Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки сакам да земам тигрица, би ми препорачале ли место од каде да земам, исто и кафез и храна и сите зарзавати и колку ќе ме кошта? :)
 
Дечки сакам да земам тигрица, би ми препорачале ли место од каде да земам, исто и кафез и храна и сите зарзавати и колку ќе ме кошта? :)
Почекај април да дојде и земи си,во март почнуваат нови легла да се пилат,сега може да ти продадат од лани,но најдобро е сосема младо папагалче да си земеш што е сеуште неопитно и неоформен карактер,а не искусен.позз
 
Папагалот ми снесе 2 јајца иако се неплодни си лежи врз нив...дали да ги тргнам од кафезот или ?
 
Папагалот ми снесе 2 јајца иако се неплодни си лежи врз нив...дали да ги тргнам од кафезот или ?
Да,тргни ги оти за џабе само че ти ослаби со лежење,ќе стане агресивен и све ова.Во темница извади ги јајцата и фрли ги и гнездо ако направил земи го :)
 
хаха мене и нимфата и тигрицата наизменично ми несат јајца само што нимфата е мераклика за да ги лежи а тигрицава не и чуе :)

а изгледаат вака
160okut.jpg
 
Имам тигрица жолто-зелен , но има еден проблем.Стои цело време на едно место на површината на кафезот , му дадов храна и вода несака ништо само си седи на едно место незнам што да правам .Ве молам помогнете.
 
Епа ако си го купил денес или вчера,во текот на оваа недела неверувам да јаде.Мојот папагал пројаде дури на 5 ден :D
 
да не те плашам,можно е да се работи за болест/повреда.иначе папагалите се многу друштвени птици и понекогаш знаат да покажат фрустрација ако не се дружени .јас кога чував папагали ги оставав надвор од кафез по цел ден и буквално све што правев го правев заедно со нив-и јадење,и телевизија и све.во такви случаеви проблем е што папагалите се како мали деца и кога еднаш ќе ги збесниш,нема враќање во колосек.ќе бидат неразбрани цел живот.

битно е да им се дава разновидна храна,и мојот последен папагал(розе колинс) јадеше све што и ние јадевме(освен луто,кисело,газирано).најомилена храна му беа торти,ореви,млеко и бисквити,сок од каипинки,сусам,риба(очите прво им ги јадеше:pos:)

провери дали случајно го има фатено промаја,папагалите се болежливи животни и обавезно појди во продавница за папагали,има разни лекови од кои некои се уневерзални,делуваат за повеќе работи
 
Имам тигрица жолто-зелен , но има еден проблем.Стои цело време на едно место на површината на кафезот , му дадов храна и вода несака ништо само си седи на едно место незнам што да правам .Ве молам помогнете.
И јас мислам дека е болно
Не би било лошо да го прегледа ветеринар
Јас би го покрил кавезот да спиеи би го тргнал до секаква промаја. На папагалот му пречи термо печка или клима која дува
 
јас редовно го покривав со пешкир кога ќе дојдеше времето за спиење,а така се штитеше од промаја и настинки.пробај со лекови
 
800px-Psittacus_erithacus_-perching_on_tray-8d.jpg

Колку пари отприлика се продаваат овие папагали?
 
Колку пари отприлика се продаваат овие папагали?

Отприлика 700 евра е да го купиш. Имаше во Капиштец во пет шоп за 450 евра стар е околу 1 година и малку му е повредена едната нога, ама супер папагал е, најубаво е да одиш и да го погледаш.
 
во времето на косовската војна(1999) во ГТЦ на проземје имапе еден ваков и продавачката како антинато расположена ги имаше научено да вика `НАТО ФАШИСТИ`

инале се работи за една од најинтелегентните птици барем за зборување.има еден го викаат Ајнштајн и победува на сите такмичења нешто како X-фактор

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom