Сум била во женско друштво и во машко друштво. Со другарките најчесто разговараме за врските, за останатите машки (во кои не сме во врска), за мода, за филмови, а кога ќе сум се најдела во машко друштво тие зборувале за формула 1,фудбал, кладилници, (од таму моето генерално познавање на спортот

, за коли, за политика), за женски ретко зборувале (можеби им било срам пред мене), но се случувале и за тоа да зборуваат и притоа да ме прашаат за некој совет.
Но не можам точно дали можам да издвојам кој е поголем озборувач, дали машкиот пол или женскиот. Се е индивидуално и зависи од личноста. имав едни колеги кои беа пар, па и тој и таа беа невидени озборувачи. Ај за неа ќе речеш женско е, во ред (како што викаш, женските како жени го носат епитетот озборувачки

), но тој, нејзиниот дечко беше невиден озборувач (како за машко), за се и сешто озборуваше, па останатите машки во друштвото го зафркаваа.