некој од улцињ само овој пат не одев да го барам туку случајно ме најде, седевме ние надвор и поминува постар човек и прашува дали сме виделе паричник изгубен полн документи итн, и јас станав фино лепо му го дадов до цент како што си беше и типот среќен и весел си замина со паричникот и ни бакшиш ми остави ниту ништо само едно “Хвала“ и тоа беше се :-)
 
Иам најдено дома пред двор... пред пола година негде. Го зеам, го пикнав вџеб, право дома отварам внатре и шо ќе виш... огромни пари некој 2000 евра можда и некој 5-6 илјадарки наши... и сеа шо да прам, отварам од другата страна, лична карта, возачка, работна виза за италија, некој визит карти, 2 кредитни... и го оставам така на маса, излегвам надвор за нашкола и глеам 2-3ца тука се мотаат... И здраво шо како, ти си овој... и го најдов чоекот, ми рече чувај се пари се само дај возачката личната карта и работната виза... ама ја му го вратив цел :) сепак се осетив фино со надеж дека некогаш ја да загинам (шо не носам паричник никогаш се ми е по џебој) ќе го врати некој :)
 
Море сега да најдам некој новчаник полн со пари, како убаво би ми дошол...
 
Паричник неам најдено до сеа.. Неколку пати ми се има случувано да си најдам 50 или 100 денари на земјата и да си ги зеам.. А последен пат бев со два другара и најдовме 800 и кусур денари на земја.. Од местото каде што доручкувавме одевме кон школото на крајот на големиот одмор и многу деца поминаа од таму.. Парите на кој му имаа паднато појма неам, знам само оти си ги поделивме.. :):)
 
Новчаник како новчаник никогаш не сум нашол, damn it.
Еднаш киднавме со другар од еден час, и демек ај порано да идеме да јадеме, и на пат најдовме едно женско „новчаниче“(не беше ни новчаниче, нешто ко за шминки, што ти ја знам), и внатре 2000ки и ништо друго. И така убаво си се најадовме, и повеќе од тоа што планиравме :)
 
јас имам и губено и наоѓано, па ќе му дојде да сум ни ќар-ни зијан
 
кај живееш ти што најде новчаник со 2к евра ...кажи онака да правам прошетки кај вас у маало....

- читам темава и се чудам...како успевате бе да најдете, јас или многу гледам лево десно манијачам па не спуштам поглед у земја, или неам среќа да налетам на нешто такво
 
Луѓето кои враќаат новчаници или на литерА - турно паричници, или имаат многу пари в џеб или се луди.
 
Би го вратил. Мислам дека нема аир од туѓи пари...
 
Имам најдено нешто ситно пари на земја како дете, по 200-300 денари. Убаво ми се нашле за флипери и благо. Али нормално, тие пари немаа име и презиме, па мораа да се потрошат :)

Паричник сеуште немам најдено. Да најдев порано кога не знаев колку тешко се печалат пари, ќе ги стопев без око да ми трепне. Сега најверојатно би го вратил доколку има некаков документ кој би ме однел од несреќникот. Ем за парите, ем за документите. Како што се печалат пари тешко, уште толку потешко се вадат документи во Македонија. Секако дека сакам да најдам пари и да ги земам. Но, нејќам да најдам паричник со пари и документи затоа што не знам како би излегол на крај со совеста :)
 
Летото ми загина паричник со 3000 денари и документи, никој нит се јави ни ништо, барем документите да ги оставеше, го барав но залудно.
 
Ептен незгодна ситуација е ако најдеш паричник без документи. :/

Не сакам да се најдам во ваква ситуација затоа што премногу ми е глупо. Поточно, ако во паричникот има документи и видам на која адреса живее сопственикот, го враќам. Два пати имам најдено паричник и го имам вратено на сопственикот. Никогаш не сум задржала за себе затоа што ќе имам грижа на совест. Тоа е, таква личност сум, нема да можам да спијам. Плус од кога почнав да заработувам сама, од пред некое време, уште повеќе сфатив колку е тешко да се заработи а и колкава би била маката ако се изгубат тие пари :/
Не сакам да ми се случи да најдам паричник без документи зошто не би го зела ни под точка разлог како прво а како второ, ако го оставам, друг ќе го земе и ќе си троши пари кои на некој човек можеби му се планирани и штедени и милион други работи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom