Озборување

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Дали мажите повеќе оговараат од жените?!

На сите добро ни е познато дека жените оговараат сто на саат, за све и свашта, од битни до небитни работи... Но, некои истражувања покажале дека мажите се поголеми оговарачи од жените. Не секој муабет на мажите е за коли, јаки пи*ки, гејмање и слично...Во мое друштво, сите машки ( во кои спаѓам и јас), знаеме понекогаш добро да се најадеме гомца за друга личност. Па ме интересираат вашите мислења на темава?
 
Поголема глупост јас во живот немам почитано, жените оговараат со 200 на саат,лично не верувам дека ке се сменат улогите од секад било така.Ама пак си ги сакам :smir:
 
Оговораат (т.е. оговараме), кај нас тоа е мода (во Охрид е и професија наречена:"чашитвење" кој со кого, зошто, како, кога, каде :))
Мислам нормална работа за наши услови, нема од што да се срамиме тука. А дека мажите повеќе оговараат од жените, сепак е релативно, зависи кој како гледа на тоа (од машки или од женски агол).
 
Јас си оговарам бајачки, но никој не може да се рамни со жените :) хехехе
 
Сме си го зеле делот сите, ама да не се залажуваме дека само ние Македонците озборуваме, секаде низ светот, во сите социјални кругови се озборува, тоа е сосема човечки, ама лошо е кога е со зла намера,кога се сплеткари.
 
Дефинитивно мажите оговараат повеќе од жените...(ама не викам дека и жените се цвеќе за мирисање)


Проверено :icon_mrgr

:back: :helou:
 
жените оговараат многу повеќе од мажите тоа нема шанси да се смени а и како пример ќе наведам тоа шо се случува во преживеан баш гледајте растураат жените:vozbud:
 
Хах.. жените оговараат повеќе тоа е факт.. Но мажите се дефинитивно полоши оговарачии.. :pipi:
 
Ајде ќе се натпреваруваме кој повеќе оговара. Немаме попаметна работа.

Македонците во глобала се огромни оговарачи и мажи и жени.
Само што имаат малку поразлични теми на оговарање.
А оговараат и тие и тие.

Сите сакаме оговарање и сите го практикуваме и тоа е тоа :pipi:
 
Не гледам лошо во тоа...си оговараме и супер ни е :vozbud:
 
Што е со темиве „Дали мажите [штоидаетука] повеќе од жените“ или обратно? Глупости.
 
Овде не го знам одговорот тоа сепак зависи од луѓето, без оглед дали се мажи или жени, но знам само дека кога оговараат жените тие шептат се кријат за да не ги слушне никој , додека мажите кога оговараат си зборат на високо ниво( колку може по глазно) за да ги слушнат ама баш сите:)
 
Жените повеќе оговараат од мажите,затоа што мажите не се добри набљудувачи и со тоа не би биле ни добри оговарачи.Не обрнуваат многу внимание на тоа што ги опкружува и си ја бркаат работичката за разлика од нас што секогаш и секаде ќе го забележиме и најмалиот детал и после тоа ќе зборуваме за него и што тој всушност значи,како треба да биде....Сепак ние жените знаеме понекогаш да бидеме злонамерни со тоа оговарање што не е толку чест случај со мажите.
Јас најискрено се трудам што помалку да оговарам ама некогаш неможам да си помогнам па си коментирам :toe:Најчесто оговарам кога ми е досадно или се исцрпеле темите за муабет,па сакам да ја живнам малку атмосферата.
Друга работа,мажите се подискретни кога оговараат,нас може од километар да не приметат дека превртуваме очи и дека се шушкаме меѓу себе.
Сите оговараме тоа е факт ама и тоа е еден начин на социјализирање:helou:
 
Жените повеќе оговараат, тоа ни е во крвта, ама мажите имаат потенцијал да не` стигнат како што тргнале, прави оговарачки станале.:smir:
 
темава вришти :)
бај д веј менталитетот ни таков... сите си алапачираме..... се додека не е злонамерно ништо страшно..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom