Парадоксот на математиката

  • Креатор на темата Креатор на темата Теодор006
  • Време на започнување Време на започнување
Си седев еден ден и си размислував, дали 1 е нешто или ништо. Излегов со вакво размислување....
Сите се сложуваме дека бројот 1 има некоја вредност, едно јаболко, едно парче леб и.т.н.. Додека пак, бесконечноста е, всушност беконечна! Но, ако бројот 1 има некоја вредност, тогаш тој сигурно завзема некој ептен минијатурен дел од бесконечноста. Ако бројот 1 завзема некој дел од бесконечноста, (земам за пример, за полесно пресметување) пример, 10% тогаш бесконечноста го губи значењето, бидеќи, таа станува можно да се пресмета. Малку пореално, ако googol (1 следен од 100 нули) завзема нешто од бесконечноста, пример 1*10^1000000%, тогаш пак ја имаме способноста на пресметување на бесконечноста... Значи од ова можат да се земат два заклучоци:
-Сите броеви, сами по себе се бесконечни за да постои бесконечноста...
-Сите броеви се едно ништо, затоа што со нивното постоење како што ги разбираме, се уништува можноста за постоење на бесконечноста.
Но ова второво, создава уште еден парадокс, ако сите броеви се ништо, тогаш и бесконечноста е ништо, затоа што е направена од сите броеви што постојат. Ако е така, тогаш и бесконечноста не е бесконечност.....
Чекам ваши размислувања....;)
Не ти ги сфаќам баш претпоставкиве али ова го сфаќам:

http://kolibka.com/download.php?mid=8411

;)
 
пред некое време ги зезав другарчињата на моите омилени теми (читај религија) со оваа задача, па некако ми се гледа дека можам да ја применам и тука.
дали е возможно да се добие збир од сите природни броеви? и ако ДА, колкав ќе биде тој број?
темава е интересна и може да се дискутира на повеќе нивоа, ................ да видиме кај ќе не однесе(y)
 
Како што кажаа @Благоев @Смрт за зони и пајак воз. погоре, броевите немаат вредност, броевите претставуваат вредности.

Основната грешка што ја создава оваа дилема е мисконцепцијата дека броевите имаат вредност.

1. Бесконечноста е создадена од конечни броеви што е невалидно пошто секогаш можеш да додадеш +1;
2. Сите броеви се бесконечни што пак би било грешка пошто ако собереш два бесконечни броја треба да добиеш нешто повеќе од бесконечност што ја побива првата особина на бесконечност на броевите;
3.Сите броеви не претставуваат вистинска вредност што значи дека секој број во однос со секој друг треба да дава 0 што пак не е така.

Тука е важниот дел, броевите немаат вредност, ама претставуаат некоја реална вредност.

0 и бесконечност не се броеви иако 0 та ја рачунаат за природен број, технички е број, ама не претставува никаква величина која е мерлива..
Математиката е јазик со помош на кој се покажуваат природните појави и нивните меѓузависности како на пример во физиката/хемијата и други науки.

Ама математиката сама по себе не е претстава за никаква „вредност“ која објективно може да се измери или покаже.

И да не се повторуваме, мислам дека ова е најсоодветниот одговор на прашањево. :)
 
Последно уредено од модератор:
Леле немој да почнуваме за нулата :vozbud:
Нулата е една, имаш повеќе бесконечности. Нулата ти е господ меѓу бројките.
 
Збирот на сите природни броеви до бесконечност е -1/12. И не, не е тролање.

http://en.wikipedia.org/wiki/1_+_2_+_3_+_4_+_⋯
знам, но другарчињата не знаеја, па им го дадов тој доказ. ги збунив комплетно :P
е сега, да се навратиме на темава, ако е можно да се одреди збирот ............... тогаш зошто да не е можно да се одреди и бесконечноста? или пак процент од неа?
факт е дека бројот сам по себе нема вредност, а се преставници на некоја реална вредност.
науката веќе ја ставила по “контрола“ бесконечноста, а вака одделно гледано бесконечноста нема сврха.
 
Имате некој документарец или нешто слично за ова, позбунет сум од кога го прочитав...
 
да ги проверам известувањата (60+), па за едно 2-3 саати ќе ти поставам линк.[DOUBLEPOST=1402085993][/DOUBLEPOST]link 1
link 2
искрено, вториот е поинтересен за гледање, позабавен е, особено ако не си математичар.
 
Имате некој документарец или нешто слично за ова, позбунет сум од кога го прочитав...
Еве само кликни на линков и ќе ти се отвори за спуштање, кај да го зачуваш филмот. Од продукцијата на ВВС е така да нема промаш кај нив.[DOUBLEPOST=1402140870][/DOUBLEPOST]
Како што кажаа @Благоев @Смрт за зони и пајак воз. погоре, броевите немаат вредност, броевите претставуваат вредности.

Основната грешка што ја создава оваа дилема е мисконцепцијата дека броевите имаат вредност.

1. Бесконечноста е создадена од конечни броеви што е невалидно пошто секогаш можеш да додадеш +1;
2. Сите броеви се бесконечни што пак би било грешка пошто ако собереш два бесконечни броја треба да добиеш нешто повеќе од бесконечност што ја побива првата особина на бесконечност на броевите;
3.Сите броеви не претставуваат вистинска вредност што значи дека секој број во однос со секој друг треба да дава 0 што пак не е така.

Тука е важниот дел, броевите немаат вредност, ама претставуаат некоја реална вредност.

0 и бесконечност не се броеви иако 0 та ја рачунаат за природен број, технички е број, ама не претставува никаква величина која е мерлива..
Математиката е јазик со помош на кој се покажуваат природните појави и нивните меѓузависности како на пример во физиката/хемијата и други науки.

Ама математиката сама по себе не е претстава за никаква „вредност“ која објективно може да се измери или покаже.

И да не се повторуваме, мислам дека ова е најсоодветниот одговор на прашањево. :)
За точка 2:

Не можеш боревите да ги условуваш како “бесконечни“. Тие самите по себе си се конечни било дали се пишуваат со една, 5 или 10 000 цифри. Она што е бесконечно е нивното множество ;). А имаш неколку типови на бесконечности. Изгледајте го документарецов шо го нудам, ќе ви се разјаснат доста работи.
 
Еве само кликни на линков и ќе ти се отвори за спуштање, кај да го зачуваш филмот. Од продукцијата на ВВС е така да нема промаш кај нив.[DOUBLEPOST=1402140870][/DOUBLEPOST]
За точка 2:

Не можеш боревите да ги условуваш како “бесконечни“. Тие самите по себе си се конечни било дали се пишуваат со една, 5 или 10 000 цифри. Она што е бесконечно е нивното множество ;). А имаш неколку типови на бесконечности. Изгледајте го документарецов шо го нудам, ќе ви се разјаснат доста работи.
Абе не кажувам ја дека броевите се бесконечни. На почеток на темава типот што ја отвори пиша дека или сите броеви се бесконечни или се еднакви на 0...

Ја у точка 2 му разјаснувам зошто тоа не држи вода.
-Сите броеви, сами по себе се бесконечни за да постои бесконечноста...
-Сите броеви се едно ништо, затоа што со нивното постоење како што ги разбираме, се уништува можноста за постоење на бесконечноста.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom