Паднат хелихоптер во Струмичко

  • Креатор на темата Креатор на темата Del Boy
  • Време на започнување Време на започнување
Не сакам да шпекулирам но овие антени имаа сајли околу кои ги држат , можно е да удриле некоја од нив ако не ја удриле антаната прво :(
 
Колкави се шансите пилотот да е вработен со врски?.Како и да е лесна им земја.

Пилотите не биле деца од 15 години туку биле пилоти кои што имаат летачки стаж поголем од 35 години.

Нека почиваат во мир загинатите во оваа несреќа.
 
@HellRaiser било некое тестирање кое за жал завршило како што завршило. Сигурно не им текнало туку така да 3 пилоти + нивниот претпоставен и одговорен на цела единица исто така пилот седнат и се развозуваат над Македонија. Хиликоптерот е од оние што се за спасување и вонредни ситуации, бар за тоа му била намената, значи обично не би летале без посада ако ова не било нешто специјално што жално заврши...
 
у последните 10-15 мин 4-5 ми поминаа над кука.... видов 3 од оние транспортери со кука што се (имаат голема дупка во нив) и еве сега пред 20 сек во пишувањето на овој пост помина уште еден авион ама овај пак ко од втора светска војна да беше со перка од напред ама ногу беше зарѓавеан
Не знам од дека си али сабајле у Кочани авиончињата шо прскаа беа од оние од Св. Николе шо се, шо прскат против комарци.
 
Стварно?
Не сум знаел дека загинал...:(

Да, пред 7-8 години со синот и некои пријатели мислам. Сигурно МВР/АРМ се криви и за тоа o_O[DOUBLEPOST=1405083312][/DOUBLEPOST]Околу 10 и пол - 11 синоќа хелихоптер помина над Штип, дали е тој или некој друг којзнае...
 
Ајде вака за докториве по хеликоптериологија на формов кои знаат во каква ситуација е хеликоптерот само по тоа што можеби слушнале додека седеле во кафеана и ја слушале Цеца додека пее.

Слушате еден звук кога хеликоптерот доаѓа во ваш правец, слушате сосема друг звук кога хеликоптерот се оддалечува од вас, и слушате тотално трет звук кога хеликоптерот врти при летање.
Не можете да одредите дали некој хеликоптер е исправен само на основа на тоа што сте го слушнале, а не сте знаеле што истиот правел во даденото време.

Хеликоптерот е „нов“ за наши (балкански) услови, произведен е 2008 година, а кај нас е донесен 2010 година во одлична кондиција. Се работи за Ми-17 В5 (руска ознака Ми-8 МТВ-5) произведен во Казанските фабрики за хеликотери.
МВР располага со два вакви хеликоптери МАП-7712 кој падна вчера и МАП-7714 кој исто така активно лета. МАП-7714 е хеликоптерот кој до скоро беше во Србија како испомош во тамошните поплави.
МВР исто така располага со уште два слични хеликоптери Ми-171 Ш и уште три хеликоптери од фамилијата на Бел, од кој најстариот е произведен 1979 година.

Најверојатно се работело за ноќен тренажен лет, за што овие хеликоптери со во потполност оспособени и опремени со соодветна опрема.

Во која и да било ситуација да се лета, хеликоптерот секогаш има вклучени позициони светла. Тоа што некој не ги видел, не значи дека не биле вклучени. Хеликоптерите немаат фарови од напред, за да можат да осветлуваат каде летаат, бидејќи тоа не е потребно. При летање во ноќни услови, пилотите користат ноќни очила со појачувачи на амбиенталното светло, а нашите имаат американски и израелски ноќни очила кои се меѓу подобрите во светот.

Што се однесува до руските канти и западните убер машини, прашајте ги западњаците зошто истите инсистираа да се праќаат баш вакви машини во Авганистан во рамките на ИСАФ мисиите (не дека западните машини се нешто многу послаби, туку руските/советските се нешто поедноставни за оджување во таквите теренски услови и поефтини за набавка - барем беа пред некое време).

Mi17_Z3_MAP-7712_1.jpg

Чисто за инфо, ова е моја фотка фотографирана на аеромитингот во Битола 2011 година.
 
^

За муабетот погоре, со ова NVG се гледаат БАНДЕРИ, не па да не виделе волкава антена, којзнае што било работата

 
^

За муабетот погоре, со ова NVG се гледаат БАНДЕРИ, не па да не виделе волкава антена, којзнае што било работата


Да, ама во идеални услови. Синоќа не беа баш така идеални, а и не ми е познат теренот и позадината на истиот терен таму.
 

Не ми се верува бркоњава што прави. Абе гаду еден, да имаше ти морал наместо драми да правиш, досега 20 пати ќе имаше дадено оставка. Ама помила ти е министерската фотеља...
 
Имаат и термални камери МВР така да може руската техника да откажала за жал. Кој луд купува руска техника. Па руски коли не дај Боже
 
Имаат и термални камери МВР така да може руската техника да откажала за жал. Кој луд купува руска техника. Па руски коли не дај Боже

не треси зелени, каква врска имаат колите со воена техника?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom