Паричник на улица

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Абе 100 денари не сум најдил а не па новчаник :) :) Туку загубив во хотел како новчаник она шо се врзува на половината со 50 евра и телефон за среќа некои го пријавиле на рецепција па се беше внатре. А ако најдам одма ќе го вратам.
 
Немам среќа во тие работи. Никогаш немам најдено .. Но и ако да се деси да најдам, 100% ќе биде празен. -.-
 
Јас еднаш кога си идев од чаршија си најдов 300 денари, пошто незнаев од кого беа... си ги зедов.
А иначе да видам на некој да му падне паричник, прво би видел колку пари има во него... а потоа ќе размислам дали да му кажам на човекот (искрено). :toe:
 
Комотно отварам паричник, земам парите и без да погледнам легитимација го џиткам останатото. Кој ќе го види после паричникот празен нека го прати на газдата.
 
Еднаш најдов празен со лична карта го вратив,а другпат со 11 000 ден. и ги земав парите а новчаникот го запалив.
 
Еднаш најдов еден празен беше(некои картици имаше внатре, слободна за автобус) се јавувам на таа шо го изгубила да и го вратам, доаѓа со маж и' и почињаат да ме испрашуваат двајцата, да не случајно сум го испразнил па им го враќам :\ , откако се уверија дека не сум проаѓал низ цел тој непотребениот труд ми дадоа бајати наполитанки и 100 грама кафе во знак на благодарност.

Да најдам веројатно би го дигнал, мали шанси се да вратам, ама на тие двајца скотови да им го најдам пак, им го земам па мајка Јана нека е, празен да е пак, ни картици ни бутур нема да видат !
 
Вака размислувам,се е до ситуација,јас еднаш без динар наоѓам 1 000 денара и си ги зиам.Ако би нашол новчаник и имам адреса а има и пари си ставаш на кантар дали имаш срце да вратиш а има ризик и да не ти кажат фала или што кажа еден да те нападнат.Според мене земи си 10% и пушти им го преку пошта:)
 
Не ми се случило паричник да најдам до сега,имам најдено неколку пати пари на улица само.Но кога би нашла доколку има документација од сопственикот без размислување би го вратила.
 
Најдов еднаш кутија West со 400 ден. во неа и тикет спортска.Цигарите ги испушив,парите ги потрошив,тикетот ме зезнаа две утакмици.
 
Низ улиците на Дебар се шетавме и братучетми бидејќи има среќа во гзот. Во едно ќоше најде паричник со 300 евра:nesvest:имаше и лична карта внатре,но си ги задржа парите а останатото го фрли.
А и не верувам дека некој ќе врати пари ако знае чиви се.
 
Никогаш не би го задржил за себе па нека има и милиони евра во него.
 
Во пеески или во стотки да се милионите?
Хехе звучи клише ама во најголемите да се не би ги земал за себе... и самата изјава звучи себично ама нема лезет од туѓо едноставно нели... :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom