Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Инаку моево е нарцис само пред огледало стои!:)

Има ама не ја сака многу. А нормално ли е да се качува како лудо по кафезот и да го гриза цело време:icon_lol:

А и првите денови не ме гризаше ако го галам а сеа да, онака пополека нормално не боли..нешто исплашено е или не ме сака:cry:.

А како да го научам на рака да застанува:kesa:
:) кафезот го гризе зошто сака да излезе надвор не е ненормално:pos2:, ти не си требала одма да го пуштиш да излезе, сеа мој совет е да не го пушташ нека се навикне во кафез да седи, па после одреден период кога ќе се смири пушти го
Не го гали сеа нека се подсмири малце, одма напад си извршила врз него:wink::), уште е исплашено чим те гризе.
 
Јас имав едно малецко папагалче порано, тигрица мислам дека се вика расата.Беше пуштено од претходните сопственици, слета кај тетка ми на тераса и таа ми го даде мене.Беше многу добро и воспитано.Шетавме низ двор со него, ни чепкаше во јадењето и викаше како си.Првпат кога го слушнав тоа бев ептен изненаден.Почина од смрт:pos:
Не стварно, беше многу старо и му дојде време за да си оди.Баш ми беше жал за него.А овој токмаков дома, ни 2% нема од манирите на тоа сонце.
 
е аман бе низ двор?
Со ланец да не го шеткавте?:wink::)
Oзбилно и јас имав едно припитомено и викаше здраво, ама ми избега кога го остаив надвор, нескајќи ја заборавив вратичката отворена од кафезот!
 
еве за совет при купување на папагалче(тигрица)
http://www.lisashea.com/petinfo/articles/bird_buying.html

грижа за ново папагалче
http://www.lisashea.com/petinfo/articles/bird_caring.html

еве нешто и за тренинг ( како да дојде на рака и сл.)
http://www.lisashea.com/petinfo/articles/bird_hand.html

и како да си го решите проблемот ако вашето папагалче ве каса
http://www.lisashea.com/petinfo/handtrain/biting.html

Се надевам ќе ви помогнат:smir:
 
Ќе пробам да го преведам само првиот дел денес, ако имам време и повеќе :)


Купување на папагалче

Папагалот е перфектно милениче за сопственик-почетник. Грижата за нив е многу лесна. Многу се интелегентни и можат дури да научат како да зборуваат. Исто така, не се многу скапи.

За почеток, купете папагалче од угледен (ценет) трговец. Не купувајте болно папагалче кое ќе ви умре додека да го донесете дома. Ако можете да си дозволите "hand-raised" папагалче (најверојатни тие се од поголемите), тие ви се најдобри. Тие ги сметаат луѓето како свое "јато", и брзо ќе научат да се качуваат на вашиот прст, да зборуваат, а исто така се и многу дружељубиви. Доколку неможете да си дозволите вакви папагали, земете си "bin-o-budgies" папагали (најверојатно помалите раси како нимфите), но имајте на ум дека ним им треба повеќе време за тренинг, а можеби и никогаш нема да научат да зборуваат или да бидат мили.

Кога бирате папагалче, гледајте тоа да биде дружељубиво и "живо" *. Не го избирајте она кое "заспано" седи на дното на кафезот. Изберето го она кое ѕрнка со ѕвончето во кафезот, и кое ве гледа со интерес. Исто така важно е да изберете младо папагалче кое сеуште е прилично чувствително. Погледнете во зоната над неговиот нос. За да знаете дали е младо, треба да има многу црти (над неговиот нос). Колку помалку црти има, толку е постаро.


Споредба: (помладо - постари)

nazo1.jpg
-
santpint_9911.jpg



Пред да го донесете дома, погрижете се да ги имате сите потребни предмети. Не сакате вашето папагалче да седи со саати во кутијата во која сте го донеле, додека да го средите кафезот. Па затоа пред да одите да го земете папагалче, најпрвин набавете ги соодветните набавки (кафез, храна и тн.)

*живо - расположено, распеано :)


Се надевам дека помогнав.

 
По се изгледа женско е!
Еј ама не му пуштај ти гласна музика, зошто ќе го мрднеш:):), и повеќе ти дружи го свиркај му него музика да му пушташ.:)
Купи му сипина коска ако нема, и неа ќе ја гризе, исто и ти maca_kaka :) за да не гризе глупости.

Колку време да му свиркам на тој папагал да се припитоми?
 
Грижа за ново папагалче

Најпрвин помисли на твојот прв школски ден. Не беше страшно ? Не знаеше никој и не знаеше што да правиш. Истото е и со малата птица. Уплашена е, се е ново, и нема каде да бега. Најпрвин научи го дека кафезот е сигурно место. Стави го кафезот каде што ти најмногу го поминуваш твоето време, не во некое ќоше во кое луѓе минуваат само кога треба да одат на спиење. Ако си најчесто во кујната, стави го кафезот во кујната, ако си во собата со компјутер, стави го таму. Но стави го во ќошот на таа соба каде што може и да гледа и да слуша се што се случува, и да се осеќа сигурно. Можете да ставите и завеса околу кафезот за да се осеќа уште посигурно. Исто така завесата го штити од промаја.

Избегнувај ги гласните звуци. Зборувај нормално, за да папагалчето не се исплаши од тишината. Папагалите стануваат параноични кога е апсолутна тишина, бидејќи во дивиот свет, тоа значи дека некој предатор е во близина. Па затоа пуштај потивка музика, зборувај му тивко, за да сфати дека нема да биде изедено. Тоа ќе почне да го испитува кафезот, можеби и ќе почне полека да јаде и да пие вода. Тоа ќе го истражи неговиот нов мал свет, и ќе сфати дека и не е толку лош.

Откако папагалот ќе го препроди стравот, "потсети" го дека ти си дел од неговиот нов живот. Не го прогонувај во кафезот и не прави гласни звуци, туку зборувај му нежно. Кажи му дека е добра птица, убава птица.
Овие зборови ги учат многу лесно.
Ако твојот папагал порано бил " hand raised", можеби веќе е подготвено да ти стои на прстот, но ако имаш "bin-o-budgies" папагал, процесот ќе биде подолг.
Па наредните неколку недели фокусирај се само на ова, бидејќи ова е клучот.

Кога веќе ќе го научиш да стои на прст, можеш да го пуштиш од кафезот. Осигурете се дека сите врати и прозорци се затворени.
Птиците обожаваат да летаат. Па веќе кога ќе знае дека кафезот е сигурно место, и дека твојот прст е сигурно место за "слетување" нема да има проблеми само да си влезе во кафезот.

Уживајте.



И дај некој нека објасни што е тоа hand-raised и bin-o-budgies птици!

 
Hand-raised се мисли на одгледувана/дресирана птица,а bin-o-budgies изгледа е обратното.
 
Јас чував папагалчиња како дете, ми беа дел од детството со нив поминав цели 11 години, живееа повеќе отколку што предвидуваат дека можат да изживеат.
Треба нон-стоп да им се угодува, летно време обавезно треба да им створиш услови за да се бањаат, но да се внимава водата да не е премногу ладна, зимно време обавезно да се во топла просторија, кафезот да се постави кај што нема провев, обавезно треба да се во пар да не се осамени, по можност да им се сечат ноктите, сипина коска за острење на клунот и во храната да има витамини и минерали, обавезно да се пуштаат од кафез за да пролетуваат, кога ќе настинеа јас им давав прашок од капсула ампицилин. Во секој случај треба да им се посветува преголемо внимание.
 
Местење на кафезот и негово чистење:

1. Потребен е кафез доволно голем за да може папагалчето комотно да се движи во него и да има простор да може да ги рашири двете крила.

2. Стави лист хартија на дното од кафезот и секој ден менувај го.

3. Обезбеди играчки ( за почеток доволно е само да има прачка на која ќе може да стои ) и посебни садови за вода и храна.

4. Садовите за храна и вода, играчките и ѕидовите на кафезот секој ден поминувај ги со крпа потопена во топла вода.

5. Миј ги садовите за храна и вода 2 пати на ден.

6. Темелно чисти го кафезот еднаш во 3 месеци.


Нега и исхрана за папагалчето:

1. Миј го барем еднаш во неделата со вода. Исуши го со крпа.

2. Потсечи му ги ноктите кога ќе му пораснат.

3. Од време на време храни го и со овошје и зеленчук.

4. Давај му свежа вода секој ден.



На што треба плус да обрнете внимание:

1. Кафезот треба да биде лесен за чистење

2. Чувај го кафезот каде што температурата е стабилна, бидејќи папагалчињата се осетливи на менување на температурата.

3. Подобро е ветеринар да му ги скрати ноктите.

4. Чоколадо, кафе, авокадо, алкохол и грав треба да се избегнуваат

5. Папагалчето може да се разболи ако не го извадите еднаш дневно од кафезот. Знаци дека е болно се: намален апетит, намалување на тежината и потешкитии во дишењето.

6. Не употребувај сапун или други слични хемикалии при чистење на кафезот, но доколку тоа е неопходно, ТЕМЕЛНО измиј го кафезот.

7. Папагалчето никако да не е во допир со дим од цигари.

8. Доколку имате дрвена прачка, не ја мокрете, бидејќи тоа овозможува создавање на бактерии.
Kako be ke go fatis da mu seces nokti pa toa e stres za nego,znaes toa?A za banjanje isto taka toa ako saka samo si se banja ako mu stavis vodicka vo nesto ova ne e kuce ti da go banjas!
 
Kako be ke go fatis da mu seces nokti pa toa e stres za nego,znaes toa?A za banjanje isto taka toa ako saka samo si se banja ako mu stavis vodicka vo nesto ova ne e kuce ti da go banjas!

Ова не го измислив јас златна. :wink:
За ноктите е многу нормално да треба да му се потскратат, а јас моето само го поминувам со мокра крпа.

Тејк ит изи, оукеј? :pipi:
 
Преги му оставив канче со вода,како така си поигра со неа , се испласка..Ами сега појма немам за сечење на нокти?Најарно ќе е да го однесам да му ги сечат..Или како правите вие? Овој мојов нема шанси да ми даде да му ги сечам.
 
Имам папагалче и порано убаво си јадеше од храната што се купува во продавниците за миленичиња но сега јаде само трошки од леб а храната нејќе да ја јаде
Дали е добро тоа ? И каква храна е потребна за да биде папагалчето здраво ( витаминизирана, невитаминизирана, просо ... )
 
Имам папагалче и порано убаво си јадеше од храната што се купува во продавниците за миленичиња но сега јаде само трошки од леб а храната нејќе да ја јаде
Дали е добро тоа ? И каква храна е потребна за да биде папагалчето здраво ( витаминизирана, невитаминизирана, просо ... )

Можеби папагалчето се навикнало на трошките леб и затоа не ја јаде неговата храна.
Инаку мислам дека најсоодветна храна е мешавина од просо и витамински и минерални додатоци ( во различни бои се ). Ги имаш во Амазон, мислам дека 1 кг е пакувањето, а и не е скапо.
Провери си и распраша се за секој случај и за ова зашто не сака да јаде од неговата храна.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom