PANAMA PAPERS - The secrets of dirty money

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.510
Тие вработени ги вработуваш зашто ти требаат не дека придонесуваш за опшеството:icon_lol:Инаку би им го поделил милионот.
Така де, придонесот кон општеството е индиректен. Потребата на индивидуалецот да прави профит, креира нови работни места. Работните места се всушност последица од таа потреба. Вработуваш луѓе, плаќаш данок на државата, и на тој начин придонесуваш за општеството.

Досега не се родил некој фаличен во мозокот кој цел живот го посветил да направи милион, за после да го раздели на луѓето. :D
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.382

Болдираното е проблемот,тоа што вработуваат луѓе и имаат богатство(кое во земји како нашата го стекнале криминално најчесто)не значи дека не треба да плаќаат данок како сите останати.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
И каде се сега гласниците на апокалипсата дека кај нас се крадело на ангро, и не сме ги слушале западните политичари што ни кажувале , а било ``за наш интерес``????Види богати

Досега се најдени околу 5 имиња(едното се врти како сопственпст на една телевизија, и ако излезе уште неколку плус,...и толку. А овие веќе се бројат со 5 цифри(швајцарија над 38 000)
Нашите се во Белизе.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.069
Поени од реакции
78.291
Да, да, многу солидарно. Една солидарност што има, абе што да ти кажувам. Имаш бизнис со годишна заработка од 1 милион евра - од нив, 500,000 евра ти зема државата како данок на добивка. Секоја година. Башка други даноци.

Не е доволно тоа што вработуваш илјадници луѓе, и на тој начин придонесуваш за општеството, треба и дополнителен легален рекет да ти се удри. Кај смееш толку да заработуваш, маму ти ебем!? :LOL:
Така е. Легалниот рекет артикулиран на толку многу легални начини, не е за луѓе-господа. Што има они да се заебаваат со миљарда и триста измислени давачки, драконски казни кои селективно се применуваат, даноци и други тракатанци кои ние ги пиеме овие десет години.
Тоа е за обичен плебс. Тајкуните и политичарите не може со такви глупости да губат време. Мораат своите добра да ги стават на сигурно и да цедат од нас.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Нашите се во Белизе.

Знаеме дека кај нас се краде-но нели многумина не уверуваа дека во Европа не се влегувало така????А како? Економскиот џин Швајцарија за кои сите пишуваат и раскажуваат бајки има над 38 000 регистрирани фирми за прикривање на данок во Панама..Германија околу 20 000, па чадорски премиери, па други банки(Хипо, Сосиете...) ..фактички цел западен свет
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516

Панама, Белизе, Кипар, Островот Ман... Се тоа се креации на истиот западен свет. Сосема нормално е да ги користат. Бајките кои ги раскажуваат од втора светска наваму се проблематични. Тие искреираа цели генерации идиоти. Ама очигледно дека решиле да раскрстат со нив.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226

Во која смисла ова болдираново? Ако може малку повеќе контекст...

Не знам дали го имаш ѕирнато ова, од пред два дена е:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Во која смисла ова болдираново? Ако може малку повеќе контекст...

Не знам дали го имаш ѕирнато ова, од пред два дена е:
После втора светска, во Европа имаш генерации кои веруваат во правда, еднаквост, социјални права, розеви летечки слонови, мир и останати глупости. Предходно, луѓето биле многу поцинични, војната била нешто што се случува почесто, а моќта била многу поценета.

И таа транзиција ќе беше супер, хумана и се тоа, да не донесеше со себе и други последици. Пред втора светска во Европа имаш неколку империи од кои светот се тресе. Сега во Европа има куртон држави, кои Турција ги силува. Тие индоктринирани генерации, презедоа раководење, и од империи креираа куртони за нецели 40 години. Сега е време за обратниот процес.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.510
Болдираното е проблемот,тоа што вработуваат луѓе и имаат богатство(кое во земји како нашата го стекнале криминално најчесто)не значи дека не треба да плаќаат данок како сите останати.
Сум заборавил да ти реплицирам, Берик со цитатот ме потсети.

Делумно се сложувам, но проблемот е што не плаќаат данок како сите останати. Затоа се прибегува кон даночната евазија.

Тие "сите останати" плаќаат 10% (или ич), овие другите 40%. Демек тоа било праведно оданочување, така велат "левите во умот". Нема тука ништо праведно. Таквиот дискриминаторски однос кон поуспешните и поспособните е само казна на успехот. Ништо друго.

Не може некој да биде криминалец само затоа што го штити своето од рекетарските механизми на државата, за подоцна, доколку му биде одземено, истото да биде редистрибуирано во вид на субвенции за деветте деца на Халили Абдил Кадар.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.919
Денеска ќе се објават Pandora Papers. Викаат поголем скандал од Panama Papers ќе биде.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.919

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Пандора Паперс заслужува нова тема ќе биде доста интересно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom