Значи , чекав да се договорите дали Премиерот рече "Па добро генетски гледано несме нели мешавина од сите народи кои живееле на овој простор" или "Па добро генетски гледано ние сме нели мешавина од сите народи кои живееле на овој простор", ама на дечково кој сакаше да изконструира нешто, му текна дека може да си даде аутогол, па си ја поправи намерната печатна грешка.
И сега дефинитивно е "ние сме нели мешавина од сите народи кои живееле на овој простор".Се надевам дека нема пак да се предомислите. Еве ќе почнам со фактори:
Фактор патриотизам. Груевски го кажа тоа што го кажа, и Јас сметам дека е крајно недопустливо таква изјава да испадне од устата на еден политичар кој се декларира себеси за крајно патриотски настроен, кој претставува една десничарска опција која по статут
е народна партија, и на кој, голем дел од неговата подршка се заснова на претходните две работи.
Фактор Тајминг. Факторот тајминг, е втората работа што сакам да ја потенцирам. Изјавата е дадена во време кога сме соочени со груби опструкции од страна на сите наши соседи. Да потсетам. Бугарија не ни ја признава националноста, Грција не ни го признава името, а Србија потајно и прикриено не ни ја признава територијалноста. Колку и да е точна тезата дека "генетски гледано ние сме нели мешавина од сите народи кои живееле на овој простор", не смееше да дојде од устата на носител на највисоката функција во државава и несмееше да дојде во време кога грчевито се трудиме да докажеме на целиот свет, а најмногу на комшиите наши, дека ние сме МАКЕДОНЦИ.
Фактор перење. Неможам да разберам до која крајност може да оди голтањето и перењето на се што кажал Премиерот, а да се нема
чувство за ситуацијата во која моментално се наоѓаме (види фактор тајминг). Размислувањата на поединци на форумов, кои сакаа да ја исперат непромислената изјава, отидоа до таа граница што сосема се совпаѓаат со размислувањата на оние кои сакаат да не нема, но јас верувам дека они не мислат така, и дека само сакаа да си го заштитат лидерот. За да не се повторувам, и да не именувам, размислувањата можат да се видат на некоја страна поназад во темава.
Фактор разбирање. Ќе ја сварев некако тезата со генетиката на Премиерот, доколку наместо терминот ние сме (што значи ние македонците сме), го употребеше терминот ние балканците сме нели мешавина од сите народи кои живееле на овој простор.
фактор злоупотреба. Многуспоменуваниот поранешен Претседател на Република Македонија, Господинот Ќиро глогоров, даде една
слична непромислена изјава која дебело се злоупотребува од страна на грците, и од други, а всушност изјавата што ја дал, Јас ја немам видено во целост никогаш, па можеби и таа е извадена од контекст. Немам ама баш никаква намера да ја правдам изјавата на Ќиро, само сакам да повлечам една парарела со можната злоупотреба на изјавата на Господинот Никола Груевски.
Значи уште утре некој недобронамерен комшија, може лепо да го исече делот за генетиката, а да го остави "ние сме мешавина
од сите народи кои живееле на овој простор",па да ја качи на интернет со наслов edit by Премиерот на соседната држава, и да докажува кој е македонец а кој не е.