Озборување

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Uh, jas toas pcovam ne ogovaram .... ali razbirlivo. :)
 
hehe epa nemashe sho drugo da se prai pa nie ogovaravme :D
ama ni beshe interesno mora da priznaam
 
Факат е дека и мажите оговараат. Меџутим, има суптилни разлики со женското оговарање :
- Машкото оговарање служи за пукање сеир и размена на ставови.
- Ретко кога се „фарбаат” работите, нема многу преувеличување, мутации на болви во слонови и тоа.

За разлика од тоа, жените оговараат со цел да опајдаат некој/некоја и тоа се рачуна за активност која не се пропушта ни за жива глава, башка што спомнатите болви знаат да мутираат и во поише други животински врсти.

Е сеа, за да не ми извади очи дел од женската популација овде, еден мал disclaimer дека ова е генерализација и дека нормално има исклучоци, и знам дека имате другари/ки кои се понашаат скроз спротивно. И примам то на знаење.
 
OBDN напиша:
Kako na primer perenje casi, farbanje zidovi, praenje rucek ili neso drugo? :)
Аспидо!:pos::pos::pos:
Озборување не исто што и кис-'н-тел. Второво е за дискусија во "љубов и секс" и има простор за дискутирање дали мажите или жените повеќе го практикуваат.
Озборувањето содржи елементи на "морална осуда" кон озборуваниот субјект, во која и не сме толку сигурни, па треба да ја потврдиме во дискусија со некој друг/и. За таква работа обично ни требаат луѓе со слични "морални ставови", за да не ни се разниша хипотезата, односно да не ни се еб* муабетот. Од така искомпонираната мала дружина - овде фали уште еден збор, се излегува со финална осуда за тоа колкаво џубре е тој/таа и зошто и истата (со сите зачини, додавки, мали и големи невистини) се пласира кај се стигне.
Ваквите озборувачки кланови, воопшто не можам да ги идентификувам со сексуална припадност. Попрво би кажала дека се работи за инфериорност во однос на озборуваниот/та и генерална интелектуално-емотивна незрелост.
 
Единствената разлика меѓу мажи и жени оговарачи(барем кај повеќето) е тоа што жените оговараат само со своите најблиски другарки(никако со машко),додека мажите оговараат со кој стигнат и тоа најчесто во чопори(групно оговарање).Значи многу е поприметливо машкото оговарање од женското и многу се шири.Додека жените најчесто оговараат затворено и во нив останува.
 
HCL нема врска разликата што ја кажа ... јас оговарам и со другари ... а веќе ако оговарам и со другари, оговараат и тие со мене ... значи сите оговараме исто:icon_lol: :baeh:
 
divine напиша:
HCL нема врска разликата што ја кажа ... јас оговарам и со другари ... а веќе ако оговарам и со другари, оговараат и тие со мене ... значи сите оговараме исто:icon_lol: :baeh:
Може си во право,ама ја ти кажувам од мое искуство.Најчесто ги гледам такви две добри другарки цело време си шепкаат нешто и се смешкаат така подло,а кога ќе ги прашаш за што зборевте веднаш ти менуваат тема или викаат не е битно.Мажи ретко да видиш да си шепотат.
 
мажите не знаат да оговараат бе...а ќе отворат уста и сите ќе ги разберат...а мене ме нервираат такви машки...терај си го животот остави им го оговарањето на женските :icon_mrgr
 
Ја искрено оговарам само кога ке ме испровоцираат т.е. се надоврзувам на туѓите оговарања. Најчесто оговарањата се случуваат во фризерница (некој ке се најде во моабетов ако чита), и тие оговарања се детални. Дознаваш се што ти треба. Потребно е да дадеш информација од тип име и работно место и ке добиеш информација со кого се дружел како мал, кај живеел, кај завршил основно, каков му бил просекот и се останато.....тие што ти ги даваат информациите се женски така да, женските се поголеми оговарачи додоека и ние машките не сме цвеќиња за мирисање
 
Dimitarc напиша:
Ја искрено оговарам само кога ке ме испровоцираат т.е. се надоврзувам на туѓите оговарања. Најчесто оговарањата се случуваат во фризерница (некој ке се најде во моабетов ако чита), и тие оговарања се детални. Дознаваш се што ти треба. Потребно е да дадеш информација од тип име и работно место и ке добиеш информација со кого се дружел како мал, кај живеел, кај завршил основно, каков му бил просекот и се останато.....тие што ти ги даваат информациите се женски така да, женските се поголеми оговарачи додоека и ние машките не сме цвеќиња за мирисање
:music3: Toчно! По фризерниците најмногу се оговара, на жените не можеш уста да им затвориш, некогаш дури и непријатно ми паднало додека зборувале за некој кој не го ни познавам!

Најмногу мразам кога некој оговара пред мене некого кој не го ни знам. Па добро бе, не се прашуваат тие дали баш таа личност не ми е роднина, пријател/ка или нешто блиско? Свашта!
 
Јас имам еден комшија оговарач.Сите жени што ги познавам не му се рамни.Типот е толку занесен дека е нај добар од сите и по цел ден ја шета зградава од стан до стан и зборува глупости.

Пошто јас не сум докрстена,еден ден партал го направив.Ми се смачи да го слушам повеќе и го избркав,а сега уште повеќе ме оговара по комшиите,ама јас гајле немам.
 
Ви се зборува за оговарање? Темава кога ја отворив беше наменета на мажите оговарачи, но дали сметате дека со жените не можат да се токмат?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom